На крајот на оваа недела, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на ТОП 5 вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…
Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:
-
„Им верувам на возачите дека нема да ми го загрозат животот“ – во прво лице за сообраќајната култура во Барселона
„Се чувствувам. безбедно кога поминувам улица“ е мислата која во неколку наврати ќе ви ја каже младата скопјанка Катерина Илијовска, која пред три години замина да живее во Барселона, Шпанија, за да работи на магистерската теза. Таа е дел од иницијативата Yess for less, која промовира одржлив начин на живот.
За Барселона на Радио МОФ може да се прочитаат бројни вести кои претставувале пример како се носи еден европски град со сообраќајната инфраструктура и култура. Илијовска од прво лице посведочила позитивни промени во градот поттикнати од пандемијата
-
Службеник за млади – „мостот“ меѓу младите и институциите кој не постои во бројни општини
Младиот Мартин Крстиќ е информатичар во Општина Куманово. Од 5 мај минатата година истовремено ја врши и позицијата службеник за млади во оваа институција.
Со него разговаравме во општинската сала во градот, бидејќи за неговата позиција сè уште нема канцеларија каде што работи. Оптимистично раскажува за неговата функција. Вели дека младите добиле свој партнер кој ќе биде мостот помеѓу нив и институциите. Целта на службеникот е младите луѓе да го контактираат за било каква соработка, барање, идеја или иницијатива.
-
[Подкаст] Мегафон: Секцијата за млади на ЗНМ – протест против состојбите во новинарството
„Младинската секција (при ЗНМ) не е само секција, туку е и протест против состојбите во медиумите. Само добро тренирани и високо мотивирани новинари можат да одговорат на својата работа во општеството. А, тоа е да бидат чувари на вистината. Новинарите имаат сериозна одговорност. Колку и да изгледа банално сето ова што се случува, кога граѓаните се нападнати од неважни информации, па притоа, не е ни чудно што професијата е нападната. Сепак, не бадијала не’ викаат седма сила. Ние сме единствените од редовите на немоќните кои имаме доверена моќ од граѓаните, од надзорниот одбор на општеството. Да бидеме нивните очи и уши! Ако не сме добро тренирани, ако не сме добро мотивирани, како ќе ја извршиме таа должност?“
Вака Сашка Цветковска од Истражувачката репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ) ја објаснува потребата од Секцијата за млади на Здружението на млади на Македонија (ЗНМ). Идејата за секцијата е зачната уште пред некоја година, а сега веќе таа е официјално формирана и промовирана во јавноста.
-
Етно „Зборле“, фото-конкурс и музичка изведба за Меѓународниот ден на антропологијата
Со Етно „Зборле“, изведба на песната „People are Strange“ од „The Rolling Etnos“ и бирањето на победниците од Инстаграм фото конкурсот за средношколци, насловен #НашитеСветови, Институтот за етнологија и антропологија – Скопје, реши да го одбележи 17 февруари, Меѓународниот ден на антропологијата.
Професорката Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ за Радио МОФ вели дека овие активности се спроведуваат со цел да се промовираат дисциплините, како и студиите (додипломски по Етнологија и антропологија и Менаџмент и заштита на културно наследство, магистерски и докторски), на Институтот.
-
„Не сакаме сожалување, сакаме права“ – прв протестен марш на самохраните мајки и еднородителските семејства
Дефинирање на термините самохран родител и еднородителско семејство, допрецизирање на постојаните права и нивно реформулирање, помагање на самохраните мајки за решавање на станбеното прашање, создавање механизми за квалитетно вработување на самохраните мајки, како и анализа и преобмислување на системот на социјални и парични бенефиции.
Ова се дел од препораките кои преку протестен марш на организацијата „Една може“ беа упатени до Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Преку маршот кој започна од Жена парк, од државата тие побараа и прецизни статистички показатели за бројот и состојбата на самохрани родители на национално ниво, како и приспособување и зголемување на учеството на жените самохрани мајки во општеството преку квоти.