На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…
Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:
Квалитет и пристап до образование, дигитализација, квалитетно студентско организирање и учество на студентите во процесот на носење одлуки во наука и меѓународна соработка, беа тематските целини за кои дискутираа кандидатите и кандидатките за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ).
Јавната дебата беше организирана од Младински образовен форум во „Јавна соба“, каде тие зборуваа и за можни решенија со дискриминацијата и степенот на инклузија на Универзитетот, a претставија и дел од својата програма.
2.Ѓорѓи Пулевски: Темите што ги мачеле Сартр и Ками, денес ги мачат Теренс Малик и Бела Тар
„Врската помеѓу филозофијата и филмот е фасцинација на голем број филозофи од Бергсон и Делез па сѐ до Бадју и Жижек денес“, вели Ѓорѓи Пулевски, координаторот и продуцент на овогодишното издание на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ).
Со него разговаравме за филмот како механизам за размислување, младите и филмот и Годар, кој е во фокус на тринаесетото издание на ФФФ.
Ѓорѓи Пулевски: Темите што ги мачеле Сартр и Ками, денес ги мачат Теренс Малик и Бела Тар
3.Пандемијата го преполови бројот на кинопосетители [Инфографик]
Во 2022 година во македонските кина прикажале 11.326 кинопретстави, на кои присуствувале вкупно 274.289 посетители, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.
Бројката на посетители е речиси преполовена во споредба со 2019 година, кога имало рекордни, речиси 540 илјади посетители, што го покажува ударот кој пандемијата го нанесе врз кината.
Пандемијата го преполови бројот на кинопосетители [Инфографик]
4.[Подкаст] Мегафон: Учи ли Балканот од својата историја, или вешто ја препишува?
Соочување со минатото, избегнувањето на црно-белата перспектива, емпатијата и помирувањето се чини дека се тешки борби на Балканов, место во чија историја се измешани солидарноста и крвопролевањето.
Распадот на Југославија, растот на националистичкиот наратив и војните придонесоа младите на Балканот да растат во мултиетничка, но сепак поделена средина. Во една ваква состојба регионалното списание „Балкански Перспективи“, поддржано од Форум ЗФД се труди преку своите текстови да отвори прашања кои би помогнале во демократизацијата на Западниот Балкан.
[Подкаст] Мегафон: Учи ли Балканот од својата историја, или вешто ја препишува?
5.#РаскажиМи: Извадок од „Излегувањето од сенка – тајно женско училиште“ од Дијана Петрова
Овојпат во рубриката #РаскажиМи објавивме извадок од новиот роман на Дијана Петрова – „Излегувањето од сенка – тајно женско училиште“. Во романот, фокус е жената на Димитар Миладинов, Митра Миладинова, која навистина постоела и ги пишувала најубавите писма во 19 век, ни за жал никој не ја спомнува, вели авторката.
„Митра Миладинова и Султана Миладинова, поттикнати од понудената поддршка на рускиот славист Виктор Иванович Григорович, почнуваат дело, кое, како што се развива, станува сè подлабоко и посериозно“, стои во краткото сиже за делото.
#РаскажиМи: Извадок од „Излегувањето од сенка – тајно женско училиште“ од Дијана Петрова
+Бонус
#ПетАлбумиЗаПоДома на Бојана Низамовска
Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома ја имавме Бојана Низамовска, член на скопскиот бенд JUNE, водителка на Acoustic Extravaganza и обожавателка на фестивали и концерти.
За себе вели дека е порасната со плочите на Simon and Garfinkel, Cat Stevens, Whiney Huston, касетите на R.E.M, Cure и U2, цедињата на Blur, Counting Crows и Texas и океанот бесплатна музика со Cat Power, Arcade Fire, Bon Iver и многу многу инди фолк – поп – рок аристи. Опседната е со откривање и слушање нова музика од секаков тип без никакво ограничување, секојдневието и дозволува да може да го прави тоа постојано, а воедно и да создава своја музика на гитара.
#НизТвојотОбјектив – „Помеѓу моментот пред и моментот потоа“ од Евaнгелија Иваноска
Во рубриката #НизТвојотОбјектив претставивме дел од фотографскиот опус на Евангелија Иваноска, студентка на графички дизајн на Факултетот за дизајн и мултимедија при ФОН.
„Работам како графички дизајнер. Ги изразувам своите чувства, ставови и идеи преку фотографија, сликарство и постер дизајн. Во фотографијата наоѓам возбудливост и адреналин а истовремено и мир и бескрајно уживање. Кога фотографирам, сѐ се сведува на тој момент кој е во рамките на кадарот“, вели таа.
Иваноска се занимава со фотографија во движење, портрети, макро, а во последно време и со улична фотографија. Раскажува дека секој пат кога фотографира тоа прави целосно да се впушти во моментот, приказната, светлината.
#НизТвојотОбјектив – „Помеѓу моментот пред и моментот потоа“ од Евaнгелија Иваноска