На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…
Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:
[Галерија] Приватните превозници го блокираа Скопје
Неделава, почнувајќи од понеделникот ја одбележа блокадата на скопските улици од страна на приватните превозници. Со бројни автобуси, тие ги блокираа крстосниците кај трговскиот центар „Мавровка“ односно клучката кај булевар „Гоце Делчев“ и булевар „Крсте Мисирков“, крстосницата кај Црвен крст, односно клучката кај улица „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“, како и дел од булеварот „Илинден“ од пресекот кај булевар „Св. Климент Охридски“ до булевар „8 Септември“.
Градот беше блокиран на повеќе места, се додека превозниците од 9 декемри почнаа да протестираат пред бараките на Град Скопје, на булевар „Илинден“.
Снимајте подкасти на Радио МОФ – повик за водители
Радио МОФ отвори повик за нови радио подкасти и водители!
Темата на подкастот ја избирате вие! Дајте ни увид во твоите интереси, без разлика дали тие се за технологија, екологија, спорт, музика, општествена критика или пак филмови. Бараме подкасти со стимулативна енергија кои ќе не разбудат, расположат и замислат! Повикот за емисии на Радио МОФ е отворен за сите млади луѓе, по возраст и дух, а пријавувањето се врши со пополнување на формуларот на овој ЛИНК. Краен рок за испраќање на апликациите е до 18 декември, недела, 2022 година.
[Подкаст] YouThink: Средношколците „бомбардирани“ со лажни информации додека во училиштата „фрчат“ лажни бомби
Лажните дојави за бомби во школите периодов ги збунија средношколците, но можеби уште повеќе ги збунија сензационалистичките медиумски „бомби“ и дезинформациите што доаѓаа од дел од медиумите, а се поврзани со актуелните случувања. Ова беше изразено во текот на целата пандемија.
Младите средношколци се т.н. „дигитални домородци“, живеат на интернет, а социјалните мрежи ги „бомбардираат“ со наслови кои ги скролаат многу брзо и често ги споделуваат без да прочитаат целосно некоја вест. Па и во случај кога голем број медиуми професионално известуваат, младите врсници меѓу себе си шират дезинформации и полу-вистини, или си играат „расипан телефон“.
Од друга страна, освен што македонските средношколци живеат во време на хиперинформираност, тие живеат и во време кога медиумската писменост конечно почна да влегува во формалниот образовен систем, па затоа за сите овие прашања зборуваме со Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколците и член на УРА тимот од проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.
[Галерија] Таксират #24 го размрда Скопје
На 24-та маратонска едиција на фестивалот „Таксират“ која се одржа на 7 декември во скопската сала „Борис Трајковски“, публиката се размрда со над 10 бендови и артисти.
Фестивалот беше поделен на две бини. Публиката на главната бина можеше да ги чуе Зад аголот, Sodom, La Pegatina, IAMDBB, Буч Кесиди, Бен Клок и Диџеј Флудер.
Истовремено, на „Трапсират“ цената настапија BA$HA, Young Dadi, Hiljson Mandela, Donplaya и Prince$$ Donatsu.
Погледнете ја атмосферата преку фотографиите на Радио МОФ.
[Видео] Јасно и гласно: Седма сила или безгласна буква?
Напад на новинар од порталот Тетова Сот во средно училиште, напад на екипа на ТВ 24 при снимање прилог, функционер кој пцуе новинарка на МКД.мк и поранешен министер во обид да цензурира новинарски текст објавен во Фокус. И се` ова беа случаи само од минатиот месец.
Непријателската и небезбедна атмосфера во која работат новинарите се` повеќе наликува на едни времиња, кои требаше „никогаш да не се повторат“. „Никогаш не требаше да се повторат“ и владините реклами кои повторно се враќаат на голема врата како потенцијална закана за корумпира
ње за медиумите. Паралелно со тоа, истражувањата покажуваат дека новинарите работат во лоши услови, мета се на притисоци и закани, примаат потпросечни плати и често работат и надвор од своето работно време.
За тоа во каква состојба се наоѓа „седмата сила“ во Македонија и колку навистина се слободни медиумите во оваа епизода на „Јасно и Гласно“ разговараме со: Билјана Петковска од Македонскиот институт за медиуми, Драган Секуловски од Здружението на новинари на Македонија и Дарко Дуридански од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници.
#РаскажиМи: „Софија е тука“ од Бјанка Станковиќ
Овој пат во рубриката #РаскажиМи го читаме краткиот расказ „Софија е тука“ од новинарката и авторка Бјанка Станковиќ.