Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина…

Прогнозите за домашна и здрава храна се страшни, предупредуваат младите во земјоделието

Како старее населението во Македонија, стареат и производителите на домашна храна и вино. Просечната возраст на македонскиот земјоделец е 56 години и млади земјоделци има малку. Непостоењето на градинки, старечки домови и образовни институции е број еден проблем на младите во руралните средини, потенцијалните земјоделци. Три четвртини сакаат да останат во своето место на живеење и не бараат ништо повеќе од поширока палета на образование, можности за вработување и остварување дополнителни приходи.

До овие наоди доаѓа Деспина Поповска Стојанов, истражувачка на Земјоделскиот институт во Скопје чиј фокус се младите земјоделци и руралниот развој, а моментално подготвува и докторска дисертација на оваа тема.

Прогнозите за домашна и здрава храна се страшни, предупредуваат младите во земјоделието

[Интервју] Калина Качоровска од „Култура Бета“: Не дозволуваме да тлееме во носталгија или да станеме циници, затоа што тие појави резултираат со пасивност и неутралност

На 16 февруари 2020, тројца другари седнаа на пијачка во „Олд скул“, каде го смислија првиот текст за мисијата за новото младинско здружение за креативно и културно изразување „Култура Бета“ (Култура ß). Пет години подоцна, другарите се намножија, а „Култура Бета“ меѓувремено оформи младинска заедница што функционира онлајн и офлајн. Другарите го подаваат микрофонот од еден до друг млад човек, и фигуративно и практично, за да може да се слушне стих, песна, став, критика. Се’ што треба да излезе од еден ангажиран млад човек.

„Култура Бета“ често отвора културно-социјални теми, фрла светлина врз младински проблесоци и свежи уметнички имиња, а притоа организира и собири од областа на културата. Токму еден таков настан се одржа и на 15 февруари, кога „Култура Бета“ го прослави петтиот роденден со „Сеопшт џем“, посветен од заедницата за заедницата, во кој секој ќе може да учествува како поет, како музичар, како колажер.

Токму по повод роденденот Радио МОФ направи интервју со Калина Кочоровска од „Култура Бета“. Таа објаснува за активностите на здружението, нивниот раст, желбите… но и што значи да се ослободува младинската култура.

[Интервју] Калина Качоровска од „Култура Бета“: Не дозволуваме да тлееме во носталгија или да станеме циници, затоа што тие појави резултираат со пасивност и неутралност

[Инфографик] Минатата година регистрирани 1.260.425 туристи во Македонија

Минатата година во Македонија биле регистрирани 1.260.425 туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Бројот на туристи лани се зголемил за 91.695 во споредба со 2023 година.

Во 2024 година, ДЗС регистрирала 830.179 странски и 430.246 домашни туристи.

Најмалку, односно 44.224 туристи, домашни и странски, биле регистрирани во февруари, а најдобар месец за туризмот во Македонија бил август, кога биле регистрирани 232.576 туристи.

[Инфографик] Минатата година регистрирани 1.260.425 туристи во Македонија

Македонија со пад од 12 места на Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл

Македонија се најде на 88-то место од 180 држави, според Индексот за перцепција на корупцијата, кој секоја година го објавува Транспаренси Интернешнл.

На скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, Македонија има 40 поени, односно два поени помалку од 2023 година, кога беше рангирана на 76-та позиција.

Македонија со пад од 12 места на Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл

[Став] Колку чини студирањето на Филолошкиот факултет, или за сагата на материјалните ресурси и нивната исчезната траг

Пишува Андреј Медиќ Лазаревски, студент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“:

„Кога на запишувањето на овој семестар ги платив неверојатните 15500 денари (со зборови: ПЕТНАЕСЕТ ИЛЈАДИ И ПЕТСТОТИНИ ДЕНАРИ) напишав еден нервозен и малку гневен коментар и си помислив „зар го заслужуваме овој однос?“. Зар студентите кои решаваат да останат во оваа држава и во неа да вложуваат, живеат, учат и работат, заслужуваат да бидат „пљачкосувани“ секојпат кога треба да се плати за студиите? Зар не е способен овој Универзитет и сите факултетски единици да обезбедат, еве не бесплатно туку образование кое ќе чини барем толку колку што чини еден семестар во државна односно во приватна квота (200/400 евра)? А свесни сме за многуте држави кои на своите студенти, а богами и на нашите, им овозможуваат бесплатно високо образование. Замислете! И замислете ова не се единствените прашања кои ги мачат студентите“.

[Став] Колку чини студирањето на Филолошкиот факултет, или за сагата на материјалните ресурси и нивната исчезната траг