На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…
Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:
1. Скопје повторно во топ 10 најзагадени градови во светот, цела држава над максималната граница
Жителите на Скопје на 27 декември се разбудија во смог, а градот повторно се најде на неславната ранг листа на најзагадените градови во светот, заземајќи го 9-тото место според според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време.
Македонскиот главен град, со индекс на квалитетот на воздух од 166, на листата е заедно со градови од Индија, Кина и Пакистан кои се познати по лошиот квалитет на воздух. Според платформата во моментов аерозагадувањето во Скопје е штетно по здравјето.
Скопје повторно во топ 10 најзагадени градови во светот, цела држава над максималната граница
2. Државната страница за следење на квалитетот на воздухот води кон измамнички сајтови
Во време кога аерозагадувањето повторно е жешка тема, со загадувањето во неколку градови, што државата ја принуди да активира мерки и препораки, државната веб-страница за следење на квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), која деновиве се повеќе се посетува, пренасочува кон други страници, кои се означени како малициозни. Радио МОФ испрати и прашања до МЖСПП, но до објавувањето на текстот не добивме одговор.
Државната страница за следење на квалитетот на воздухот води кон измамнички сајтови
3. [Интервју] Дејан Сламков: Медиумите сѐ уште „дипломатски“ зборуваат на ЛГБТ+ теми
Една година на онлајн радиото на Радио МОФ одекнува подкастот „Save our children“ со водителот Дејан Сламков. Поткастот обработува ЛГБТИ+ прашања, а иако започна скромно, брзо стана препознатлив за локалната квир заедница.
Во време кога се објавуваат новогодишни ретроспективи, решивме да поразговараме со Дејан и да направиме еден осврт на сите среќни, но и не-толку-среќни моменти кои се случија со објавувањето на десетте епизоди.
Со Дејан разговаравме за самите почетоци, бројните гости и отворени теми, една избришана епизода, дрег-сцената, и онлајн говорот на омраза што го предизвика една шарена клупа во неговото родно Стојаково.
[Интервју] Дејан Сламков: Медиумите сѐ уште „дипломатски“ зборуваат на ЛГБТ+ теми
Ако сакате да проверите колку пари за службени цели потрошиле македонските функционери во 2022 година, таа информација нема да можете да ја најдете на владината алатка специјално направена за таа намена. На платформата за отчетност на носителите на јавни функции последните достапни податоци се од ноември минатата година.
Иако од Владата во минатото најавуваа дека оваа алатка првично ќе се ажурира на шест месеци, а потоа и на почести периоди, сепак веќе цела година нема нови податоци за тоа како македонскиот премиер, министрите или пак државните секретари во министерствата ги трошат јавните пари на граѓаните.
5. Топ 10 ретроспектива на 2022 година и Фотографии на Радио МОФ кои ја одбележаа 2022 година
За крајот на 2022 година тимот на Радио МОФ направи селекција на некои од најважните настани кои ја одбележаа изминатата година, а издвоивме и некои од највпечатливите фотографии кои ги направија нашите новинари: