На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина…
Иле Михајловски, одделенски наставник од Свети Николе, е еден од светилниците во македонското образование кое се соочува со разни системски предизвици и недостатоци. Со 29 години искуство позади себе, Михајловски го знаат како наставник што неуморно дава поддршка на ранливите деца, промовира инклузивно образование и воспитува нова генерација емпатични граѓани. Тоа сега е препознаено и од образовната мрежа GEMS education, преку која тој влезе во 50-те финалисти за глобалната награда за наставници (Global Teacher Prize).
Формирање на Сектор за сајбер безбедност во Министерство за дигитална трансформација, зголемени капацитети за одбранбени операции во сајбер просторот, заштита на децата и младите на интернет и зголемување на свесноста за сајбер безбедноста и за дезинформациите во сајбер просторот. Ова се дел од целите во новата Национална стратегија за сајбер безбедност која треба да се спроведува во рок од четири години, односно од 2025 до 2028 година, а која вчера ја усвои Владата.
Без активизам и критика нема да има воздух, јавни простори и култура
Граѓанските, активистичките и културолошките иницијативи се важни за подигнување на квалитетот на живот, за промените уште во маалата, општините, а потоа и на ниво на цела држава. Можеби некогаш активизмот разочарува, или иницијативите не вродуваат со плод „преку ноќ“, ама активизмот и критичкиот пристап ги менува заедниците, ги движи напред, рака под рака со самоиницијативноста и колективното делување.
Конференцијата за активно граѓанство „КритикУМ“, организирана од „Еквалис“, понуди низа теми за размислување и дискусија, преку искуства на разни активисти и културни работници – сите борци во свое поле.
Без активизам и критика нема да има воздух, јавни простори и култура
[Видео + интервју] „Големата вода“: Младите бендови не треба да се плашат од авторска музика
„Големата вода“ е нов бенд од македонската андерграунд сцена. Станува збор за исклучително млад бенд. Тапанарот има само 14 години, а другите членови се по 16, 17 и 19 години. Дополнително, тие свират заедно само неколку месеци. Сепак, тие веќе имаат компонирано многу материјал. Свират креативна мешавина на алтернативен рок, шугејз, пост-хардкор и сè измеѓу.
Радио МОФ посети една од нивните проби и направи интервју со младиот состав.
[Видео + интервју] „Големата вода“: Младите бендови не треба да се плашат од авторска музика
Онлајн медиумите и понатаму најголеми прекршители на Кодексот на новинарите
До Комисијата за жалби при СЕММ минатата година биле поднесени вкупно 84 жалби, од граѓани, институции и невладини организации, од кои во 33 случаи е утврдено прекршување на еден или повеќе членови од Кодексот на новинарите, додека во 21 не е утврдено прекршување. Најмногу жалби, како и во изминатите неколку години, се поднесени против содржини во онлајн медиумите, дури 66, додека останатите се за содржини во телевизиите и весниците.
Онлајн медиумите и понатаму најголеми прекршители на Кодексот на новинарите