На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина…
Врсничкото насилство распространето меѓу учениците, ама малку се оние што бараат помош
Поголемиот број од основците и средношколците, односно 65% доживеале или биле сведоци на било каква форма на физичко насилство меѓу врсниците, додека уште поголем процент, околу 71% – на вербална злоупотреба. Истовремено, пак, 45% одговориле дека „секогаш“ и 40% „најчесто“ се чувствуваат безбедно во училишната средина.
Ова се резултати од студијата „За кохезивно и инклузивно општество: Холистички пристап“, под авторство на д-р Нелко Нелковски, правена со ученици од три општини: Куманово, Кисела Вода и Гази Баба.
Врсничкото насилство распространето меѓу учениците, ама малку се оние што бараат помош
Млади од Охрид преку мобилна апликација помагаат да се мапираат и исчистат дивите депонии
Неколкумина млади средношколци од ОЕМУЦ Св. Наум Охридски Охрид ја создадоа мобилната апликацијата наречена „ТрешПингер“, која од февруари е достапна на „Плејстор“. Идејата позади неа произлегла од депониите што ги гледаат во околината. Барајќи решение како да ги отстранат, смислиле апликација која ќе ги мапира, а потоа информацијата за маркерот ќе ја дистрибуираат до еколошките организации и комуналното претпријатие и заеднички ќе се организираат да ја расчистат депонијата.
Млади од Охрид преку мобилна апликација помагаат да се мапираат и исчистат дивите депонии
Не исполнуваше услови за да му се доделат средства, велат од Министерството за социјална политика за Дневниот центар за деца на улица на кој му се заканува затворање
Откако Дневниот центар за деца на улица од Шуто Оризари јавно реагираше дека три месеци функционира без владини средства и се наоѓа пред затворање поради неповолната ситуација, од Министерството за социјална политика, демографија и млади тврдат дека Здружението за заштита на правата на детето, под кое спаѓа Центарот, не ги исполнувало условите на Јавниот конкурс за да му се доделат финансии за давање социјални услуги.
Нивната претходна реакција може да се погледне на линкот подолу.
[Фото] Еко-активисти и граѓани се здружија и собраа 160 ќеси ѓубре околу Марков Манастир
Кога ќе се соберат повеќе убави и позитивни луѓе на едно место можат чуда да се направат. Марков Манастир е ослободен од 160 столитарски ќеси ѓубре и повторно личи на пикник место наместо на депонија, велат од За почиста Македонија, кои неодамна иницираа нова еко-акција.
[Фото] Еко-активисти и граѓани се здружија и собраа 160 ќеси ѓубре околу Марков Манастир
Македонија стана членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА)
Македонија стана 39. членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), соопштија од Народната банка.
„Од членството во СЕПА очекуваме бројни придобивки за нашите граѓани, компании, но и за економијата во целина. Пред сè очекуваме побрзи, побезбедни и поевтини прекугранични плаќања во евра. Ова е особено важно за македонската економија којашто се карактеризира со висок степен на трговска отвореност (еден од највисоките во ЦЈЕ) и голем обем на прекугранични плаќања. Оттаму, и потенцијалот за заштеда во трошоците, за подобрување на ликвидноста и за зголемување на конкурентноста на компаниите е голем. Секако, ова може да одигра значајна улога во процесот на натамошна трговска интеграција, забрзан економски раст и намалување на доходовниот јаз со ЕУ“, посочува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во изјавата по повод одлуката на Европскиот совет за плаќања со што нашата земја стана членка на СЕПА.
Македонија стана членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА)