Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Рубриката #ШтоТиТежи постои за одговарање конкретни прашања што ги мачат младите. Група на психолози-психотерапевти ќе дадат стручно мислење и совет на прашања поставени од страна на нашите читатели, а прашањата и одговорот на психологот секој четврток ќе бидат објавувани на нашиот сајт, секако анонимно.
Што ми тежи? Сексуално злоставување од страна на 2 личности во тек на моето детство. Бев на возраст од 5 и 7 години. Голем дел од детството не знаев што се случило отпосле сфатив и прифатив. Личностите ми се во близина, ја знам нивната ситуација ги гледам често, ме гледаат ко да не знаат. Факт е дека и тие беа деца, но дали е тоа оправдување? Не сакам да простам, сакам да им е лошо. Ме прави тоа лош човек? Се чувствувам како јас да патам најмногу. Го прифатив тоа што се случи не можам да го сменам но секојдневно се будам со терет во градите. Влијае на моите врски, не можам да бидам интимна со никој. Не сакам да посетам психолог бидејќи повеќето од тие што ги запознав се морони и не ми се свиѓаат. Те чуе, ама не те слуша. Препишува витамини и препорачува сон. (no shit sherlock) Ми треба тотално прочистување на душата, како дете верата ми помагаше, атеист сум.
Како да се справам со траума од детството која комплетно го поремети мојот начин на размислување и влијае на мојот секојдневен живот, без да одам на психолог? Или ако сметате дека сепак треба да разговарам со некој, препорака за психолог што не е комплетен морон.
Драга,
Навистина храбро од твоја страна што зброруваш отворено за твојата длабока рана, навистина не е лесно. Како што и самата си осетила, оваа тема што ја носиш како незавршена и толку длабока за повеќето кои биле на твоето место најчесто решаваат и понатаму да не се сеќаваат. Но, не и ти. Храброст е со свесноста на повредата да се живее. Во исто време верувам дека тоа бара едно постојано движење на пронаоѓање излез за да почнеш некако послободно да дишеш. Затоа што сите имаме право на послободен живот.
Првиот момент кога некој ќе се сети дека бил жртва на сексуално вознемирување, е моментот кога се трга браната која долго време како зид се гради, и кога сето тоа она што се задржувало одеднаш како поплава почнува да тресе и поплавува се пред себе. Тоа е моментот, кога почнува посилно од кога и да е повторно во сегашноста на мигот, да се чувствува истата болката на сторената повреда која дотогаш била забранета и скриена од себе. Затоа и при наплив на такво страдање во кое тешко доаѓа до некаква разрешница, тешко е да се стои со отворени очи и да се гледа без притоа повторно и повторно да се преживува истото нарушување на личниот интегритет.
Можеби си го прифатила фактот дека се случило, можеби и рационално просудуваш дека и ти и твоите злоставувачи сте биле несозреани (што не им ја одзема одговорност за сторениот акт) и треба да им се прости поради тоа, но слушам како душата постојано да ти моли за правда за да почне да се чувствува дека некако почнува да зацелува. Сексуалното вознемирување се случува без дозвола од жртвата, во ситуација кога таа е притисната во простор без избор, од позиција на моќ и манипулација. Жртвите на сексуално вознемирување длабоко во себе ја чувствуваат потребата за пронаоѓање на определена правда за раната да почне да им заздравува. Како што и самата велиш дека осеќаш огромна потреба да ја добиеш правдата. Оваа траума ти го има одбележано цел твој живот, сигурно и често се идентификуваш со неа. Затоа е значајно да работиш со некој кој нема да се исплаши од твојата траума/приказна, кој ќе те разбере и нема да те осудува, кој ќе те заштити од тие минати, а толку живи сеништа овозможувајќи ти пристап до сè она што постои како квалитет во тебе, но не може да се изрази поради огромната блокада која ја создава траумата. Доколку родителот/родителите не можат да ја обезбедат сигурноста и да ја повратат довербата во светот, тогаш може одредени услови за соочување и прифаќање да бидат обезбедени и од психотерапевт кој ќе биде спремен да ти обезбеди сигурно и дозволено преживување без повторна трауматизација.
Најзначајно кај надминување на сексуалното вознемирување, посебно кога се случува во раните години од развојот, е детето да има некој кој би го заштитил и би се борел да ја истера неправдата до крај, а притоа не би ја обвинувал жртвата, сопственото дете за било какво учество и не би креирал „самата си ја барала“ ситуација, туку би презел директни мерки за заштита од понатамошни злоставувања и траумирања. За да некој сексуално вознемирува дете на таа возраст, и тоа во неколку наврати, може да укаже на отсуство на згрижувачки родители, родители кои не се свесни за случувањата на сопственото дете, родители кои дозволувале несвесно без грижа вакви работи да се случуваат. Можеби и во самото твое семејство, степенот на трауматизација и фрагментација е голем, да не може никој да биде соодветна поддршка во вака тешка ситуација за тебе. Понекогаш ваквото семејство и самото може да создаде една хронична траума за запоставување и негрижа. А траумите си се налепуваат една на друга како врзани садови и го интензивираат ефектот на повредата.
Траумата преставува безизлезна ситуација која генерира огромна вознемиреност, во која не постои телесен излез и во која телесниот одговор се замрзнува во присуство на постојана немоќ. Ваквото незавршено телесно движење кое инаку би ја растеретило огромната вознемиреност, останува во телото во обид да најде некоја разрешница, да најде излез од самата ситуација. Таа заледеност и неподвижност е пропратена со промени во менталната состојба, телесна дисоцијација, дури и мисловни дереализации и деперсонализации. Телесниот контакт на трауматизирани лица со несигурна и хостилна средина од ресурс за соочување и спротивставување најчесто се трансформира во интензивно чувствување на страв и немоќ. Затоа многу значајна е поддршката да се надмине траумата, нешто кое за жал ти велиш дека не го поседуваш, посебно не си го поседувала тогаш кога самиот настан се има случено и периодот потоа. Колку и умот, рационалното да смета дека збиднувањата се случиле во минатото и дава привид дека се надминала повредата, сепак, емоцијата заробена во телото поради големата повреда, останува да опстојува и да се активира при секој можен тригер во навидум сигурна ситуација која за жртвата на сексуалното вознемирување знае да претставува силна опасност. Така и најчесто капацитетот за поврзување, за остварување на интимност останува осуетен. Постои силна желба за поврзување и блискост, но многу тешко се реализира и се дозволува. Нешто што и ти го носиш како свое искуство во своето прашање.
Сексуалното вознемирување и злоупотреба знаат силно да го нарушат психо-телесниот интегритет на личноста, доколку долго останат во тајноста на случувањата, и доколку останат само лична вистина, нераскажана и несподелена. Затоа, пристапот во работа со ваква телесна траума, не може да се базира само на вербална дијалошка терапија, туку е потребно да го вклучува и телото и интензивните емотивни преживувања кога ќе се појават. Ваквиот интегриран психо-телесен пристап овозможува првенствено поддршка на ритамот на клиентот преку обезбедување на чувство на сигурност и доверба во терапевтот и процесот. Затоа многу е значаен првичнипот контакт на клиентот во присуството на терапевтот, кој би требал да биде пријатен и без притисок за отварање и споделување.
Ранетото „Јас“ на клиентот во терапискиот процес на почетокот се заштитува и го одржува интегритетот на начин на кој се заштитува преку поттиснување и оддалечување од сè она што може да придонесе кон повторна ретрауматизација, и полека низ процесот се движи од една неподвижност и пасивизација кон трансформација преку активност, преку реактивирање на блокираните заштитни дејствија, од најчестото и најприфатено преживување на „јас сум контролирана“ кон ситуација на „јас контролирам“. Во рамки на терапискиот процес терапевтот на клиентот му овозможува да си ја обезбеди својата оптимална телесна дистанца во однос на него, му ги препознава и поддржува спонтаните движења, го следи и се синхронизира со неговите физиолошки преживувања, ги следи микрореакциите на поврзување и раздвојување, и го поддржува пројавениот телесен автоконтакт. Не се препорачува терапевтот да бара преголема телесна блискост, или далечина, да го контролира процесот, да стимулира интензивни емоции, да предизвикува крајно опуштање, да го прекинува споделувањето на клиентот, да го допира клиентот по сопствена иницијатива.
Во рамки на терапискиот процес треба да се внимава на преголема активација, и понекогаш е посоодветно да се тргне од неподвижноста која клиентот ја чувствува за да истата ја доживее целосно емоционално во една сигурна релациска средина. Понекогаш долго се трага и се рекреаираат сцените на трауматичниот настан, и потребна е постојаност и присутност на сè она што клиентот ќе донесе, без терапевтот да се уплаши туку да го има капацитетот сето тоа да го собере, преработи и врати како значење на клиентот.
Процесот на зацелување е долг, и можеби никогаш нема да се избришат сеќавањата, но можно е да живеат со многу послаб интензитет ослободени од тиранијата на немоќта во поголема слобода на движењето и живеењето. Ти не си само жртва, ти си некој кој преживеал, а најмногу некој кој сака да живее. Потребно ти е да пронајдеш сила и дозвола да се идентификуваш со некој поспособен и посилен аспект на себе. Јас верувам дека тоа ќе го доживееш еден ден. Ти посакувам со сопствената приказна да бидеш инспирација и светлина за многумина кои го поминуваат она што ти го поминуваш сега и учејќи како да бидеш поддршка за себе, бидеш пример дека тоа е возможно.
* Радмила Живановиќ е лиценциран психолог- психотерапевт (EAGT/ECP), магистер по комуникации. Својата психотераписка пракса ја спроведува во рамките на Психотерапика – Здружение за психологија и психотерапија преку која негува и развива интегративен пристап во програмите за психоедукација, психотерапија и советување. Учествувала и организирала многубројни јавни, медиумски и конференциски презентации и психоедукации поврзани со развојот на менталното здравје на граѓаните, со акцент на деца, млади и нивните семејства. Има искуство со координирање неколку психоедукативни рубрики заедно со тим на колеги психолози-психотерапевти. Живановиќ e aктивен член на управниот одбор на Комора на психолози и организатор на дел од програмите за унапредување и промоција на професијата и приватна пракса, и на Денови на Психологија, платформа за психолошки активизам во однос на унапредување на менталното здравје.
Контакт: radmila.zivanovic@gmail.com, psihoterapika@gmail.com
ÇfarëTëRëndon: Abuzim seksual nga dy persona gjatë fëmijërisë sime
Rubrika #ÇfarëTëRëndon ekziston për të dhënë përgjigje në pyetje konkrete, të cilat i mundojnë të rinjtë. Një grup psikologë – psiko – terapeutikë do të japin mendim profesional dhe këshilla për pyetje të parashtruara nga lexuesit tanë, ndërsa pyetjet dhe përgjigjja e psikologut çdo të enjte do të publikohen në ueb faqen tonë, sigurisht në mënyrë anonime.
Çfarë më rëndon? Abuzim seksual nga dy persona gjatë fëmijërisë sime. Isha në moshën nga 5 deri në 7 vjet. Pjesë të madhe të fëmijërisë time, nuk e dija çfarë ka ndodhur më pas e kuptova dhe e pranova. Personat janë në afërsi, e di situatën e tyre i shoh shpesh, më shohin sikur nuk e dinë. Është fakt se edhe ata ishin fëmijë, por a i arsyeton kjo? Nuk dua të fal, dua të ndihen keq. A më bën kjo njeri të keq? Ndihem sikur unë vuaj më shumë. E pranova atë që ndodhi, nuk mund ta ndryshoj por përditë zgjohem me një barë në kraharor. Ndikon në lidhjet time, nuk mund të jem intime me asnjë. Nuk dua të vizitoj psikolog sepse shumica e atyre që i njoh janë të këqij dhe nuk i pëlqej. Të dëgjon, por nuk të kupton. Të shkruan vitamina dhe të rekomandon gjumë. (no shit sherlock) Më duhet pastrim i plotë i shpirtit, si fëmijë më ndihmonte feja, jam ateist.
Si të ballafaqohem me traumën nga fëmijëria e cila tërësisht e çrregulloi mënyrën time të mendimit dhe ndikon në jetën time të përditshme, pa shkuar në psikolog? Edhe pse mendoj se megjithatë, duhet të bisedoj me dikë, rekomandim për psikolog që nuk është tërësisht trap (moron).
E dashur,
Vërtet është e guximshme nga ana jote të flasësh hapur për plagën tënde të thellë, vërtet nuk është e lehtë. Siç ke ndier edhe vetë, kjo temë të cilën e mban si të pa përfunduar dhe kaq thellë, për shumicën të cilët do të kishin qenë në vendin tënd, do të kishin vendosur të mos e kujtojnë më. Por, jo edhe ti. Guximi është në vetëdijen për lëndimin të jetohet. Njëkohësisht, besoj se kjo kërkon një lëvizje të vazhdueshme të gjetjes së rrugëdaljes që të fillosh disi të frymosh më lirë. Sepse të gjithë kemi të drejtë për jetë më të lirë.
Momenti i parë kur dikush do të kujtohet se ka qenë viktimë e abuzimit seksual, është momenti kur hiqet barriera e cila kohë të gjatë ndërtohet si mur, dhe kur e gjithë ajo që e ka mbajtur atje, përnjëherë si vërshim fillon të lëkundë dhe vërshojë gjithçka para vetes. Ky është momenti, kur fillon më fuqishëm se kurdo qoftë, përsëri në këtë çast të ndihet dhimbja e njëjtë e lëndimit të kryer e cila deri më tani ka qenë e ndaluar dhe e fshehur nga vetja. Gjatë kësaj edhe vrulli i vuajtjes së këtillë gjatë së cilës vështirë se ndodh ndonjë epilog, është vështirë të qëndrohet me sy të hapur dhe të shihet dhe të përjetohet përsëri dhe përsëri i njëjti abuzim i integritetit personal.
Ndoshta e ke pranuar faktin se ka ndodhur, ndoshta edhe gjykon në mënyrë racionale se edhe ti dhe abuzuesit tënd keni qenë të pa rritur ( që nuk jua heq përgjegjësinë për aktin e kryer) dhe duhet nuk duhet tu falet për këtë, por dëgjoj se si shpirti vazhdimisht të lut për drejtësi, që të fillojë të ndihet dhe disi të fillojë të shërohet. Abuzimi seksual ndodh pa lejen e viktimës, në situatë kur ajo është e shtypur në hapësirë pa zgjedhje, nga pozita e fuqisë dhe manipulimit. Viktimat e abuzimit seksual thellë në vete e ndiejnë nevojën për gjetjen e drejtësisë së caktuar që plaga e tyre të fillojë të shërohet. Siç thua edhe vetë tani ndien nevojë të madhe të fitosh drejtësi. Kjo traumë të ka njollosur për gjithë jetën, sigurisht edhe shpesh identifikohesh me këtë. Prandaj është me rëndësi të punosh me dikë që nuk do të trembet nga trauma / tregimi jot, i cili do të të kuptojë dhe nuk do të gjykojë, i cili do të mbrojë nga hijet e të kaluarës ndërsa aq të gjalla duke të mundësuar qasje drejt gjithë asaj që ekziston si cilësi në ty, por nuk mund të shprehet për shkak të bllokimit të madh të e krijon trauma. Nëse prindi / prindërit nuk mund të ta sigurojnë këtë siguri dhe të kthejnë besimin tek bota, atëherë kushte të caktuara të ballafaqimit dhe pranimit mund të sigurohen edhe nga psikoterapeut i cili do të jetë i gatshëm të të sigurojë tejkalimin e sigurt dhe të lejuar pa përsëritjen e traumës.
Më me rëndësi është të tejkalohet abuzimi seksual, në veçanti kur ndodh në vitet e hershme të zhvillimit, ndërsa fëmija të ketë dikë që i mbron dhe do të luftojë të përzërë padrejtësinë deri në fund, ndërsa gjatë kësaj nuk do të akuzojë viktimën, fëmijën e vet për ndonjë ndjenjë dhe nuk do të krijojë “vetë e ke kërkuar” situatën, por do të ndërmarrë masa të drejtpërdrejta për mbrojtje nga abuzimi dhe trauma të mëtutjeshme. Për të abuzuar seksualisht dikush, fëmijë në atë moshë, edhe atë disa herë, mund të sugjerojë për mungesë të kujdesit prindëror, prindër të cilët nuk janë të vetëdijshëm për ndodhitë e fëmijës së vet, prindër të cilët lejojnë në mënyrë të pavetëdijshme pa kujdes, të ndodhin gjëra të këtilla. Ndoshta edhe në familjen tënde, shkalla e traumës dhe fragmentimit është e madhe, që askush nuk mund të jetë mbështetje përkatëse në situatë kaq të vështirë për ty. Ndonjëherë familja e këtillë edhe vetë mund të krijojë traumë kronike për neglizhim dhe pakujdes. Ndërsa traumat ngjiten njëra pas tjetrës si enë të lidhura dhe e intensifikojnë efektin e lëndimit.
Trauma paraqet situatë pa rrugëdalje e cila garanton shqetësim të madh, ku nuk ekziston rrugëdalje trupore dhe në të cilën përgjigjja trupore pezullohet në prezencën e pafuqisë së vazhdueshme. Lëvizja e këtillë e pa përfunduar trupore, e cila për ndryshe do të kishte shkarkuar shqetësimin e madh, ngel në trup në përpjekje të gjejë epilog, të gjejë rrugëdalje nga vetë situata. Kjo ngrirje dhe mos lëvizje shoqërohet, me ndryshime në gjendjen mentale, disocim trupor, madje edhe derealizime, madje edhe derealizime mendore dhe depersonalizime. Kontakti trupor i personave të traumatizuar me mjedis të pasigurt dhe hostil nga resurs për ballafaqim dhe kundërshtim zakonisht transformohet në ndjenjë intensive të frikës dhe pa fuqisë. Prandaj shumë e rëndësishme është mbështetja për tu tejkaluar trauma, diçka që për të cilën për fat të keq thua se nuk e posedon, në veçanti nuk e ke poseduar atëherë kur vetë ngjarja ka ndodhur dhe një periudhë pas asaj. Sado që mendja, në mënyrë racionale të mendojë se ngjarjet kanë ndodhur në të kaluarën dhe tregon se lëndim ka tejkaluar, megjithatë, emocioni i robëruar në trup për shkak të lëndimit të madh, ngel të mbijetojë dhe të aktivizohet gjatë çdo shqetësimi të mundshëm në situatë kinse të sigurt e cila për viktimën e abuzimit seksual di të paraqesë rrezik të fuqishëm. Kështu edhe kapaciteti zakonisht për lidhje, për realizimin e intimitetit mungon. Ekziston dëshirë e fuqishme për lidhje dhe afërsi, por shumë vështirë realizohet dhe lejohet. Diçka që edhe ti e mban si përvojë tënde në pyetjen tënde!
Abuzimi seksual dhe ngacmimi dinë fuqishëm të rrezikojnë integritetin psiko – trupor të personit, nëse gjatë ngelin në fshehtësi të ngjarjeve dhe nëse ngelin vetëm e vërtetë personale, e pa treguar e pa shpërndarë. Prandaj, qasje në punën me traumë të këtillë trupore, nuk mund të bazohet vetëm në terapi me dialog verbal, por duhet të përfshihet edhe trupi dhe përjetimi emocional dhe intensiv kur do të paraqiten. Qasja e këtillë e integruar psiko – trupore mundëson fillimisht mbështetje të ritmit të klientit nëpërmjet sigurimit të ndjenjës së sigurisë dhe besim në terapistin dhe procesin. Prandaj, është shumë e rëndësishëm kontakti fillestar i klientit në prezencë të terapistit i cili duhet të jetë mik dhe pa presion për hapje dhe ndarjen e përvojës.
“Unë” i plagosur i klientit në procesin terapeutik në fillim mbrohet dhe e mban integritetin e mënyrës me të cilin mbrohet nëpërmjet shtypjes dhe largimit nga e gjithë ajo që mund të kontribuojë drejt ri traumatizimit të përsëritur, dhe ngadalë nëpërmjet procesit të lëvize nga një aktivitet i palëvizshëm dhe pasiv drejt transformimit nëpërmjet aktivitetit, nëpërmjet riaktivizimit të veprimeve mbrojtëse të bllokuara, nga përjetimi më i shpeshtë dhe më i pranueshëm i “unë jam e kontrolluar” ndaj situatës “unë kontrolloj”. Në kuadër të procesit terapeutik terapisti klientit i mundëson të sigurojë distancën e tij optimale në raport me të, ja identifikon dhe mbështet lëvizjet spontane, e ndjek dhe sinkronizohet me mbijetesën e tij fiziologjike, i ndjek mirko reagimet e lidhjes dhe veçimit dhe mbështet autokontaktin e paraqitur trupor. Nuk rekomandohet terapisti të kërkojë afërsi më të madhe trupore ose largësi, të kontrollojë procesin, të stimulojë emocione intensive, të shkaktojë dëmtim të përhershëm, të ndërpresë fjalën e klientit, të prekë klientin me iniciativë të tij.
Në kuadër të procesit terapeutik, duhet kushtuar vëmendje e madhe aktvizimit dhe ndonjëherë edhe në mënyrë më përkatëse të niseni nga pa lëvizshmëria të cilën klienti e ndien që të njëjtën ta përjetojë tërësisht emocionalisht në një mjedis të sigurt dhe të relaksuar. Ndonjëherë gjatë kërkohet edhe të rikrijohet skena e ngjarjes traumatike, dhe duhet vazhdimisht, prezenca e gjithë asaj që klienti do ta sjellë, pa u frikësuar terapisti por të ketë kapacitetin të gjithë këtë ta grumbullojë, përpunojë dhe ta kthejë si diçka të rëndësishme te klienti.
Procesi i shërimit është i gjatë dhe ndoshta asnjëherë nuk do të fshijnë kujtimet, por mund të jetojnë me intensitet shumë më të dobët të liruar nga tirania e pafuqisë në masë më të madhe liria e lëvizjes dhe jetesës. Ti nuk je vetëm viktimë, ti je dikush që ka mbijetuar, ndërsa më shumë dikush që dëshiron të jetojë. Duhet të gjesh fuqi dhe leje të identifikohesh me ndonjë aspekt më të aftë dhe më të fuqishëm në vete. Unë besoj se këtë do ta përjetosh një ditë. Të uroj me tregimin tënd të jesh inspirim dhe dritë për shumë veta të cilët kanë kaluar atë që ti e përmend tani dhe duke mësuar si të jesh mbështetje për veten, të jesh shembull se kjo është e mundshme.
* Radmilla Zhivanoviq është psikologe – psiko terapeut i licencuar (EAGT/ECP), magjistër i komunikimeve. Anëtare aktive e këshillit drejtues të Odës së psikologëve dhe organizatore e një pjese të programeve për avancim dhe promovim të profesionit dhe praktikës private, dhe Ditës së psikologjisë, platformë për aktivizëm psikologjik në lidhje me avancimin e shëndetit mental. Ka dhe zhvillon qasje integrative në programet për pskoedukim, psikoterapi dhe këshillim. Ka marrë pjesë dhe ka organizuar shumë prezantime publike, mediatike dhe konferenca dhe psiko edukime në lidhje me zhvillimin e shëndetit mental të qytetarëve, me theks mbi fëmijët, të rinjtë dhe familjet e tyre.