На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на ТОП вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…
Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:
-
Летни дискотеки се жалат дека не им издаваат лиценци, МВР тврди дека не исполнуваат сообраќајни услови
Ноќни летни клубови во Скопје не добиваат лиценци за работа. Тврдат дека ноќниот скопски живот е целосно замрен а тие се обесправени, па од Владата и министерствата бараат решенија за ваквата ситуација. Од МВР, пак, велат дека се работи за неколку угостители со објекти во Градски парк, чии барања се правно неиздржани и не исполнуваат сообраќајни услови.2. [Фото] Започна петтото издание на „Beach Film Festival“ во Охрид
На отворено небо во амфитеатарот на една од најголемите средновековни цркви во регионот „Св. Софија“, десетици граѓани на 20 јули го проследија отворањето и првиот ден од петтото издание на Фестивалот за нов европски филм „Beach Film Festival“ во Охрид.3. #РаскажиМи: „Бикот со белите ракавици“ од Марија Митева
Овојпат во #РаскажиМи го читаме краткиот расказ „Бикот со белите ракавици“ од Марија Митева.
4.Отворена истрага и вонредна инспекција за Клиниката „Жан Митрев“ по сторијата на ИРЛ за експерименталното лекување Ковид-19
„Во Република Северна Македонија нема недопирливи, а одговорност, доколку се утврди, ќе има“, вака министерот за здравство Беким Сали ја заврши денешната пресконференција на која најави темелна проверка во врска со наводите дека во Клиниката „Жан Митрев“ имало бројни пропусти при лечењето на пациенти од Ковид-19, објавени во вчерашното новинарско истражување на ИРЛ.
5. Хелсиншки и МЗМП нудат бесплатна правна помош за проблеми во здравствениот систем
По премиерата на истражувачката видео-сторија „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), која откри бројни прекршувања на правата на граѓаните во здравствениот систем, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение за млади правници соопштија дека воспоставиле соработка со новинарскиот тим и дека ќе нудат бесплатна правна помош на граѓаните кои пријавуваат проблеми во здравствениот систем.