Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. Лука Павиќевиќ: Во училиштата треба Програма за служба на заедницата

Лука Павиќевиќ: Во училиштата треба Програма за служба на заедницата

„Мошне е важно внесувањето на вистинските вредности – посветеност, грижливост, емпатија, проактивност – како дел од карактеристиките на една комплетна личност. Бидејќи, чуму ако некој ученик е ‘најдобар’ или ‘најспособен’ или ‘најмногу знае’, ако тоа знаење не го употребува кон оние што имаат поголеми проблеми. Тоа е многу важно, пример, во секое училиште во САД се инсистира на Community service, односно помош кон заедницата. Таква Програма, практично, би барала од учениците да волонтираат на веќе постоечки проекти и иницијативи, дали во организации, или самите да организираат настани за помош. Меѓутоа, тоа нивно волонтерство, таа хуманитарна работа да има еден допирлив, вистински ефект врз самата заедница“, вели во разговор со Радио МОФ Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколци.

2. [Галерија] Центарот на Скопје предновогодишно потсветна

[Галерија] Центарот на Скопје предновогодишно потсветна

Божиќна елка висока неколку метри и по десетици редови сијалички во жолта боја кои „паѓаат“ од нејзиниот врв, како и дрвја кои се целосно обвиени во жолта боја од новогодишните светилки. Вака изгледа украсувањето на централниот плоштад „Македонија“ во Скопје за новогодишните празници. Околу божиќната елка, поставени се и неколку типизирани куќички од кои се продаваат новогодишни чорапи, мини крофни и слатки бастумчиња.

На едната страна од плоштадот се поставени и два рингишпили. Околу плоштадот пак, на неколку штандови се продаваат балони со хелиум, светлечки балони, играчки и разни дрангулии.

Во близина на Воинот на коњ дојдоа и неколку Дедо Мразовци, заедно со Мики Маус и во импровизираните новогодишни соби ги привлекуваат децата за да ги овековечат моментите од предновогодишните празници. Одоколу се слушаат детски песнички.

3. Кои македонски села се испразнија меѓу двата пописа? [Инфографик]

Кои македонски села се испразнија меѓу двата пописа? [Инфографик]

Над 420 населени места во Северна Македонија имаат изгубено повеќе од половина од своето население последниве дваесет години покажуваат новите податоци од Пописот 2021 кои ги објави Државниот завод за статистика.

Статистичарите на ланското пребројување регистрирале вкупно 1.781 населени места, од кои 205 немаат ниту еден жител. 684 населени места имаат помалку од 100 жители, додека 218 населени места имаат под 10 жители.

Радио МОФ направи споредба во движењето на населението помеѓу пописите од 2002 и 2022 година. Анализиравме кои села имаат најголем процентуален пад и раст во населението, но и промена на населението во вкупна бројка. Треба да напоменеме дека од споредбите ги исклучивме големите градови и општински центри, чии промени во населението ги обработувавме во претходни текстови.

4. [Интервју] Ивана Настева, писателка: Ни треба домашно и книжевно колективно лудило

[Интервју] Ивана Настева, писателка: Ни треба домашно и книжевно колективно лудило

Разговаравме со писателката Ивана Настева која на 23 декември ја промовираше дебитантската збирка раскази „Раскажувај ми за сечењето на корените“. Збирката ја пишувала шест години, почнувајќи од втора година на факултет, но низ процесот, ракописот поминал низ бројни промени и „многу кратења, кратења, кратења“…

5. Македонското интернет ќоше подложно на измами, навреди и кражба на лични податоци

Македонското интернет ќоше подложно на измами, навреди и кражба на лични податоци

Во последните три години имало повеќе од 300 случаи на повреда на личните права на интернет корисниците во Македонија. Една третина од нив се регистрирани како говор на омраза. Регистрирани биле и околу 30 случаи на компјутерски измами за лични податоци. Голем тренд бележи и бројот на хакерски напади вперени кон важни институции како министерствата, банките, Фондот за технолошки иновации и развој и сајтот на Државната изборна комисија.

БОНУС:

#РаскажиМи

Овојпат во рубриката #РаскажиМи го читаме краткиот расказ „Крижи-мижи“ од авторката Ивана Настева. Расказот е дел од нејзината прва збирка раскази – „Раскажувај ми за сечењето на корените“.

#РаскажиМи: „Крижи-мижи“ од Ивана Настева

#НизТвојотОбјектив

Во рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставуваме циклус фотографии од Елена Димчевска.

„Сакам со моите фотографии да ги отсликам моментите на динамичност во секојдневниот ден на човекот и на природата, но исто така уживам и во по спокојните сцени. Кога се обидувам да составам композиција, секогаш се обидувам некако да го искористам до максимум природното светло и спектарот на боите кои што ми го овозможуваат светлосните зраци“, вели авторката.

#НизТвојотОбјектив – Циклус фотографии од Елена Димчевска

#Поларис

Нашиот надворешен соработник Марјан Болтевски во #Поларис во вториот дел за Bioshock раскажува за херојот Џек и градот Rapture

#Поларис: „Bioshock“  – леб и плазмиди