Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Рубриката #ШтоТиТежи постои за одговарање конкретни прашања што ги мачат младите. Група на психолози-психотерапевти ќе дадат стручно мислење и совет на прашања поставени од страна на нашите читатели, а прашањата и одговорот на психологот секој четврток ќе бидат објавувани на нашиот сајт, секако анонимно.
Веќе од почеток на средно страдам со мојата слика за моето тело и некаде во втора година ме дијагнозираше мојот психијатар со булимија. Меѓутоа не се чувствував како да ми го доминира животот мојата врска со храна додека не станав анорексична во четврта година. Сега сум прва година факултет и ја имам вратено мојата килажа од прва година средно и поради тоа секој ден страдам со прејадување и повраќање. Заглавена сум во циклус кој не можам да го запрам и ми попречува во социјалниот живот. Избегавам да излагам на места каде има храна, меѓутоа се прејадувам дома тајно и се чувствувам како храната да го има обземено мојот живот. Ако јадам, не можам да учам, не можам да излезам дека ми е надуен стомакот итн. Посетувам психолог веќе 3 години што многу ми има помогнато во други области во животот меѓутоа никако не можам да ја искоренам мојата опсесија со храна и диети. Како да го скршам циклусот на прејадување и повраќање, и дали можам некогаш да држам здрава нормална диета без да претерам со гладување или прејадување?
Како да ја подобрам мојата врска со храна?
Најпрво ти благодарм на отвореноста и храброста да споделиш со нас едно прашање што е вака длабоко лично. Барањето помош за нештата кои ни тежат и не измачуваат е првиот и најважен чекор кон решавање на истите, но воедно често пати е и еден од најтешките. Од друга страна длабоко верувам дека секој од нас поседува доволно мудрост да дојде до решенијата на нешата кои го измчуваат доколу верува дека е способен да ги најде.
Булимијата претставува комплексна состојба која настанува како резултат на поголем број на психолошки, интерперсонални, социјални и надворешни фактори. Истата се карактеризира со последователни епизоди на рестрикции во исхраната, прејадување и повраќање, проследени со екстремни стравови од зголемување на телесната тежина. Овој маѓепсан круг од претерано преполнување со храна и претерано празнење може да нанесе силни последици како на самото тело, така и на целосната психолошка рамнотежа и благосостојба на личноста. Кога личноста се бори со нарушување во исхраната какво што е булимијата, животот се претвора во постојана борба помеѓу желбата да се изгуби тежина и огромната потреба од храна. Полека но сигурно, односот кон храната почнува да го доминира животот и да го диктира неговото темпо, а при тоа личноста останува долго време несвесна за тоа.
Не постои една единствена причина за појавата на булимијата. Ниската самодоверба, преголемата грижа за тежината, негативната слика на телото, високите барања од околината кои е тешко да се достигнат, како и историјата на сексуална злоупотреба се едни од најголемите и најчестите фактори, но покрај нив има и многу други фактори кои придонесуваат кон нејзиното создавање или засилување. Потешкотијата да се соочиме со некои тешки и непријатни емоции често пати е исто така дел од спрегата која доведува до тоа храната да почне да станува облик на емоционална утеха или емоционално ослободување.
Прв чекор во справувањето со булимијата е обидот да се запре постојано повторувачкиот круг на прејадување и празнење. За ова да се направи неопходно е личноста да се ослободи од стегите со кои си самонаметнува рестрикции во исхраната и да се откаже од потребата да држи рестриктивна диета. Рестриктивната диета е клучен фактор кој го активира деструктивниот циклус на булимија. Колку е построга и порестриктивна диетата толку е поголема веројатноста дека личноста ќе биде повеќе преокупирана и опседната со храната и исхраната. Колку е поголема рестрикцијата толку е поголема и тензијата која истата ја создава поради гладот и чувството на лишување. Кога таа тензија ќе ескалира до степен на неиздржливот личноста има потреба да се ослободи од истата и да ја испразни преку преку прекршување на рестрикцијата, што значи посегнување по „забранета“ храна. Храната се претвора во облик на спас или утеха, од која личноста туркана од потребата за ослободување од натрупатата тензија има потреба од повеќе и повеќе, што од своја страна доведува до прејадување. Бидејки ваквиот чин на прејадување често пати се доживува како забранет или срамен, личноста најчесто се прејадува скришно.
За жал, олеснувањето што го носи прејадувањето е многу краткотрајно, бидејки за кратко време после истото се појавуваат чувствата на вина, незадоволство, гури и гадење од себе. Во обид да ги неутрализира внесените калории личноста прибегнува кон празнење преку повраќање, несоодветно користење на лаксативи или интензивен режим на физички активности. После што повторно следи потребата да се одржи контолата преку започнување со силно рестриктивен режим на исхрана, со што само се продолжува и продлабочува заробеноста во овој круг на постојано прејадување и празнење.
Од она што ми го напиша гледам дека веќе 3 години работиш со психолог кој велиш дека ти има помогнато во многу области во животот, што е одлично. Верувам дека веќе имате развиено релација на меѓусебна доверба која те поддржува да ги изнесеш сите работи кои те мачат. Те охрабрувам да зборуваш многу отворено за сето ова со твојот психолог/психотерапевт со кој работиш, и да побараш поддршка за излегувањето од овој круг преку практични решенија. Кои би биле истите за тебе, зависи од твојот индивидуален случај и што во овој момент би било најсоодветно и најподдржувачко за тебе.
Во насока на градењето на поздрав однос кон храната би те поддржала да обрнеш внимание и станеш свесна за својот глад кога тој ќе се појави, да не чекаш да бидеш многу гладна односно да не се прегладнуваш себе си, туку напротив до себе секогаш да имаш мала здрава закуска која во тие моменти можеш да ја изедеш. Да јадеш редовно и да не се рестриктираш себе си со ригорозни диети кои само ти наштетуваат. Најмногу од се те поддржувам да вежбаш свесна присутност во тука и сега кога јадеш, да јадеш полека, смирено, без други надворешни дистракции како телевизор или телефон, да го осетиш секоја залак, полнежот на вкусот, текстурата, аромата… и задоволството кое тој ти го носи.
Како следен чекор би те поддржала да станеш свесна за чувствта и потребите кои стојат позади твоето булимичното однесување, а твојот психолог/психотерапевт може да ти помогне во ова. Од перспективата на гешталт психотерапијата булимичното однесување сметаме дека претставува обид да се справиме со “неприфатливите” чувства и потреби. Доколку личноста во текот на својот живот била во средина која не ги препознавала и не ги поддржувала одредени чувства и потреби, тоа може да доведе до нивно потиснување, како и појава на чувство на срам или вознемиреност секогаш кога овие “неприфатливи” и “оттуѓени” чувства и потреби ќе избијат на површина. Булимичното однесување привремено ја празни тензијата од нивното пробивање на тој начин што привремено ги исфрла од свесноста, но истовремено доведува до заробување на личноста во кругот на преполнување и празнење. Затоа за целосно надминување на оваа состојба е неопходна работата со стручно лице од областа на ментлното здравје (психолог, психотерапевт, психијатар) кој ќе ти помогне во откривањето на овие оттуѓени и потиснати чувства и потреби, нивното освестување и конечно интегрирање во личноста.
Уште еднаш ти благодарам за храброста да ни го донесеш ова толку важно и лично прашање. Се надевам дека овој одговор ќе ти помогне и ќе те поддржи во твојата борба со булимијата, кон целосно прифаќање и интергирање на себе со сите твои маани и прекрасни страни, во непречен личен раст и развој, и уживање во убавите нешта на животот.
