Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина…

Зависност од автомобили „се лечи“ со одржлив транспорт и урбана инфраструктура по правила

Бројот на регистрирани автомобили во Македонија бележи континуиран пораст секоја година. Со него расте и загадувањето кое директно го влошува здравјето на граѓаните, особено на децата. Автомобилите ја загрозуваат животната средина, но и безбедноста на улиците, која граѓаните ја побараа на три протести месецов. Иако нивното здравјето и безбедност се уставни приоритети, системот гледа низ призма на пари и на врвот од пирамидата на сообраќајното првенство ги става автомобилите, отстапувајќи им сѐ повеќе јавен простор.

Зависност од автомобили „се лечи“ со одржлив транспорт и урбана инфраструктура по правила

Јаневска: Ќе плаќаме стипендисти, ама ако не исполнат договор и не се вратат во државата, тогаш го враќаат истиот износ

Владата и Министерството за образование и наука (МОН) ќе продолжат да обезбедуваат финансиска поддршка за оние што ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на некој од најдобрите светски универзитети според Шангајската ранг листа.

Конкурсите за доделување на стипендии за академската 2025-2026 година се објавени, со краен рок за аплицирање до 12 септември, со тоа што од МОН најавија нови модификации на оваа мерка, која досега на повеќе наврати се покажа како спорна и со многу недостатоци.

Јаневска: Ќе плаќаме стипендисти, ама ако не исполнат договор и не се вратат во државата, тогаш го враќаат истиот износ

Истражување на ИДСЦС: 62% од граѓаните ја поддржуваат интеграцијата во ЕУ – само 20% се согласни за промена на Уставот

Македонските граѓани продолжуваат да ја поддржуваат интеграцијата во Европската Унија, но само 20% од испитаниците сметаат дека државата треба ги направи уставните измени за продолжување со процесот, соопштија од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) кои денеска објавија две истражувања на јавното мислење поврзано со македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија и ЕУ интеграцијата во 2024 година.

Истражување на ИДСЦС: 62% од граѓаните ја поддржуваат интеграцијата во ЕУ – само 20% се согласни за промена на Уставот

Владата доби донација од 255 внатрешни аеропрочистувачи што ќе бидат распределени по градинки, училишта и болници

Владата денеска формално потпиша договор за донација на 255 системи за филтрација на воздух со компанијата „Екотип“. Донацијата е во висина од 1 милион евра, а уредите ќе бидат распределени во градинки, училишта, болници и други критични јавни установи, каде што, велат од Владата, квалитетот на воздухот е од клучно значење.

Владата доби донација од 255 внатрешни аеропрочистувачи што ќе бидат распределени по градинки, училишта и болници

Зелен хуман град: Уставниот суд да го заштити Уставот и да спречи дискриминација за кандидирање на граѓаните на јавни функции

„Уставниот суд утре ќе одлучува по иницијатива поднесена од група граѓани, главно претставници на независни листи од последните локални избори во Македонија. Нашите Драгана и Горјан се меѓу подносителите на иницијативата“, рекоа од Зелен хуман град (ЗХГ), од каде потенцираа дека со иницијативата бараат Уставниот суд да ги укине или да ги поништи измените на Изборниот законик од март 2024 година со кои драстично се зголеми потребниот број на потписи за кандидирање на независните листи на избори, додека потребниот број на потписници за политичка партија остана ист.

Зелен хуман град: Уставниот суд да го заштити Уставот и да спречи дискриминација за кандидирање на граѓаните на јавни функции