Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Рубриката #ШтоТиТежи постои за одговарање конкретни прашања што ги мачат младите. Група на психолози-психотерапевти ќе дадат стручно мислење и совет на прашања поставени од страна на нашите читатели, а прашањата и одговорот на психологот секој четврток ќе бидат објавувани на нашиот сајт, секако анонимно.
За некој месец ќе полнам 28 години. Повлечена сум и не сум била во сериозна врска досега. Долго време ретко излегував навечер (иако колку толку учествував на обуки, размени, настани…). Во последно време се обидувам да излегувам почесто и повеќе да земам учества во неформални активности, но со (сингл) мажите кои ќе ги сретнам, не можам да стигнам до подлабоко запознавање, бидејќи оние на кои сум им привлечна (според нивното однесување и говор на тело), како да се плашат од мене, т.е. мислам дека и јас да сум таа што ќе го преземе првиот чекор, нема да има „фајде“, бидејќи се емоционално затворени (иако не се повлечени како мене). Покрај тоа, во скоро сите случаи (освен во еден, но немаше взаемна заинтересираност) не ми се допаѓа некој потполно (т.е. или само физички или само карактерно). Се прашувам дали барам премногу, или немам осознаено со што би можела да направам компромис, или пак се плашам дека ќе бидам повредена, или потсвесно се надевам дека ќе сретнам некој што ќе ми одговара потполно, па не сакам да ја пропуштам таа можност…
Како да се поставам во иднина околу ситуацијава? Што да направам за да станам посвесна, да се приближам до себе, со цел да определам што сакам во однос на иден партнер и како да осознаам со што евентуално би можела да правам компромис?
Ти благодарам што го сподели твоето искуство. Остварувањето контакт и воспоставувањето на релации се навистина многу комплексни процеси. Во нив секогаш се вклучени сите наши лични карактеристики, на пример дали сме интроверти или екстроверти, но и нашите минати искуства како и идеите, уверувањата, фантазиите, стравовите и ставовите што ги имаме. Сите овие нешта наместо да ни помогнат некогаш може да не оневозможат во воспоставување значајни контакти со другите.
Не постојат генерални правила за тоа како да стапиме во контакт со друг. Тоа е најчесто спонтаност што сите ја имаме како можност, како потенцијал, а најлесно можеби може да си ја привикаме ако погледнеме како контактираат децата. Сите сме ја имале спонтаноста како деца. За жал во нашиот развој таа спонтаност може да биде обликувана и оневозможена на различни начини преку неадекватен одговор на нашите потреби, лишување, отфрлање или претерана заштита и контрола. Дополнително во културата и времето во кое живееме спонтаноста во контактите е оневозможена од бројни забрани и конвенции во однесувањето и очекувањата на средината. Сите овие пораки влијаат врз начинот на кој се перцепираме и доживуваме себе, односно се одразува и на самодовербата.
Во воспоставување на било каква релација се вклучени најмалку двете страни, тоа значи дека причините за тоа како се воспоставува одреден контакт и релација никогаш не зависи само од едната страна. И бидејќи кога не познаваме некого тешко може да ги знаеме однапред неговите/нејзините причини добро е да погледнеме во сопствените. Затоа те поттикнувам да истражуваш и гледаш во она што ти е потребно, што сакаш, што посакуваш? Да видиш што ти е тебе доволно и прифатливо, наспроти тоа што го очекува или воспоставува околината, некои други. Исто така можеш да видиш што е за тебе привлечно, интересно, предизвик и дали можеш да посегнеш по него. Дали има нешто што те спречува и што е тоа? Дали е тоа некое уверување? Страв или пак нешто трето? Ова повторно не е лесно, бидејќи некогаш во минатите искуства, модели може да има многу обесхрабрувачки пораки. Доколку се појават овие нешта добро е тогаш да нурнеш подлабоко во сопственото спознавање и да се обидеш да ги откриеш и разоткриеш сите блокади и застои што го оневозможуваат непреченото контактирање со околината и другите.
