Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Национални политики за намалување на трендот на миграција, воведување позиција советник за млади, истражувачки центар за млади, државен план за задржување на младите се само дел од ветувањата во изборните програми на претседателските кандидати.
Некои од кандидати и воопшто не ги споменале младите, но колку генерално младите се застапени во сите изборни кампањи, пренесуваме во продолжение.
Пендаровски како промотор на правата на младите
Грижата за младите, ранливите и маргинализирани групи на граѓани е должност на секоја институција и на секој носител на јавна функција, се вели во програмата на актуелниот претседател на државата, поддржан за уште еден мандат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Стево Пендаровски.
Пендаровски вели дека е свесен како ден од најголемите проблеми се негативните демографски трендови и иселувањето на младите. Тој посочува дека не се невозможни национални политики за намалување на трендот на миграција и најави дека тие треба да вклучат активна демографска политика, но и проекти со кои државата ќе го задржи контактот со младите кои заминале и најави дека ќе создава услови за нивно повторно враќање во земјата.
Преку зголемена грижа за дијаспората, Пендаровски најавува дека максимално ќе се искористи потенцијалот, за на сите кои живеат надвор од државата да им се отвори простор за поголема вклученост и придонес.
Доколку добие и втор мандат од граѓаните, тој најавува формирање посебно советодавно тело во неговиот кабинет кое ќе работи на формулирање современи и ефективни демографски политики за да се спречат негативните трендови. Пендаровски најавува и иницирање на проект за изработка на централна база на податоци за сите млади кои се образуваат, доусовршуваат или своите знаења и вештини ги применуваат работејќи во странски компании и организации, во делот на политиките за млади кои привремено или потрајно заминале од државата.
Најавува и дека ќе се посвети на развивање политики за граѓаните со попреченост, особено во образованието, пристапот и вклучувањето на пазарот на трудот и остварувањето на социјалните права.
Актуелниот претседател најавува и иницирање промена на наставните програми со цел воведување на демократското политички образование во средните училишта.
Силјановска Давкова како пријателка на младите
Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ еден дел од изборната кампања го насловила како „Претседателка пријател на младите“.
Нејзината цел, како што посочува е зајакнување на младите, односно нивно признавање како клучни партнери во обликувањето на иднината.
Таа во програмата најавува воведување на позицијата советник за млади, кој ќе претставува одговорно лице во нејзиниот кабинет кој ќе раководи со новоформираниот Совет за млади под покровителство на претседателот и партнерите.
Најавува и формирање Форум за млади под покровителство на претседателот, со цел консултации за прашања и јавни политики кои се важни за младите, како и за организирање заеднички настани.
Во нејзиниот кабинет, најавува и можност за практиканство на најдобрите млади луѓе кои ќе можат да се стекнат со важно кариерно искуство.
Поранешната пратеничка најавува и промоција на т.н. амбасадори на добра волја, односно млади професионалци од земјава и светот кои имаат или градат успешни кариери во меѓународната економија, политиката, меѓународните односи и науката.
Силјановска Давкова најавува и продолжување на претседателските школи за лидери.
Истражувачки центар за млади талентирани ученици е уште една од најавите во нејзината изборната кампања. Во центарот, како што се наведува, со помош на курсеви, семинари, научни кампови, летни и зимски школи и работилници, како и со предавање на научни работници и истражувачи од земјава и странство, талентираните средношколци од 15 до 29 години ќе ги продлабочуваат своите знаења во низа области.
Османи ветува државен план за перспектива и задржување на младите
Младите најдоа место во посебна секција во програмата на претседателскиот кандидат од Демократската унија за интеграции (ДУИ) Бујар Османи. Под мотото Европски претседател, Османи во својата програма ветува државен план за перспектива на младите и нивно задржување во земјата.
Според наведеното во програмата, институционалниот и економски напредок треба да претставуваат основа за создавање посебна политичка афирмација на политиките за млади.
Младинските политики, како што посочува Османи ќе се фокусираат на Создавање перспектива преку зајакнати образовни можности, но и активни мерки за претприемништво, старт-апи и вклучување во современите бизнис текови со цел задржување на фокусот на младите кон активностите и потенцијалите кои ги нуди земјата. Тој најавува и формирање на посебен тим за креирање, имплементирање и следење на младинските политики на државата.
Дополнително, доколку стане претседател, актуелниот министер за надворешни работи, преку јавен повик и отворена конкуренција, како и со директно вклучување на претставници на младински организации, најавува назначување Советник на Претседателот кој ќе биде исклучиво ангажиран за овие прашања.
Она што го ветува Османи, доколку биде избран за претседател е и заложба за реформи и образовен модел, кој, како што се наведува, ќе одговара на новите трендови на технолошката револуција предизвикани од развојот на вештачката интелигенција.
Во образовниот процес најавува дека ќе предложи низа мерки за поттикнување на креативноста на учениците и студентите преку унапредување на техниките на наставниците и професорите; нудејќи образование и методологија за решавање на реалните проблеми преку развој и поттикнување на иновациите.
Во програмата се додава дека затоа ќе предложи зголемување на буџетот за образование и особено за научно-истражувачка дејност, како и задолжително отворање истражувачки центри на секој универзитет. За таа цел, вели дека планира да ги искористи ресурсите на многубројната квалификувана дијаспора.
Истовремено, во делот наречен Рамковен економски договор, тој најавува и договор со десетте најдобро рангирани бизнис универзитети во светот за испраќање на најдобрите студенти со целосна стипендија, со предност на ранливите категории на граѓани.
Младите иселеници како најдобри амбасадори на земјата
Во официјалната изборна програма на кандидатката за претседателка на државата Билјана Ванковска, поддржана од Левица, младите се споменати во контекст на развивање на нов тип дипломатски настап за промовирање на Македонија и нејзините можности, каде се наведува дека земјава создала и нова дијаспора од помлади генерации чии капацитети не биле препознаени или негувани, додавајќи дека тие се нашите најдобри амбасадори, а дека земјава тоа досега го нема признаено.
Во таа насока, во програмата на Ванковска се најавува дека ќе иницира создавање целосна слика за сите научници, бизнисмени, уметници, професори и експерти кои се докажани во разни делови на светот, а потоа и воспоставување на иницијатива „Македонија без граници“. Преку неа, како што додава, ќе им биде дадена можност на сите не само да ѝ помогнат на Македонија и на полето на јавната и на културната или на академската дипломатија туку и ќе бидат ангажирани во разни конкретни проекти во земјата.
Таа најавува комуникација со јавноста во врска со настани од морално и политичко значење, како и учество и поддршка за иницијативи кои потекнуваат од граѓаните и од нивни здруженија, особено во делот на образованието и на здравството, како и на заштитата на ранливите категории граѓани.
Што е со останатите?
Претседателскиот кандидат на коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари во својата изборна програма насловена како „обединувачка“ единствено наведува дека ќе се залага за создавање училишта за иновации со кои ќе раководи кабинетот на претседателот, во контекст на иновациите како клучен сектор за безбедноста и развојот на земјата.
Младите не можат да се најдат во програмата на актуелниот градоначалник на Општина Карпош и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски. Дел од столбовите во неговата програма се однесуваат на правната држава, економските политики, но и одбранбени прашања.
Програмата на Максим Димитриевски не може да се најде онлајн, а и покрај нашето инсистирање до движењето „ЗНАМ“, до објавувањето на текстот не ја добивме изворно изборната програма. Но, од она што го пренесуваат медиумите од промоцијата на неговата претседателска кампања, младите не се вклучени во начелата и приоритетите кои генерално се фокусираат на надворешната политика, одбраната, безбедност, институциите и корупцијата.
Првиот круг од претседателските избори ќе се одржат на 24 април. Вториот круг пак, од седмите по ред претседателски избори е најавен за на 8 мај, заедно со парламентарните избори. За функцијата ќе се „тркаат“ 7 кандидати кои успеаја да ги соберат потребните 10.000 потписи. Уште 7 други кандидати претходно имаа неуспешна кандидатура.
Мартин Колоски
-
Çfarë premtojnë kandidatët presidencial për të rinjtë?
Politikat nacionale për trendin e migrimit, vendosja e pozicionit këshilltar për të rinj, qendër hulumtuese për të rinj, plan shtetëror për mbajtjen e të rinjve janë vetëm një pjesë e premtimeve në programet zgjedhore të kandidatëve presidencial.
Disa nga kandidatët nuk i kanë përmendur fare të rinjtë, por sa në përgjithësi janë të përfaqësuar të rinjve në të gjitha fushatat zgjedhore, përcjellim në vazhdim.
Pendarovski si promotor i të drejtave të të rinjve
Kujdesi për të rinjtë, grupet e rrezikuara dhe të margjinalizuar të qytetarëve është detyrë e çdo institucioni dhe i çdo bartësi të funksionit publik, thuhet në programin e presidentit aktual të shtetit, i mbështetur nga Lidhja Socialdemokrate e Maqedonisë edhe për një mandat, Stevo Pendarovski.
Pendarovski thotë se është i vetëdijshëm se një pjesë e problemeve më të mëdha janë trendet negative demografike dhe largimi i të rinjve. Ai thekson se, nuk janë të pamundura politika nacionale për uljen e trendit të migrimit dhe paralajmëroi se ato duhet të përfshijnë politikë aktive demografike, por edhe projekte me të cilat shteti do të mbajë kontaktin me të rinjtë të cilët janë larguar dhe paralajmëroi se do të krijojë kushte për kthimin e tyre të serishëm në vend.
Përmes kujdesit të shtuar për diasporën, Pendarovski paralajmëron se do të shfrytëzohet maksimalisht potenciali, që secilit që jeton jashtë shtetit t’i jepet hapësirë për përfshirje më të madhe dhe kontribut.
Nëse merr edhe mandat të dytë nga qytetarët, ai paralajmëron formimin e një trupi të posaçëm këshillimor në kabinetin e tij i cili do të punojë në formimin e politikeve bashkëkohore dhe efektive demografike që të parandalohen trendet negative. Pendarovski paralajmëron edhe inicimin e një projekti për përpunimin e një baze qendrore për të dhëna për të gjithë të rinjtë që arsimohen, përmirësohen apo njohuritë dhe aftësitë e tyre i aplikojnë duke punuar në kompani dhe organizata të huaja, në pjesë e politikave për të rinjtë të cilët janë larguar nga vendi përkohësisht ose për kohë më të gjatë.
Ai po ashtu paralajmëron se do të përkushtohet në zhvillimin e politikave për qytetarët me aftësi të posaçme, qasjen dhe përfshirjen në tregun e punës dhe realizimin e të drejtave sociale.
Presidenti aktual paralajmëron edhe inicimin e ndryshimit të programeve mësimore me qëllim sjelljen e arsimit demokratik politik në shkollat e mesme.
Siljanovska Davkova si mike e të rinjve
Kandidatja presidenciale Gordana Siljanovska Davkova e cila mbështetet nga VMRO – DPMNE një pjesë të fushatës zgjedhore e ka titulluar si “Presidente mike e të rinjve”.
Qëllimi i saj, siç thekson është përforcimi i të rinjve, përkatësisht njohja e tyre si partnerë kyç në formësimin e ardhmërisë.
Ajo në program paralajmëron vendosjen e pozicionit këshilltar për të rinj, i cili do të paraqesë person përgjegjës në kabinetin e saj i cili do të udhëheqë me këshillin e sapoformuar për të rinj nën patronazhin e presidentit dhe partnerëve.
