Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. [Галерија] „Ќе преживеат ли жените овде“ – стотици граѓани на марш за женски права во Скопје

Со извици „Денес протест, утре штрајк“, „Во фабрика слуги, во Собрание дами“, „Сакаме права, не тава“, „Кој се плаши од женски права“ и „Ти не си сама“, стотици граѓани попладнево се приклучија на осмомартовскот Марш за женски права во центарот на Скопје.

На маршот насловен „Ќе преживеат ли жените овде“, кој се одвиваше од плоштадот „Филип Втори“ кај Старата скопска чаршија, потоа кон Владата, па заврши во паркот „Жена борец“, граѓаните испратија бројни пораки до властите и побараа почитување на женските права и унапредување на родовата еднаквост.

[Галерија] „Ќе преживеат ли жените овде“ – стотици граѓани на марш за женски права во Скопје

2. [Видео] Активизмот освојува од С. Македонија до Гана

Неодамна, на гости во МОФ и Радио МОФ ни дојде активистот Принц Ардефју од Гана.

Со него позборувавме за состојбата на младите во Гана, климатските промени, неговата посета во Македонија и впечатоците од Штип како град на текстилните работнички и муралите за работнички права, климатските промени…

Ардефју сподели и за неговиот активизам и начините на кои тој ја вметнува уметноста во процесите, со цел да придонесе кон општествени промени.

[Видео] Активизмот освојува од С. Македонија до Гана

3. Помалку правници и економисти, повеќе информатичари и лекари – Што се случи на факултетите последнава деценија [Инфографик]

За една деценија во македонското високо образование се имаат случено огромни промени во професиите кои ги бираат студентите. Додека пред десетина година најатрактивно за студентите било правото, економијата и јазиците, сега таа улога ја имаат преземено компјутерските и медицински науки.

Помалку правници и економисти, повеќе информатичари и лекари – Што се случи на факултетите последнава деценија [Инфографик]

4. [Интервју] Јулија Кастелучи: Во моментот кога ќе го документирате, перформансот исчезнува

Младата концептуалната и перформанс уметница Јулија Кастелучи минатата недела го изведе перформансот „Dijalog || Dialogue“ преку кој води дијалог со Министерството за култура за неговата улога во општеството.

Кастелучи, која е и вокален уметник веќе одредено време се занимава со временска и просторна уметност чиј имерзивен пристап вклучува глас и видео инсталација и интервенции во просторот во форма на сонична скулптура.

Преку своите дела, таа на сатиричен начин ги претставува случувањата и појавите во општеството, а со тоа и поттикнува дискусија во средината каде твори, на релација Белград – Скопје. Со Кастелучи разговараме за значењето на нејзините перформанси и инсталации, тргнувајќи од тоа како ги смислува и од што се инспирира за нив, па сè до тоа дали вештачката интелигенција претставува опасност за уметниците денес.

[Интервју] Јулија Кастелучи: Во моментот кога ќе го документирате, перформансот исчезнува

 

5. #Инста(нт) вести 3.2

Во новата епизода на Инстант Вести зборуваме за маршот за 8 март, отворањето на Студентскиот културен центар и иницијативата за миленици во јавниот превоз која беше отфрлена од Советот на Град Скопје

[Видео] #Инста(нт) вести 3.2

Бонус:

#РаскажиМи: „Улицата на багремите, број 18“ од Кире Димитриевски

Во нашата рубрика #РаскажиМи го читаме краткиот расказ „Улицата на багремите, број 18“ од Кире Димитриевски. Расказот доби пофалба на новиот конкурс за кратки раскази од млади автор/ки, „Тврдоглави“ именуван по делото на Славко Јаневски.

#РаскажиМи: „Улицата на багремите, број 18“ од Кире Димитриевски

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Емилија Трајковска

Во рубриката #НизТвојотОбјектив го имавме изборот фотографии од Емилија Трајковска, студентка на катедрата за Историја на уметност и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Таа вели дека со фотографија се занимава од поодамна, користејќи ја како медиум преку којшто може да прикаже некои нејзини погледи.

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Емилија Трајковска