Самоспознавањето и себеприфаќањето може да ни помогнат во стекнување на поголема самодоверба и поголема отвореност кон другите. Тогаш полесно може да погледнеш во другите и да се запрашаш: Што ме привлекува кај другиот? Што би сакала да дознаам? Што е тоа што ми се допаѓа или што не ми се допаѓа?? Дали ме привлекува доволно за да се заинтересирам повеќе? Како можам да откријам повеќе? Експериментирањето во контактирање не мора нужно да вклучува други луѓе, може да ги истражуваш и да експериментираш со нови можности на контактирање во однос на средината – предмети и можности во околината, природата, секојдневието. Во контактирањето дозволи да бидат вклучени сите сетила. Што е тоа што го гледаш, што сакаш да допреш, како ги вкусуваш и доживуваш дразбите и предметите во твојата непосредна околина? Дали и како посегнуваш по нив? Како избираш што ќе земеш, а што ќе отфрлиш? Овие се едноставни прашања но во суштина многу зборуваат за тоа како контактираме со околината, дали си дозволуваме да ја запознаеме, да провериме со себе што ни е пријатно и што ни одговара пред да направиме избор.
Од друга страна, посегнувањето по другиот е ризикување, тоа нас не изложува на нивниот поглед за кој не знаеме многу, другиот е за нас таинствен, никогаш до крај познат. Оваа неизвесност може да предизвикува несигурност и анксиозност доколку активира наши стравови за тоа дали сме доволно добри или дали можеби ќе бидеме отфрлени. Доколку работиме на себеспознавање и прифаќање овие стравови може да се намалат или надминат и тогаш неизвесноста и таинственоста на средината и другите наместо застрашувачка може да стане предизвик за контактирање што исполнува. Тогаш се чувствуваме поспремни да го направиме првиот исчекор и контакт.
Нашиот обид за контактирање не нѐ води во директен успех, не знаеме што ќе добиеме како одговор од другата страна, дали ќе ни биде дозволено, отворено да дознаеме повеќе или ќе наидеме на затвореност. Но без првиот чекор и јаснотија во однос на нашите желби, потреби нема да знаеме. Тогаш кога контактот со некој е исполнет со возбуда, со новина, со исчекување, со желба, пријатност, задоволство тогаш знаеме дека имаме добар контакт и добра основа за развивање на релација.
Се надевам дека овие размислувања и предлози ќе предизвикаат кај тебе интерес да нурнеш подлабоко во себе и да те поттикнат да посегнеш по она што ти се допаѓа и да го откриваш светот и другите низ уживање.
Одговара Ана Блажева, психотерапевт во Здружение за психологија и психотерапија – Психотерапика. Работи како научен соработник-доцент при Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Има дипломирано психологија, а потоа магистрирано социологија и родови студии и е доктор по студии на култура. Своето образование во гешталт психотерапија го има стекнато во Гешталт институт – Скопје. Како психотерапевт се развива преку постојано стручно усовршување и размена со колеги од областа.
Фотограф: Борче Поповски
-
ÇfarëTëRëndon: Jam pothuajse 28-vjeçe dhe nuk kam pasur asnjë lidhje serioze
Rubrika #ÇfarëTëRëndon ekziston që t’i përgjigjet pyetjeve specifike që i shqetësojnë të rinjtë. Një grup i psikologëve-psikoterapeutëve do të japin mendimin profesional dhe këshilla për pyetjet e bëra nga lexuesit tanë dhe pyetjet dhe përgjigjet e psikologut do të postohen në faqen tonë çdo të enjte, gjithsesi në mënyrë anonime.
