Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина…

1. За справување со проблемот со текстилниот отпад потребен е систематски пристап и менување на навиките

„Текстилниот отпад се создава несразмерно брзо споредено со изнаоѓањето решенија за него, а ние не ги менуваме навиките за да го направиме потребниот притисок кон производителите на текстил. Разбирам дека требаше многу време да се соочиме со нашата одговорност кон отпадот од пакување и електронскиот и електричен отпад, но имам чувство дека овојпат не ја разбираме големината и тежината на проблемот со текстилниот отпад“.

Вака размислува Билјана Дуковска од Македонската платформа против сиромаштија (МППС). Таа верува дека веќе имаме предзнаења кои треба да ни помогнат кон овој предизвик, но смета дека има само мала група загрижени граѓани и огромна индиферентност кај останатите, кои ценат дека има покрупни светски проблеми.

За справување со проблемот со текстилниот отпад потребен е систематски пристап и менување на навиките

2. [Интервју] Skopje Collage Collective: Што и да се случи, ќе го исецкаме и залепиме заедно

Лани, кон крајот на годината, во Македонија се појави иницијативата „Skopje Collage Collective“. Најпрво можеби не беше најјасно за што станува збор, но по објавата на првиот предизвик, а по него и првите дигитални и аналогни колажи на Инстаграм и веб-страницата на колективот, на заедницата креативци и уметници им стана јасно дека овој предизвик е во својот замав и ќе трае долго. Колективот годината ја заврши со еден настан во кој 40-тина млади во сабота навечер сечкаа, лепеа и заеднички ги креираа своите колажи, а потоа, во рамки на друг креативен младински настан имаше изложба на дел од колажите кои досега ги имаат собрано. Главните виновници за креирање на една нова спојка креативни умови се Филипа Сара Попова и Марко Трпески кои ни кажаа збор-два плус за оваа нивна иницијатива.

[Интервју] Skopje Collage Collective: Што и да се случи, ќе го исецкаме и залепиме заедно

3. Драмската секција „Слободно театарче“ веќе 25 години им дава можност на учениците да ги развиваат своите театарски вештини

Веќе 25 години, драмската секција „Слободно театарче“ на средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“ во Прилеп на учениците им дава простор и мотивација за да ги покажат своите театарски вештини.

Идејата за основање на драмската секција е на професорката по македонски јазик и литература, Билјана Тинтоска. Таа за Радио МОФ раскажа дека големата љубов кон театарот ѝ било поттик да создаде токму вакво катче.

Драмската секција „Слободно театарче“ веќе 25 години им дава можност на учениците да ги развиваат своите театарски вештини

4. Еколошка желботека за 2025 година: Подобар воздух, транспорт, еко-правда и буџет за животна средина

Ова е период за желби за новава 2025 година, па собравме мислења од повеќе еко-организации и иницијативи што сакаат тие да видат во 2025-та во полето на животната средина?

Поголем буџет за екологија, поодговорни институции, поголема свест од граѓаните? Можеби нов закон, или промена на стара легислатива? Некои решенија за воздухот, храната, почвата, зеленилото, отпадот, транспортот…? Што прво им доаѓа на памет како желба?

Еколошка желботека за 2025 година: Подобар воздух, транспорт, еко-правда и буџет за животна средина

5. Избор од 10 видеа на Радио МОФ за 2024 година

Радио МОФ и минатата година продолжи интензивно да работи на создавање видео приказни кои обработуваа различни теми. Со цел да потсетиме на какви видео содржини работевме лани, подготивме листа од 10 видеа кои сметаме дека е добро да се погледнат одново.

Избор од 10 видеа на Радио МОФ за 2024 година