На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…
Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:
1. Институциите молчат на барањата на студентите од приватните факултети во Скопје за бесплатен јавен превоз
За студентите на приватните универзитети во Скопје и натаму нема бесплатен јавен превоз, откако Град Скопје на седницата за буџетот за 2023 година не издвои средства за субвенционирање на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) за приватните факултети. Истовремено, студентските лидери губат доверба во институциите дека ќе се реши овој, како што велат, проблем со дискриминација од големи размери.
2. [Став] Не го чепкајте МКЦ
Како бодеж ми дојде јавната реакција од Младинскиот културен центар (МКЦ) дека деновиве повторно е мета на партиски игри. МКЦ соопштува дека постоечкиот в.д. директор, Ванчо Богоев, е сменет од позиција поради што неподлегнал на притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири. А, бидејќи сега веќе екс-директорот на МКЦ не ја потпишал таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, за кој МКЦ велат дека е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во Центарот, без никакво искуство и позадина во културна институција. Без конкурс каде би можеле да се пријават квалификувани луѓе од областа на културата. Дополнително, виталноста на МКЦ е ставена под прашање со тоа што буџетот им е доведен до само 8% од годишниот буџет со кој работеа минатите години. Ова се проблеми што ги наведува самиот Програмски колегиум на МКЦ.
Затоа, како новинар и редовен посетител на МКЦ, чувствувам должност да потсетам на неколку работи за Центарот, кој е меѓу единствените места во Скопје кои ја обавуваат функцијата за која се наменети – со програма и активности што се вивнуваат над површноста.
Пишува Бојан Шашевски.
3. Се спрема нов закон за учебници, МОН со повик до јавноста да даде придонес во креирање на квалитетно решение
Со цел подигнување на квалитетот на содржината на учебниците како и подобрување на процесот на откуп и одобрување на учебници во основното и средното образование, Министерството за образование (МОН) и наука и Педагошката служба иницираат процес за изработка на нов Закон за учебници за основното и средното образование.
4. #РаскажиМи: извадок од романот „Вистинска илузија во лажен свет“ од Ангела Бошкоска
Овојпат во рубриката #РаскажиМи читаме краток извадок од романот „Вистинска илузија во лажен свет“ од Ангела Бошкоска.
Ангела Бошкоска е родена во 2002 година во Тетово. Во моментов е студент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Работи како новинарка во Радио МОФ. Во 2021 го издава својот прв роман „Вистинска илузија во лажен свет“.
#РаскажиМи: извадок од романот „Вистинска илузија во лажен свет“ од Ангела Бошкоска
5. #НизТвојотОбјектив – „Свиткани кичми, слобода“ од Леон Шумански – роуз
Оваа недела во рубриката #НизТвојотОбјектив ви го претставуваме циклусот фотографии „Свиткани кичми, слобода“ од Леон Шумански – роуз.
„Темата на мојот фото-есеј ‘Свитĸани ĸичми, слобода’ е хуманистичĸа, улична, многу често диреĸтна и без еуфемизми. Фотографиите се направени на аналогна ĸамера, филм од 35 мм (leica формат), од почетоĸот на мојот престој во Словенија, во Марибор, Грац и Љубљана“, вели тој.
#НизТвојотОбјектив – „Свиткани кичми, слобода“ од Леон Шумански – роуз