Për ndonjë muaj do të mbush 28-vjet. Jam e tërhequr dhe nuk kam qenë në një lidhje serioze deri më tani. Për një kohë të gjatë rrallë dilja natën (megjithëse, sa pa hiç, merrja pjesë në trajnime, shkëmbime, ngjarje …). Kohët e fundit jam përpjekur të përfshihem gjithnjë e më shumë në aktivitete joformale, por me burrat (beqarë) që i takoj, nuk mund të arrij në një njohje më e thellë, sepse atyre që u dukem tërheqëse (sipas sjelljes së tyre dhe gjuhës së trupit), sikur të kenë frikë nga unë, respektivisht mendoj që unë të jem ajo që do ta ndërmarrë hapin e parë, nuk do të ketë dobi për shkak se janë emocionalisht të mbyllur (edhe pse nuk janë të tërhequr sikur unë). Përveç kësaj, pothuajse në të gjitha rastet (përveç në një rast, por nuk kishte asnjë interes të ndërsjellë) nuk më pëlqen plotësisht dikush (d.m.th. ose vetëm fizikisht ose vetëm me karakter). Pyes veten nëse po kërkoj shumë, ose nuk e di se me çfarë mund të bëj kompromis, ose kam frikë se mos lëndohem, ose pavetëdije shpresoj se do të takoj dikë që do të më përshtatet plotësisht, kështu që nuk dua ta humbas atë mundësi …
Si e pozicionoj veten në të ardhmen në lidhje me këtë situatë? Çarë mund të bëj që të bëhem më e vetëdijshme, të marr veten në mënyrë që të përcaktohem se çfarë dua në lidhje me partnerin e ardhshëm dhe si të zbuloj eventualisht me çka do të mund të bëja kompromis?
Faleminderit që ndatë përvojën tuaj. Realizimi i kontaktit dhe vendosja e marrëdhënieve janë me të vërtetë procese shumë komplekse. Me to gjithnjë janë të përfshira karakteristikat tona personale, për shembull nëse jemi introvertë ose ekstrovertë, por edhe përvojat tona të së kaluarës si dhe idetë, besimet, fantazitë, frikët dhe qëndrimet tona. Të gjitha këto gjëra, në vend që të na ndihmojnë herë pas here, mund të na pengojnë të krijojmë kontakte të rëndësishme me të tjerët.
Nuk ka rregulla të përgjithshme se si të hyjmë në kontakt me dikë. Shpesh është spontaniteti që e kemi të gjithë si mundësi, si një potencial dhe më së lehti mund ta njohim nëse shohim si kontaktojnë fëmijët. Të gjithë kemi pasur spontanitet si fëmijë. Fatkeqësisht gjatë zhvillimit tonë ky spontanitet mund të formësohet dhe pamundësohet në mënyra të ndryshme përmes një përgjigjeje të papërshtatshme të nevojave tona, privimit, refuzimit ose mbrojtjes dhe kontrollit të tepruar. Përveç kulturës dhe kohës në të cilën jetojmë, spontaniteti në kontaktet është i pamundësuar nga ndalime të shumta dhe konventa në sjelljen dhe pritjet e rrethit. Të gjitha këto mesazhe ndikojnë në mënyrën se si ne perceptojmë dhe përjetojmë veten, respektivisht reflekton edhe në vetëbesimin.
Gjatë vendosjes së cilës do lidhje janë të përfshira së paku të dy anët, kjo do të thotë se arsyet për atë se si vendoset një kontakt i caktuar asnjëherë nuk varet vetëm nga një anë. Dhe meqenëse kur nuk njohim dikë vështirë se mund t’i dimë paraprakisht arsyet e tij / saj është mirë të shikojmë në ato tonat. Kështu që unë ju inkurajoj të hulumtoni dhe të shikoni se çfarë ju nevojitet, çfarë pëlqeni, çfarë dëshironi. Që të shohësh çfarë të mjafton dhe çfarë është e pranueshme për ty, në krahasim me atë që pret ose krijon rrethi, ose diçka tjetër. Gjithashtu mund të shihni se çfarë është për ty tërheqëse, interesante, sfiduese, dhe nëse mund ta arrish atë. A ka diçka që të pengon dhe çfarë është? A është kjo ndonjë bindje? Frikë apo diçka e tretë? Kjo përsëri nuk është e lehtë, sepse nganjëherë në përvojat, modelet e kaluara mund të kenë mesazhe shumë dekurajuese. Nëse këto gjëra ndodhin, atëherë është mirë të zhyteni më thellë në njohuritë tuaja dhe të përpiqeni të zbuloni të gjitha bllokimet dhe pengesat që parandalojnë kontaktin e pandërprerë me mjedisin dhe të tjerët.