*Ивана Маринчек е лиценциран психолог и гешталт психотерапевт, член на EAGT и EAP, и лиценциран кариерен советник (GCDF). Својата психотераписка пракса ја спроведува во рамките на Здружението за психологија и психотерапија Психотерапика, а воедно е и психотерапевт-едукатор во рамките на групите за едукација и раст и развој при Гешталт Институт Скопје, како и национален психолог супервизор на МЕНСА Македонија. Позади себе има долгогодишно искуство во работа со млади кое го има стекнато низ својата работа како во формалното образование, така и во неформалното образование и НВО секторот. Таа е долгогодишен волонтер и активист на Црвениот крст, како и национален инструктор на програмата ЦКА-ПХВ, која е програма за едукација и личен развој на млади.
-
ÇfarëTëRëndon: Disa vite luftoj me bulimi – si thyej ciklin e ngrënies së tepërt dhe vjelljes?
Rubrika #ÇfarëTëRëndon ekziston për të dhënë përgjigje në pyetje konkrete, të cilat i mundojnë të rinjtë. Një grup psikologë – psiko – terapeutikë do të japin mendim profesional dhe këshilla për pyetje të parashtruara nga lexuesit tanë, ndërsa pyetjet dhe përgjigjja e psikologut çdo të enjte do të publikohen në ueb faqen tonë, sigurisht në mënyrë anonime.
Tani më nga fillimi i shkollës së mesme vuaj nga imazhi i trupit tim dhe diku nga viti i dytë psikiatri im më diagnostikoj me bulimi. Mirëpo, nuk ndihesha sikur po më dominon jetën, lidhja ime me ushqimin derisa nuk u bëra anoreksike në vitin e katërt. Tani jam viti i parë në fakultet dhe i kam kthyer kilogramët nga viti i parë shkollë e mesme dhe për këtë gjë përditë vuaj nga ngrënia e ushqimit të tepërt dhe vjellja. Kam ngecur në një cikël të cilin nuk mund të ndal dhe më pengon në jetën time sociale. Nuk dal në vende ku ka ushqim, mirëpo ha shumë në shtëpi fshehurazi, dhe ndihem sikur ushqimi ka kapur gjithë jetën time. Nëse ha, nuk mund të mësoj, nuk mund të dal sepse e kam të fryrë barkun etj. Vizitoj psikolog tani më 3 vite, gjë që më ka ndihmuar shumë në fusha të tjera të jetës, mirëpo assesi nuk mund të çrrënjos opsesionin tim me ushqimin dhe dietat. Si të thyej ciklin e ngrënies së tepërt dhe vjelljes dhe a do të mund ndonjëherë të mbaj dietë normale të shëndetshme pa tepruar me urinë ose ngrënien e tepërt?
Si të përmirësoj lidhjen time me ushqimin?
Fillimisht të falënderoj që je e hapur dhe e guximshme të ndash me ne një çështje që është kaq thellësisht personale. Kërkimi i ndihmës për gjërat të cilat na rëndojnë dhe na mundojnë është hapi i parë drejt zgjidhjes së problemeve, por njëkohësisht shpesh herë edhe një nga hapat më të vështirë. Nga ana tjetër thellësisht besoj se secili nga ne posedon mençuri të mjaftueshme të vijë deri tek zgjidhjet për gjërat që na mundojnë, nëse besojmë se jemi të aftë për këtë.
Bulimia paraqet gjendje komplekse, e cila shkaktohet si rezultat i numrit më të madh të faktorëve psikologjik, inter personal, social dhe faktorë të jashtëm. E njëjta karakterizohet me episode të njëpasnjëshme të restrikcioneve në ushqim, konsum të tepërt të ushqimit dhe vjellje, të shoqëruara me frikë ekstreme për rritjen e peshës trupore. Ky rreth magjik nga konsumi i tepërt i ushqimit dhe zbrazjes së tepërt mund të shkaktojë pasoja të fuqishme si mbi trupin, ashtu edhe mbi gjithë baraspeshën psikologjike dhe mirëqenien e personit. Kur personi lufton me çrregullimet në ushqim siç është bulimia, jeta shndërrohet në luftë të vazhdueshme ndërmjet dëshirës të humbni në peshë dhe nevojës së madhe për ushqim. Ngadalë por sigurt, raporti ndaj ushqimit fillon të dominojë jetën dhe të diktojë tempon e tij, ndërsa gjatë kësaj personi gjatë kohë nuk është i vetëdijshëm për këtë.
Nuk ekziston asnjë shkak i thjeshtë për paraqitjen e bulimisë. Vetëbesimi i dobët, kujdesi tepër i madh për peshën, imazhi negativ për trupin, kërkesat e larta nga rrethina të cilat janë vështirë të arrihen, si dhe historia e keqpërdorimit seksual janë një nga faktorët më të mëdhenj dhe më të shpeshtë, por përpos tyre ka edhe shumë faktorë të tjerë të cilët kontribuojnë ndaj krijimit dhe përforcimit të tij. Vështirësia të ballafaqohemi me disa emocione të rënda dhe të pa këndshme, shpesh herë, gjithashtu është pjesë e luftës e cila rezulton me atë ushqimi të fillojë të bëhet formë e ngushëllimit emocional ose çlirimit emocional.
Hapi i parë në ballafaqimin me buliminë është përpjekja të ndalojë rrethi i vazhdueshëm përsëritës i konsumit tepër të madh të ushqimit dhe vjelljes. Që të bëhet kjo duhet, personi të lirohet nga kanxhat me të cilat i vetë imponon restrikcionet në ushqimin dhe të heqë dorë nga nevoja të mbajë dieta restriktive. Dieta restriktive është faktori kryesor i cili e aktivizon ciklin destruktiv të bulimisë. Sa më e rreptë dhe të restriktive të jetë dieta aq më e madhe është mundësia se personi do të jetë më i preokupuar dhe më i opsesionuar me ushqimin dhe ushqyerje. Sa më i madh është restrikcioni aq më i madh është edhe tensioni të cilin e shkakton ai për shkak të urisë dhe ndjenjës së privimit. Kur ky tension do të eskalojë deri në shkallë të mos durimit, personi ka nevojë të lirohet nga i njëjti dhe ta zbrazë nëpërmjet shkeljes së restrikcionit, që do të thotë të përdorë ushqimin “e ndaluar”. Ushqimi shndërrohet në formë të shpëtimit dhe ngushëllimit, nga i cili personi duke u nisur nga nevoja për çlirim nga tensioni i grumbulluar ka nevojë për më tepër dhe më tepër, që nga ana e saj rezulton me konsum të tepërt të ushqimit. Për shkak se akti i këtillë i konsumit të madh të ushqimit shpesh përjetohet si i ndaluar ose i turpshëm, personi zakonisht ha fshehurazi.
Për fat të keq, lehtësimi që e bart me vete ngrënia e tepërt është shumë afatshkurtër, sepse për kohë të shkurtë pas të njëjtës, paraqitet ndjenja e fajësisë, pakënaqësisë, madje edhe vjellje nga vetja. Në përpjekje të neutralizojë kaloritë e konsumuara, personi zbrazet nëpërmjet vjelljes, përdor në mënyrë jo përkatëse laksativë ose regjim intensiv të aktivitetit fizik. Pas çka përsëri vijon nevoja për të mbajtur kontroll nëpërmjet fillimit me regjim të fuqishëm restriktiv të ushqimit, me çka vetëm se vazhdohet dhe thellohet robërimi me këtë rreth të mbi ngrënies së madhe dhe zbrazjes.
Nga kjo që ma ke shkruar mund të shoh se tani më 3 vjet punon me psikolog për të cilin thua se të ka ndihmuar në shumë fusha të jetës, që është shkëlqyeshëm. Besoj se tani më keni zhvilluar relacione në besimit të ndërsjellë që të mbështet të shprehësh të gjitha gjërat që të mundojnë. Të inkurajoj të flasësh shumë hapur për këtë me psikologun / psiko – terapeutin tënd me të cilin punon, dhe të kërkosh mbështetje për të dalë nga ky rreth nëpërmjet zgjidhjeve praktike. Të cilat do të kishin qenë të njëjta për ty, varësisht nga rasti jot individual dhe çdo të ishte më përkatëse dhe më e qëndrueshme, për momentin, për ty.
Në drejtim të ndërtimit të raportit më të shëndetshëm ndaj ushqimit do të kisha mbështetur të kesh kujdes dhe të bëhesh më e vetëdijshme ndaj urisë tënde kur do të paraqitet, mos presësh të jesh shumë e uritur, përkatësisht mos e lësh veten të uritur, por përkundrazi afër vetes çdo herë të kesh ushqim të shëndetshëm, që në ato momente do të mund ta hash. Të hash rregullisht dhe mos vendosësh restrikcione ndaj vetes me dieta rigoroze, të cilat të shkaktojnë vetëm dëm. Më së shumti se çdo gjë, të mbështes të ushtrosh prezencën e vetëdijes në këtu dhe tani kur ha, të hash ngadalë, e qetë, pa shqetësime të tjera të jashtme si televizor ose telefon, të ndjesh çdo kafshatë, ushqimin në gojë, teksturën, aromën… dhe kënaqësinë që ushqimi ta fal.
Si hap të radhës do të kisha mbështetur të bëhesh e vetëdijshme për ndjenjat dhe nevojat të cilat qëndrojnë mbrapa sjelljes tënde bulimike, ndërsa psikologu / psiko terapeuti tënd mund të të ndihmojë me këtë. Nga perspektiva e geshtalt psikoterapisë, sjellja bulimike konsiderohet se paraqet përpjekje të ballafaqohemi me ndjenjat dhe nevojat e “pa pranueshme”. Nëse personi gjatë jetës së tj ka qenë në mjedis që nuk i ka identifikuar dhe nuk i ka mbështetur ndjenja dhe nevoja të caktuara, kjo mund të rezultojë me inhibimin e tyre, si dhe me paraqitjen e ndjenjës së turpit ose shqetësimit çdo herë kur këto ndjenja dhe nevoja të “pa pranueshme” dhe të “huaja” do të dalin në sipërfaqe. Sjellja bulimike, përkohësisht e zbraz tensionin nga dalja e tyre në sipërfaqe, në atë mënyrë që përkohësisht i nxjerr nga vetëdija, por njëkohësisht rezulton me robërimin e personit në rreth me stër mbushje me zbrazje. Prandaj, për tejkalim të plotë të kësaj gjendje, nevojitet punë me person profesional nga fusha e shëndetit mental (psikolog, psiko terapeut, psikiatër etj.) i cili do të ndihmojë në zbulimin e këtyre ndjenjave dhe nevojave të tjetërsuara, vetëdijesimin e tyre dhe integrimin përfundimtar në personalitetin.
Edhe njëherë të falënderoj për guximin të na e paraqesësh këtë çështje kaq të rëndësishme dhe personale. Shpresoj se kjo përgjigje do të ndihmojë dhe do të mbështesë në luftën tënde me buliminë, ndaj pranimit dhe integrimit të plotë në vete me të gjitha manatë dhe anët tënde të bukura, me zhvillim dhe rritje personale të pa penguar dhe kënaqje në gjërat e bukura të jetës.
*Ivana Marinçek është psikologe e licencuar dhe geshtalt psiko terapeut, anëtare e EAGT dhe EAP dhe këshilltare karriere e licencuar (GCDF). Praktikën e saj si psiko terapeutik e realizon në kuadër të Shoqatës për psikologji dhe psiko terapi Psikoterapikë, ndërsa njëkohësisht është edhe psioterapeut – edukator në kuadër të grupeve për edukim dhe rritje dhe zhvillim pranë Geshtalt Institutit Shkup, si dhe psikolog nacional mbikëqyrës i MENSA Maqedoni. Mbrapa vetes ka përvojë të gjatë në punën me të rinjtë të cilën e ka fituar nëpërmjet punës së saj si në arsimin formal, ashtu edhe në arsimin joformal edhe në OJQ sektorin. Ajo është vullnetare shumëvjeçare dhe aktiviste e Kryqit të kuq, si dhe instruktor nacional i programit CKA – PHV, program për edukim dhe zhvillim personal të të rinjve.