Што се случи денеска со Фејсбук?

Корисници од целиот свет имаа проблеми со Фејсбук, кој не им дозволуваше неколку часа да ги ажурираат статусите или да „лајкуваат“. Секој обид да се стори тоа завршуваше со  пораката: „Има проблем со ажурирањето на вашиот статус ажурирање. Ве молиме обидете се повторно за неколку минути.” (There was a problem updating your status. Please try again in a few minutes).

 Fejsbuk

Проблеми со ажурирање на статусите на Фејсбук не се ретки и сите се навикнати на нив. Разликата овој пат е во тоа што проблемот беше присутен на глобално ниво, а ниту обидите тоа да се стори од различни IP адреса на различни континенти не донесе резултат.

Покрај статусите ли „лајковите“, оневозможено беше постирање слики на оваа социјална мрежа. Според извори на глобалниот веб сервис статус тракер  Downrightnow, како што објави Mashable, Фејсбук имаше „service disruption“.

Што се случи денеска со Фејсбук?

Во очекување на официјално соопштение од страна на Фејсбук, како што пренесе американската телевизија ФОКС, пратиле известување со образложение дека станувало збор за технички проблем

„Денеска наутро (по американско време) имавме сервисирање на мрежата и ги забележавме потешкотиите. Одреден број на корисници не можеа да објавуваат ништо на нивниот ѕид, но проблемот брзо го решивме. Се извинуваме за било какви непријатности кои проблемот можеше да ги предизвика“, соопштиле претставниците на социјалната мрежа.

Кај нас проблемите се почуствуваа помеѓу 14 и 16 часот.