Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина…

1. [Фото] Во Белград, Нови Сад и Ниш пречекана новата година со 15-минутен молк

Наместо бујна прослава, на дочекот на новата година во Белград, Нови Сад и Ниш владееше една гласна тишина. Од 23:52 до 00:07 се одржа 15-минутен молк, во чест на петнаесетте луѓе кои загинаа откако се сруши настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Молкот беше дел од најновиот протест на бранот универзитетски блокади и протести кои се одржуваат ширум Србија, како реакција на несреќата во Нови Сад.

[Фото] Во Белград, Нови Сад и Ниш пречекана новата година со 15-минутен молк

2. [Галерија] 2024 година низ објективот на Радио МОФ

Во 2024-та, во сите 365 дена се случија многу работи, а со тоа и Радио МОФ продолжи активно да ги следи младинските, општествените и културните случувања во земјава.

Во продолжение погледнете го нашиот избор на фотографии направени од новинарите на Радио МОФ од протести, културни настани, манифестации и општествени случувања. Некои се направени со фото-апарат, некои спонтано со телефон:

[Галерија] 2024 година низ објективот на Радио МОФ

3. Подобар стандард и квалитет, а помалку корупција – желби за образованието во 2025

Долго најавуваната реконструкција на студентските домови „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ почнува по празниците, беше меѓу првите вести во образованието во 2024 година. Реконструкцијата навистина почна да се случува. Студентите минатата година добија и попусти во културните установи. Во 2024 година Министерството за спорт во соработка со УКИМ најави дека ќе ја реконструира демолиранта сала на општествениот кампус на Универзитетот. Беше формирано и реформско тело за високо образование чиј приоритет ќе биде донесување нов закон и проверка на работата на универзитетите. Дополнително, во своја режија студентите се организираа во Национално студентско тело каде секоја студентска организација има свој претставник. Беше отворена првата сензорна соба во средните училишта во Град Скопје. По 100 години, во 2024 беше одлучено дека скопско Драчево ќе добие основно училиште.

Подобар стандард и квалитет, а помалку корупција – желби за образованието во 2025

4. Културата е скапа, некултурата поскапа – што ни треба во 2025 година?

Во Радио МОФ направиме уште една новогодишна тема – културна желботека за 2025 година. Тргнавме да собираме ставови и желби од разни луѓе што работат во секторот култура: Што сакаат да видат во 2025 година?

Повеќе настани, свирки, изложби, претстави, дискусии…? Можеби поодговорни институции, поголем буџет за култура, нов закон, или промена на стара легислатива? Можеби ни недостасува солидарност, самоорганизираност, повеќе уметничка слобода, или нови културни пракси? Или можеби сè е ОК? Што прво им доаѓа на памет како желба?

Културата е скапа, некултурата поскапа – што ни треба во 2025 година?

5. [Видео + фото] „Скопје во солидарност со Србија“ – студенти и активисти со протестен собир ги поддржаа српските колеги

„Обидувајќи се да бидам мал дел од промената на овој систем на подобро, сфатив дека сум потонал во живата кал на неговите најлизгави слоеви. Навистина, често во последно време велев дека за да изградиш нешто во општество од кал, мораш да ги извалкаш рацете. Можеби повисоките сили решија да ги тестираат моите зборови преку ова искушение. Ми потврдија дека сè, сепак, зависи од честа“.

Со делови од говорот на студентот Бошко Ристиќ од Нови Сад, студенти и активисти на „Еквалис“ дадоа поддршка на граѓанските протести во соседна Србија, но и на младите што се бунтуваат и ги окупираат факултетите.

[Видео + фото] „Скопје во солидарност со Србија“ – студенти и активисти со протестен собир ги поддржаа српските колеги

Бонус:

[Видео] Фестивалот „Под земја полесно се дише“ одбележа 10 години

Викендов се одржа 10-то јубилејно издание на мултимедијалниот фестивал „Под земја полесно се дише“, организиран од колективот „Кула“ во DIY манир.

Радио МОФ го посети, а притоа направи видео колаж од настанот кој понуди изложби, перформанси, видео инсталации, звучни интервенции, концерти. Во него учествуваа млади уметници, но и луѓе што се дел од обликувањето на независната сцена во Македонија. Исто така, имаше и гости од Грција – колективот HCIMB (ΓΑΔΑΚ).

[Видео] Фестивалот „Под земја полесно се дише“ одбележа 10 години