Vetë-njohja dhe vetë-pranimi mund të na ndihmojnë të fitojmë vetëbesim më të madh dhe hapje më të madhe ndaj të tjerëve. Atëherë mund të shikoni më lehtë të tjerët dhe të pyesni veten: Çfarë më tërheq te tjetri? Farë do të doja të dija? Çfarë më pëlqen apo nuk më pëlqen ?? A më tërheq aq sa duhet që të interesohem më shumë? Si mund të zbuloj më shumë? Eksperimentimi në kontaktim nuk duhet domosdoshmërish të përfshijë njerëz të tjerë, mund të hulumtosh dhe të eksperimentosh me mundësi të reja të kontaktimit në lidhje me rrethin – objekte dhe mundësitë në mjedis, natyrë, përditshmëri. Në kontaktim lejo që të përfshihen të gjitha shqisat. Çfarë është ajo që sheh, çfarë do të prekësh, si i shijon dhe përjeton stimujt dhe objektet në mjedisin tënd të afërt? Nëse dhe si arrin tek ato? Si zgjedh se çfarë do të marrësh dhe çfarë të refuzosh? Këto janë pyetje të thjeshta por në thelb flasin shumë për mënyrën se si bashkëveprojmë me rrethin, nëse e lejojmë që ta njohim atë, të kontrollojmë me veten tonë se çfarë na pëlqen dhe çfarë na përshtatet para se të bëjmë zgjedhje.
Nga ana tjetër, t’i qasesh tjetrit është rrezikim, kjo na ekspozon ndaj pikëpamjes së tij për të cilin nuk dimë aq shumë, tjetri është misterioz për ne, asnjëherë plotësisht i njohur. Kjo paqartësi mund të shkaktojë pasiguri dhe ankth nëse aktivizon frikën tonë se vallë jemi mjaftueshëm të mirë apo ndoshta mund të refuzohemi. Nëse ne punojmë në vetë-njohje dhe pranim të këtyre frikrave mund të zvogëlohen ose të tejkalohen dhe atëherë paqartësia dhe fshehtësia e rrethit dhe të tjerëve në vend se të jetë frikësuese mund të bëhet sfidë për përmbushjen e kontakteve. Atëherë ndjehemi më të përgatitur për ta bërë hapin e parë dhe kontaktin.
Përpjekjet tona për kontaktim nuk na çojnë në sukses të drejtpërdrejtë, nuk dimë se çfarë do të marrim si përgjigje nga ana tjetër, nëse do të na lejohet, në mënyrë të hapur për të mësuar më tepër ose do të hasim në mbyllje. Por pa hapin e parë dhe qartësinë në dëshirat, nevojat tona, ne nuk do të dimë. Kur kontakti me dikë është i mbushur me emocione, risi, pritje, dëshirë, kënaqësi, atëherë e dimë se kemi kontakt të mirë dhe një bazë të mirë për zhvillimin e një marrëdhënieje.
Shpresoj që këto mendime dhe sugjerime t’ju frymëzojnë të zhyteni më thellë dhe t’ju inkurajojnë të arrini atë që ju pëlqen dhe të zbuloni botën dhe të tjerët përmes kënaqësisë.
Përgjigjet Anna Bllazheva, psikoterapiste në Shoqatën për Psikologji dhe Psikoterapi. Punon si bashkëpunëtor-docent i hulumtimit në Institutin e Shkencave Sociale dhe Shkencave Humane – Shkup. Ka diplomuar në psikologji dhe pastaj ka magjistruar në Sociologji dhe Studime Gjinore dhe është Doktor i Studimeve Kulturore. Arsimin e saj në psikoterapi Gestalt e mori në Institutin Gestalt – Shkup. Si psikoterapist, zhvillohet përmes zhvillimit të vazhdueshëm profesional dhe shkëmbimit me kolegët e fushës.
Fotograf: Borçe Popovski