Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. Младинскиот активизам, феминизмот и борбата за права во фокусот на „ENGAGE 2023“

Домашни и странски активисти го зедоа микрофонот на „ENGAGE 2023“ во МКЦ и споделија лични инспиративни приказни на теми од онлајн активизмот, феминизмот и работничките права, па сè до читање слем поезија и борбата за глас на маргинализираните граѓани.

Младинскиот активизам, феминизмот и борбата за права во фокусот на „ENGAGE 2023“

2. Дијана Петрова: Најсигурен начин никој да не ни го „земе“ јазикот е да го знаеме и познаваме

„XIX век во Струга, Митра Миладинова и Султана Миладинова, поттикнати од понудената поддршка на рускиот славист Виктор Иванович Григорович, почнуваат дело, кое, како што се развива, станува сè подлабоко и посериозно.

Неколку жени перачки кои се сретнуваат на реката, првпат почнуваат да зборуваат за тоа каков би бил светот кога би им се дало глас на жените. Покрај реката почнуваат да учат да читаат и да пишуваат, стануваат учителки кои го шират почнатото таинствено дело низ сечиј дом и душа. Против неправдата која неколку векови ги обвивала сите, почнуваат да зборуваат и да се борат со дело кое му пркоси на времето и на заборавот“.

Вака гласи кусото сиже на третиот и најнов роман на писателката Дијана Петрова,  – „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“, историска метафикција што во фокус ја става Митра Миладинова, жената на македонскиот просветител Димитар Миладинов.

Дијана Петрова: Најсигурен начин никој да не ни го „земе“ јазикот е да го знаеме и познаваме

3. Гласен текстилец: За прв пат во Македонија 32 работнички се обештетени од странски модни брендови

„Гласен текстилец“ соопшти дека успеале после долги судски постапки против македонска фирма, а подоцна и преговори со странски брендови, да објават дека странските модни брендови исплатиле надомест на текстилни работнички од Штип.

Како што велат, се работи за парична надокнада на работничките во отсуство на исплата на побарувањата на работниците од македонскиот „газда“, во која фирма овие брендови ги шиеле своите парчиња облека.

Гласен текстилец: За прв пат во Македонија 32 работнички се обештетени од странски модни брендови

4. [Интервју] Директорот на ДСД Скопје Велевски: Студентите конечно ќе имаат живеалишта по сите стандарди за домување 

Актуелниот директор на Државен студентски дом – Скопје, Виктор Велевски, во интервју за Радио МОФ зборува за очекуваната трансформација на студентските домови. Тој дава преглед на моменталната состојба на енергетската ефикасност во домовите, а зборува и за предизвиците со кои се соочуваат поради старосната и архитектонската ограниченост на зградите.

Велевски во интервјуто открива дека за решение на овие прашања ќе се употребува проактивен пристап, со тековни проекти за реновирање насочени не само кон подобрување на енергетската ефикасност, туку и да се даде приоритет на достапноста и квалитетот.

[Интервју] Директорот на ДСД Скопје Велевски: Студентите конечно ќе имаат живеалишта по сите стандарди за домување

5. Странските зборови како „диво месо“ – колку правилно се употребува македонскиот јазик

Секојдневно можат да се забележат бројни пропусти во употребата на македонскиот литературен јазик и неговото кирилско писмо. Последниве неколку години многу се зборува, но малку се прави за негова заштита, негување и подигање на јазичната култура кај граѓаните.

Македонските граѓани постојано се сведоци на правописни грешки, од типот на “сеуште” или “незнам”, користење дијалектни зборови и грешна интерпункција. Ова не е случај само на социјалните мрежи, туку и на места на кои употребата на литературниот јазик би требало да биде на највисоко ниво – како во учебници, медиуми, институции.

Странските зборови како „диво месо“ – колку правилно се употребува македонскиот јазик

Бонус:

#РаскажиМи: „Кога азбуката се журка“ од Марко Петрушевски

Во рубриката #РаскажиМи, го објавивме краткиот расказ „Кога азбуката се журка“ од македонскиот поет и автор, филмаџија, критичар, есеист, радио водител и преведувач Марко Петрушевски.

#РаскажиМи: „Кога азбуката се журка“ од Марко Петрушевски

#ПетАлбумиЗаПоДома на Горан Конев – Клаус

Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома го имавме Горан Конев – Клаус, долгогодишен спортски новинар во „Вест“, а сега само новинар во „Сакам да кажам“ и голем вљубеник во концерти и музички фестивали.

#ПетАлбумиЗаПоДома на Горан Конев – Клаус