На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина…
1. Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година
Младинскиот образовен форум (МОФ) информира дека ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година.
„Овој настан претставува признание за долгогодишните напори и посветеност на дебатерите, тренерите и координаторите кои се дел од дебатната програма на МОФ“, соопштува МОФ.
Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година
2. [Видео+Галерија] Вевчанци ги покажаа маските на традиционалниот карневал
Стотици вевчанци на температури околу нулата попладнево ги презентираа своите маски на традиционалниот Вевчански карневал кој се организира за празникот Св. Василиј, односно Василица.
Дефилето на маски мотивирани од различни животни ситуации и оваа година привлече голема посетеност.
[Видео+Галерија] Вевчанци ги покажаа маските на традиционалниот карневал
Статиите за македонските претседателски и парламентарни избори, за Македонија, молитвата Оче наш и Свети Кирил и Методиј се првите пет најчитани за 2024 година на Википедија на македонски јазик.
Истовремено, на интернет енциклопедијата на македонски јазик лани се пребарувало и за главниот град Скопје, каталонскиот политичар Карлес Пуџдемон и претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Се читало и за Гоце Делчев, за државните празници во земјава, но и за Денот на востанието на Македонија.
4. [Интервју] Пикси, „Авторизација“: Зборот на функционерот сѐ уште е празен како нашиот фрижидер
„Секој човек што сака да дејствува надвор од шаблонот често се чувствува затворен во множество или отфрлен од колективот. На почеток смета, фрустрира, го бараш проблемот исклучиво во себе, после сфаќаш дека не е твоја обврска да се прилагодуваш на средина во која не можеш да егзистираш, и стануваш имун и послободен. Слободоумноста, афтентичноста и критичната мисла не се барани особини на овие простори“.
Навршија 11 години од „Овчеполста у куќата“, или 11 години како светиниколчани можат да слушаат хип-хоп албум на својот дијалект додека кружат низ град, до Била Зора, Ѓуриште, или ги „мава“ носталгија по ова во туѓина. Насловната песна стана своевидна химна на градот, отсликувајќи ја урбаната култура, а е рефлексија на животно искуство на Никола Јакимовски – Пикси во тоа време.
[Интервју] Пикси, „Авторизација“: Зборот на функционерот сѐ уште е празен како нашиот фрижидер
5. На 23 јануари во „Синеплекс“ премиера на филмот „Сите го викаат Реџо“
На 23 јануари во киното „Синеплекс“ во Скопје ќе биде премиерата на филмот „Сите го викаат Реџо“ со текст на Ибер Деари и Артин Селмани и режија на Ибер Деари. Настанот на филмот се одвива во селото Слупкове, фиктивно место, каде што се третираат теми од актуелната реалност на нашето општество. Односно, темата на филмот се фокусира на феноменот на миграција, што предизвикало испразнување на селото Слупкове, каде од секои 10 млади луѓе 8 заминале од земјата, а главниот лик на филмот се чувствува тажен и безнадежен.
Режисерот Ибер Деари за Радио МОФ изјави дека филмот „Сите го викаат Реџо“ го прикажува осамениот живот на работник кој нема каде да побегне од работа, во село каде што сите заминале.
На 23 јануари во „Синеплекс“ премиера на филмот „Сите го викаат Реџо“
Бонус:
[Фото] Уште една галерија од вчерашниот снег во Скопје
Падна снег и одма подруго. Се чини оти цело Скопје се крена на нозе, гледајќи да му ја „извади маста“ на снегот пред неминовно да се стопи. Снешковци во секакви форми никнаа на секое ќоше додека топки од снег летаа низ воздух. На бројни деца и кучиња, се чинеше, ова им е првиот снег.
Снегот му даде една свежа фасада на главниот град, колку-толку го расчисти загадениот воздух и го сплоти градот како што ретко се сплотува.
Иако веќе скоро сите посегнаа по своите телефони да ги споделат своите слики и видеа од снегот, од редакцијата на Радио МОФ одлучивме да го сториме истото и да споделиме избор на фотографии сликани од нашиот тим, кој тргна од Капиштец и залута во Козле.