На крајот на оваа недела, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на ТОП 5 вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…
Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:
[Инфографик] Попис 2002 vs. Попис 2021 – С. Македонија остаре и се смали
Северна Македонија последниве 20 години остаре и изгуби значаен дел од своето население. Ова е генералната слика која ја покажуваат податоците од Пописот на населението 2021 година, кои денеска ги објави од Државниот завод за статистика.
[Галерија] „Тука сме и без закон“ – Марш за видливост на трансродовите лица
Владата и Собранието веднаш да го вратат Законот за правно признавање на родот и да го изгласаат, побараа трансродови лица, активисти и нивни поддржувачи кои излегоа да маршираат во Скопје.
„Правда и сигурност за сите“, гласеше една од пораките на маршот. Негови иницијатори беа граѓанската иницијатива ТрансФормА, по повод 31 Март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица.
[Инфографик] Конечно се попишавме, а илјадници се отпишаа
По 19 години од последниот попис во 2002 година, Северна Македонија конечно се попиша. Првите податоци од пописот во 2021 година покажаа дека во земјава има 185.834 лица помалку или -9.18% од населението.
Две години по донесувањето, Законот за млади не ги испорачува сервисите за младите
Младите и младинските организации не се приоритет на државните институции, со оглед на тоа што две години по донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики, голем дел од предвидените механизми за младинско учество и сервиси за млади сè уште не се имплементирани. Исто така, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) реагира дека за дел од нив се изминати и законските рокови.
За да има едно општество за сите, прво треба да има едно училиште за сите
На речиси седум километри од Куманово се наоѓа селото Романовце. На сред село, помеѓу црквата и џамијата ќе го забележите училиштето „Св. Кирил и Методиј“. Во него наставничката Буба Поповиќ се подготвуваше за новиот работен ден…