На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…
Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:
Графитите опстојуваат како своевиден феномен, на некаква урбана јавна комуникација. Вештачка интелигенција не може да ги замени“, вели уметникот Матеј Богдановски, кој заедно со писателот и критичарот на култура, Игор Анѓелков од издавачката куќа „Или-или“ моментално работат на збирката скопски графити „(До)живеј го Скопје“.
2. [Подкаст] Како Македонија стана европски шампион во хомофобија, ксенофобија и теории на заговор
Македонските граѓани се меѓу најхомофобичните и најксенофобичните во Европа, а истовремено и меѓу најрелигиозните. Имаат силни авторитарни ставови, не им веруваат во институциите, но не се ниту нешто посебно заинтересирани да учествуваат во демократските процеси за да ги променат работите. Подложни се на теории на заговор, се сомневаат во науката и сметаат дека живеат во држава со лошо образование, лоша економија и лоши политичари.
[Подкаст] Како Македонија стана европски шампион во хомофобија, ксенофобија и теории на заговор
3. Дуковска: Нова стратегија и (по)гласни млади се потребни за намалување на сиромаштијата
Младите не се група за којашто од 15 до 29 години е важно само да бидат во образовен процес и да бидат вработени, постојат и други важни сегменти од нивното живеење без кои може да дојде до социјално исклучување. Во моментов има разни социјални сервиси за намалување на невработеност, помош за самостојно домување, подобрување на студентскиот стандард. Но овие социјални услуги не се усогласени и поради тоа не се знае кој сервис колку им помага на младите, а со тоа и колку влијае за намалување на сиромаштијата.
Дуковска: Нова стратегија и (по)гласни млади се потребни за намалување на сиромаштијата
4. Наместо само лежење на плажа, на Охрид му треба и одржлив туризам ако сака да лежи под УНЕСКО
„Ние сме затрупани во пластика, ѓубре, градежен шут, фекалии и хемикалии“, објави неодамна Никола Паскали од нуркачкиот центар „Акватек“ после фаќање нов „плен“ од Охридско Езеро.
Паскали е нуркач и подводен археолог. Тој е и активист што постојано алармира дека на дното на езерото понекогаш наоѓа и цела покуќнина, кади и бојлери. Преку Фејсбук споделува и за ѓубрето и хаосот што се случува на плажите на најголемиот природен басен во земјата, најстар во Европа, чиј статус на УНЕСКО „виси“ поради континуирана негрижа, неорганизираност, но и несоодветните туристички пракси.
Наместо само лежење на плажа, на Охрид му треба и одржлив туризам ако сака да лежи под УНЕСКО
5. [Галерија] „И мојот идентитет постои“ – одржан петтиот Марш за видливост на трансродовите лица
„Ние постоиме, закон не постои“, „Прифаќањето спасува животи“, „Со човековите права не се преговара“ се дел од пораките испратени на денешниот Марш за видливост на трансродовите лица што се одржа во Скопје.
Со свирежи и транспаренти под мотото „И мојот идентитет постои“ граѓани и активисти скандираа на Маршот што годинава по петти пат го организираше Иницијативата за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Северна Македонија, „ТрансформА“ со што се приклучува кон глобалното одбележување на Денот за видливост, 31 март.
[Галерија] „И мојот идентитет постои“ – одржан петтиот Марш за видливост на трансродовите лица
6. Младинскиот активизам и култура го одбележаа „Engage Youth“
Во дворот на Младински образовен форум (МОФ) вчера се одржа ново издание на младинскиот настан за социјален активизам „Engage Youth“, каде млади активисти и креативци споделуваа искуства од своите иницијативи и организации. Целта е тие да покажат како се ангажирани во полето на културата, уметноста, родовата еднаквост и средношколското неформално организирање, за да дадат важен пример на врсниците, но и за развојот на локалната заедница. Притоа, се одржа и свирка на младиот бенд „Црно собрание“ од гимназијата „Никола Карев“.
+Бонус:
1. #НизТвојотОбјектив – „Префинет вкус“ од Tastefull consigliere
Овој пат во фото-рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставуваме „Префинет вкус“ од Tastefull consigliere – Foodbloger/Opinion Maker.
Се работи за улични фотографии направени на 35 милиметри филмска лента со аналоген апарат.
#НизТвојотОбјектив – „Префинет вкус“ од Tastefull consigliere
2. #РаскажиМи: „Кучешки празник“ од Марија Јовчевска
Овој пат во рубриката #РаскажиМи го читаме краткиот расказ „Кучешки празник“ од Марија Јовчевска. Расказот го освои третото место на новиот конкурс за кратки раскази од млади автор/ки, „Тврдоглави“ именуван по делото на Славко Јаневски.
Конкурсот беше за прв пат беше распишан во 2022 година, а во 2023 објавени беа добитниците на трите наградени раскази, како и три млади автори кои добија пофалба. Во следниот период, преку #РаскажиМи, ќе ги објавиме пофалените и наградените раскази.
3. #ПетАлбумиЗаПоДома на Данче Ефтимова
Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска ја имаме Данче Ефтимова, уметница што во последните осум години се занимава исклучиво со сликање мурали.
Ова се нејзините #ПетАлбумиЗаПоДома, со нејзин осврт кон музичките парчиња: