Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

Ќе се прифатат барањата за државната матура што имаат законска основа, вели министерот Шаќири

Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека ќе прифатат сè од барањата на средношколците поврзани со државната матура, доколку тие имаат законска основа.

„Имав состанок со директорката на Државен испитен центар. Ние како МОН, како институција, ќе ги поддржиме сите законски основни што произлегуваат од барањата на учениците во делот на материјалот. Она што е со законски основ, што може да се прифати – ќе се прифати. Сè друго што не може да се прифати, што треба законски измени – не може да го разгледаме во овој период“, рече Шаќири пред новинарите.

Тој посочи дека Сојузот за средношколци и другата група од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС), кои протестираа и побараа кратење на материјалот – имаат различен вид барања за матурата.

„Мислам дека до крајот на неделата и почетокот на другата недела, ние ќе имаме конкретен одговор“, посочи Шаќири.

Ќе се прифатат барањата за државната матура што имаат законска основа, вели министерот  Шаќири

Медиуми „пропаднаа“ во стара дупка на плоштадот „Македонија“

„Пак пропадна камион во фонтаната на Плоштад Македонија“ и „Плоштадот Македонија повторно настрада од камион“ се дел од насловите на македонски медиуми, телевизии и портали, кои неделава побрзаа да јават за уште една „несреќа“ на централниот скопски плоштад.

Но, фотографијата со пропаднатиот камион е од лани, 23 ноември, кога последен пат возило влета и по петти пат пропадна кај контроверзната фонтана. Старата фотографија беше постирана како актуелен случај на Фејсбук-групата „Ѕид на сообраќајниот срам“, а оттаму почна да се шири по медиумите. Дел од нив ја увидоа грешката и ја тргнаа објавата.

Медиуми „пропаднаа“ во стара дупка на плоштадот „Македонија“

 

Македонските медиуми не знаат што е фемицид

Драма, трагедија, хорор, ужас, злосторство, морбидно, бизарно… се зборови од сензационалистички наслови кога медиумите пренесуваат за фемицид.

Македонските медиуми имаат релативно низок капацитет да го препознаат фемицидот, како најтешка форма на родово-базирано насилство. Длабинското и аналитичко новинарство е речиси непостоечко, без разлика дали станува збор за известување за национални, или странски случаи за убиства на жени затоа што се жени.

Во истражувањето на Институтот за комуникациски студии (ИКС),  кое е во авторство на Бојана Јовановска и Јована Јовановска – „Фемицидот во македонските медиуми“, е нагласено дека медиумите треба да имаат значајна улога во борбата против родово-базираното насилство, но, сепак, во пракса тоа ретко се случува.

Македонските медиуми не знаат што е фемицид

#Поларис: Роботите пред Исак Асимов

Како што се намалува нивната крутост и сѐ повеќе се обликуваат да изгледаат како нас, мораме да знаеме – дали роботите се само дел од нашиот асортиман на алати? Но, тие алати сега се способни да прават повеќе. Ако е тоа така, дали тоа значи дека ги сметаме за нешто повеќе од алати, но без човечки карактеристики? Што се човечки карактеристики? Дали, ако роботите стануваат сѐ повеќе и повеќе „човеколики“ можеме да сметаме дека се живи? Но, тие немаат бели дробови. Дали е потребно да имаат бели дробови за да бидат поблиску до нас? Но, роботите немаат душа. Што е душа? Дали душата постои или не постои, вклучувајќи жестоки дебати на релација атеисти – теисти. Што ако ставаме комплицирани програми на роботи поради кои тие би биле помалку предвидливи?

#Поларис: Роботите пред Исак Асимов

 

[Видео] #Инста(нт) вести 3.3

Патите од скршено срце? Слушнете како младите од Нов Зеланд се тешат со државно платена кампања – „Сакај подобро“, која треба да им помогне да ги надминат болните раскинувања.

Отсега, #ИнстантВести се достапни на ФејсбукИнстаграм и ТикТок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio MOF (@radiomof)