Ajo paralajmëron edhe forminin e Forumit për të Rinj nën patronazh të presidentit, me qëllim konsultime për pyetje dhe politika publike të cilat janë të rëndësishme për të rinjtë, si dhe për organizimin e ngjarjeve të përbashkëta.
Në kabinetin e saj, paralajmëron edhe mundësi për punë praktike të të rinjve më të mirë të cilët do të mund të përvetësojnë një përvrojë të rëndësishme të karrierës.
Ish deputetja paralajmëron edhe promovim të ash.q ambasadorë të vullnetit të mirë, përkatësisht profesionistë të rinj nga vendi dhe bota të cilat kanë apo ndërtojnë karriera të suksesshme në ekonominë ndërkombëtare, politikë, marrëdhëniet ndërkombëtare dhe shkencë.
Siljanovska Davkova paralajmëron edhe vazhdim të shkollave presidenciale për lider.
Qendra hulumtuese për nxënës të rinj të talentuar është edhe një nga paralajmërimet në fushatën e saj zgjedhore. Në qendrën, siç thekson, me ndihmë të kurseve, seminareve, kampeve shkencore, shkollave verore dhe dimërore dhe punëtori, si dhe me ligjerim të punonjëvsve shkencor dhe hulumtues nga vendi dhe jashtë, nxënësit e talentuar të shkollave të mesme prej 15 deri 29 vjeç do t’i thellojnë njohuritë e tyre në një sërë fushash.
Osmani premton plan shtetëror për perspektivë dhe mbajtje të të rinjve
Të rinjtë gjetën vend në seksion të përbashkët në programin e kandidatit presidencial nga Bashkimi Demokratik për Integrim (BDI) Bujar Osmani. Nën moton presidenti evropian, Osmani në programin e tij premton plan shtetëror për perspektivë të të rinjve dhe mbajtjen e tyre në vend.
Sipas asaj që është theksuar në program, përparimi institucional dhe ekonomik duhet të paraqesë bazë në krijimin e afirmimit të posaçëm poilitike të politikave për të rinj.
Politikat rinore, siç thekson Osmani, do të fokusohen në krijimin e perspektivës përmes mundësive të përforcuara arsimore, por edhe masa aktive ndërmarrësi, startup-e dhe përfshirje në rrjedhat aktuale të biznesit me qëllim mbajtjen e fokusit të të rinjve ndaj aktiviteteve dhe potencialeve që i ofron vendi. Ai paralajmëron edhe formimin e një ekipi të posaçëm për krijimin, implementimin dhe ndjekjed e politikave rinore në shtet.
Në mënyrë shtesë, nëse bëhet president, ministri aktual i Punëve të Jashtme, përmes një thirrje publike dhe konkurrencës së hapur, si dhe me përfshirje direkte të përfaqësuesve të organizatave rinore, paralajmëron emërinin e këshilltarit të presidentit i cili do të jetë i angazhuar ekskluzivisht në këto çështke.
Ajo që e premton Osmani, nëse zgjidhet për president është edhe zotimi për reforma dhe model arsimor, i cili siç thekson do t’i përgjigjet trendeve të reja të revolucionit teknologjik të shkaktuara nga zhvillimi i intelegjencës artificiale.
Në procesin arsimor paralajmëron se do të propozojë një sërë masash për nxitjen e kreativitetit të nxënësve dhe studentëve përmes avancimit të teknikave të mësimdhënësve dhe profesorëve, duke ofuar arsim dhe metodologji për zgjidhjen e problemeve reale përmes zhvillimit dhe nxitjes së inovacioneve.
Në program shtohet se, për këtë do të propozojë rritje të buxhetit për arsim dhe posaçërisht për veprimtari shkencoro – hulumtuese, si dhe hapje të obligueshme të qendrave hulumtuese në çdo universitet. Për këtë qëllim, thotë se planifikon t’i shfrytëzojë resurset e diasporës së kualifikuar që është në numër të konsiderueshëm.
