По повод 15 септември, Меѓународниот ден на демократијата, Младинскиот образовен форум (МОФ) контактира поширока листа на јавни личности, политичари, активисти, уметници, со молба да одговорат на прашањето „Што е тоа демократија?”.
Одговорите се најразлични, од тоа дека демократијата е владеење на народот, слобода на индивидуата, надгласување, дебата, право на избор, очетност, па се до тоа дека демократијата е утопија.
Сепак, преовладува ставот дека демократијата денес е посакувана состојба во која граѓаните не се плашат. Во продолжение, ова се пораките испратени до МОФ за Меѓународниот ден на демократијата.
Оваа кампања е дел од националната кампања за Граѓански и политички права и слободи која се спроведува во склоп на Проект на УСАИД за граѓанско општество.