Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. Повисоки плати, иновации, нови студиски програми – Што ветуваат кандидатите за ректор на УКИМ?

Зајакнување на академскиот кадар, современи студиски програми и поддршка на студентскиот активизам, зголемена меѓународна соработка, иновации, развој и повеќе наука. Ова се главните теми во програмите на кандидатите за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кои во следниов период ќе ја претставуваат својата визија за тоа како треба да се развива најголемиот македонски универзитет во следните три години.

Изборите се закажани за 30 мај, а во трката се вкупно шест кандидати. Ние во Радио МОФ ги пролиставме нивните програми, со цел да провериме кои се главните проекти кои тие ги ветуваат на студентите и на своите колеги професори, нивните вредности и визијата која ја нудат доколку ја добијат довербата да го предводат УКИМ.

Повисоки плати, иновации, нови студиски програми – Што ветуваат кандидатите за ректор на УКИМ?

2. Тик-Так, Тик-Ток: Проструија најави за забрана на видео апликацијата, но сè уште нема консензуален став

Трагедијата во соседна Србија кога ученик уби неколку соученици во центарот на Белград ги размрда надлежните. Само неколку дена по масовното пукање во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, во македонската јавноста проструија најави за регулирање, па дури и забрана за популарната социјална мрежа за споделувања видеа – ТикТок. Државните институции сè уште немаат заземено консензуален конечен став по ова прашање, и покрај ставовите на официјални лица. Но, под знак прашалник се става и колку една ваква забрана, во 2023 година, може да биде ефективна, а притоа да влијае и на слободата на говорот.

Тик-Так, Тик-Ток: Проструија најави за забрана на видео апликацијата, но сè уште нема консензуален став

3. Ѓорѓи Маџаров: Вештачката интелигенција има огромен потенцијал, но ќе замени работни позиции што ќе бидат автоматизирани

Професорот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Ѓорѓи Маџаров, посочува дека вештачката интелигенција (ВИ) не е ништо ново, веќе 40-50 години се користи, ама главно од информатичко-технолошкиот сектор. Огромната промена, односно разликата е што сега обичниот човек добива алатка која се базира на ВИ и ќе треба самиот да ја користи таквата технологија, со цел рационално да креира нови производи и вредности. Истовремено, ваквата автоматизација во иднина би заменувала и работни позиции на луѓето базирани на интелектуална способност.

Ѓорѓи Маџаров: Вештачката интелигенција има огромен потенцијал, но ќе замени работни позиции што ќе бидат автоматизирани

4. Љубов, сплотеност и емпатија – 20 години „Боб Марли ден“ во Македонија

Парк. Школка. Музика. Луѓе боси играат хеки или лежат на трева. Некој се ниша на хамок, друг на ритам. Деца прават балончиња од сапуница. Поминува и по некое пивце низ рака, главно се насмевки и шаренило. Дваесет години наназад овие денови (11-13 мај) вака изгледа сликата во скопскиот Градски парк. Виновникот е Боб Марли – 11 мај, денот на неговата смрт, или по нашки денот на љубовта, обединувањето и слободата на луѓето.

Љубов, сплотеност и емпатија – 20 години „Боб Марли ден“ во Македонија

5. [Подкаст] Мегафон: Што ќе понуди новата Национална стратегија за млади?

Новата Национална стратегија за млади за периодот од 2023 до 2027 година неодамна беше финализирана и претставена пред јавноста. Следниот чекор е таа да се усвои од Владата и да почне нејзината имплементација, но и фактички да ја замени веќе постоечката стратегија која моментално важи до 2025 година.

Согласно Законот за младинско учество и младински политики, Агенцијата за млади и спорт е институцијата која е задолжена да го спроведе и координира процесот на креирање на националната стратегија, која се изработува во соработка со повеќе страни. Во оваа епизода на подкастот Мегафон зборуваме со Гордана Цекова од Агенцијата за млади и спорт (АМС) за тоа што сѐ опфаќа стратегија, како се планира таа да се спроведе, но и целокупниот процес на нејзината изработка.

[Подкаст] Мегафон: Што ќе понуди новата Национална стратегија за млади?

БОНУС

#РаскажиМи: „Макао“ од Лидија Каранфиловска

Овој пат во рубриката #РаскажиМи го читаме расказот „Макао“ од Лидија Каранфиловска. Расказот е дел од збирката „Електролит“ (2006).

#РаскажиМи: „Макао“ од Лидија Каранфиловска

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Кристина (Тина) Филипоска

Во #НизТвојотОбјектив ви претставуваме фотографии од Кристина (Тина) Филипоска.

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Кристина (Тина) Филипоска

#ПетАлбумиЗаПоДома на Анастасија Саздовска

Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска ја имаме Анастазија Саздовска, која е мултимедијален уметник, а во слободно време студент по филозофија.

#ПетАлбумиЗаПоДома на Анастасија Саздовска