Njëkohësisht, në pjesën e quajtur Marrëveshja Kornizë Ekonomike, ai paralajmëron edhe marrëveshje me dhjetë biznes universiteteve të ranguara më mirë në botë për dërgimin e studentëve më të mirë me bursë të plotë, me përparësi të kategorive të rrezikuara të qytetarëve.
Të rinjë e emigruar si ambasadorë më të mirë të vendit
Në programin zyrtar zgjedhor të kandidates për presidente të shtetit Biljana Vankovska, e mbështetur nga Levica, të rinjtë janë përmendur në kontekst të zhvillimit të një lloji të ri të prezantimit diplomatik për promovimin e Maqedonisë dhe mundësive të saja, ku theksohet se vendi ka krijuar edhe diasporë të re të gjeneratave më të reja, kapacitetet e të cilëve nuk janë njohur apo kultivuar, duke shtuar se ato janë ambasadorët tanë më të mirë, ndërsa se vendi nuk e ka njohur atë deri më tani.
Në këtë drejtim, në programin e Vankovskës paralajmërohet se do të inicojë një pasqyrë të plotë për të gjithë shkencëtarët, biznesmenët, artistët, profesorët dhe ekspertët të cilët janë dëshmuar në pjesë të ndryshme të botës, ndërsa më pas edhe sjelljen e një iniciative “Maqedonia pa kufij”. Përmes saj, siç shton, do t’u jepet mundësi të gjithëve jo vetëm t’i ndihmojnë Maqedonisë edhe në fushën e diplomacisë publike dhe të kulturës apo akademike, por do të jenë edhe të angazhuar në projekte të ndryshme konkrete në vend.
Ajo paralajmëron komunikim me opinionin në lidhje me ngjarjet e rëndësisë morale dhe politike, si dhe pjesëmarrje dhe mbështetje për iniciativat të cilat rrjedhin nga qytetarët dhe nga shoqatat e tyre, posaçërisht në pjesën e arsimit dhe shkencës, si dhe të mbrojtjes së kategorive të rrezikuara të qytetarëve.
Çfarë me të tjerët?
Kandidati presidencial i koalicionit “VLEN” Arben Taravari në prograimin e tij zgjedhor të titulluar si “Përbashkues” thekson vetëm se do të zotohet për krijimin e shkollave për inovacione me të cilat do të udhëheqë kabineti i presidentit, në kontekst të inovacioneve si sektor kyç për siguri dhe zhvillim të vendit.
Të rinjtë nuk mundet të gjendet në programin e kryetarit aktual të Komunës së Karposhit dhe kandidatit presidencial Stevço Jakimovski. Një pjesë e shtyllave në programin e tij kanë të bëjnë me shtetin e së drejtës, politikat ekonomike por edhe çështjet e mbrojtjes.
Programi i Maksim Dimitrievskit nuk mund të gjendet online, ndërsa edhe përkrah insistimit tonë ndaj lëvizjes “ZNAM”, deri në publikimin e tekstit nuk e kemi marrë programin zgjedhor origjinal. Por, nga ajo që e përcjellin mediat nga promovimi i fushatës së tij presidenciale, të rinjtë nuk janë të përfshirë në parimet dhe prioritetet të cilat përgjithësisht fokusohen në politikë të jashtme, mbrojtje, siguri, institucionet dhe korrupsioni.
Rrethi i parë i zgjedhjeve presidenciale do të mbahet më 24 prill. Ndërkaq, rrethi i dytë i zgjedhjeve të shtata me radhë presidenciale është paralajmëruar për më 8 maj, së bashku me zgjedhjet parlamentare. Për këtë funksion “garojnë” 7 kandidatë të cilët arritën t’i mbledhin 10.000 nënshkrimet e nevojshme. Edhe 7 kandidatë të tjerë paraprakisht kishin kandidaturë të pasuksesshme.