Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Рубриката #ШтоТиТежи постои за одговарање конкретни прашања што ги мачат младите. Група на психолози-психотерапевти ќе дадат стручно мислење и совет на прашања поставени од страна на нашите читатели, а прашањата и одговорот на психологот секој четврток ќе бидат објавувани на нашиот сајт, секако анонимно.
Како интровертна личност, сметав дека изолацијава нема којзнае колку да ми пречи. Си реков, супер, сега ќе имам време да се посветам на себе, ќе готвам, ќе вежбам, ќе цртам и правам некои активности што претходно само ги гледав на Јутјуб. И тоа траеше до првата недела од изолацијата. Еве веќе трета недела, а јас немам желба за ништо. Знам дека има работи што може да се направат, но јас немам волја ништо од тоа да го направам. Излегувам да се прошетам, да се излуфтирам и се враќам после неколку круга, бидејќи ми нема поента кога не сум лично со најблиските (освен виртуелно). Сепак ми фали разговорот лице в лице со моите дома, бидејќи живеам сама. Другарките и колегите исто така фалат. На работа ги извршувам сите задачи на време од дома, бидејќи нема што да ми одвлекува внимание, но затоа пак трпи мојата креативност. Едноставно, немам идеи за нови работи. I feel like shit.
Како да си дадам себеси поттик да го сменам ова? Повеќе од јасно е дека ова најмногу од мене зависи, а јас не знам што да правам за да не се чувствувам како во дупка и бескорисно.
Одговара Ивана Маринчек
Независно дали себе си се доживуваме повеќе како екстроверти или интроверти сите ние како човечки суштества сме социјални битија. Токму поради ова, одделеноста од другите и од светот, која само-изолацијата во овој период ни ја наметнува претставува предизвик за сите. Нештата дополнително се усложнуваат кога ќе го додадеме фактот дека оваа изолација е дополнително проследена со притисокот на егзистенцијалната загрозеност, независно дали истата ќе ја гледаме од здравствен аспект или од социо-економски аспект. Фактот дека ова не се случува само тука кај нас, туку насекаде во светот е исто така фактор кој ги усложнува нешата, како и тоа дека се се случи толку брзо што ситуацијата буквално ескалираше преку ноќ. Секојдневната реалност таква како што ја познававме веќе не постои, а бидејки ситуацијата се менува од ден во ден гледањето во иднината носи огромна незивесност и несигурност. Земајки ги сите овие нешта во предвид многумина од нас се чувствуваат како да се заглавени или заробени во моменталната ситуација, како да сме “ни на небо, ни на земја” полни со неизвесност до кога ќе трае ова, притиснати и принудени да се адаптираме на реалност која во суштина длабоко во себе и не сакаме да ја прифатиме. Соочени со сето ова трпи нашата креативност, која во суштина е нашата креативна сила да се адаптираме на новонастанатите услови и новата реалност со целата нејзина социјална и емотивна комплексност. “I feel like a shit” е нешто кое верувам дека многумина можат да го кажат заедно со тебе деновиве.
Читајки го твојот допис имав впечаток како длабоко во себе да се обидуваш да се бориш со новонастанатата животна ситуација на тој начин што истата ќе ја минимизираш, а добар дел од тоа што таа предизвикува кај тебе (мисли, чувства, потреби…) ќе турнеш “под чергиче”. Како да се обидуваш да избегаш од тоа непријатно чувство во себе, да му се сокриеш за да не те најде или да се преправаш дека не постои. За жал, тоа претставува само негирање на реалноста која постои, и не само што нема да ти помогне, туку напротив може и да ја засили твојата фрустрацијата и непријатните чувства кои ги чувствуваш. Дополнително, во ситуација кога не можеме да избегаме од себе си и своите чувства во обврските и брзаницата на секојдневниот живот почнуваат да ни се пројавуваат и сите оние нешта во кои предходно не сме сакале да погледнеме, и почнуваме да се соочуваме со сите прашања кои до тогаш сме се плашеле да си ги поставиме.
Сосема е нормално под дадените услови да се чувствуваш како “гомно”. Но, наместо да бегаш од тоа чувство во неуспешни обиди да го препокриеш со одедени практични активности, те охрабрувам да се соочиш со него и искрено да погледнеш во тоа како се чувствуваш. Што се прави да се чувствуваш на овој начин? Земи лист хартија и запишувај. Излистај ги сите нешта кои ќе ти паднат на памет. Не се воздржувај, ниту пак цензурирај себе си. Биди во контакт со тоа како се чувствуваш додека го правиш ова. Кои чувства ти се појавуваат? Биди во контакт со чувствата и пушти ги да струјат низ тебе. Дај си дозвола да плачеш ако ти се плаче, да викаш ако ти се вика, да удриш на нешто меко ако си лута…. Сосема е во ред да бидеш и уплашена, и тажна, и лута, и загрижена… Блокираните и заробени чувства знаат да направат “блокада” и на телесно ниво која се манифестира како поголема телесна згрченост во одредени делови од телото, намалена сензитивност, па дури и болка. Тие умеат да го попречат целото нормално циркулирање на нашата витална енергија и да не остават депресивни, летаргични, апатични и без волја за било што. Сето ова укажува дека во нас постои “брана” која ги задржува емоциите, но истовремено ја задржува и целата наша животна енергија и креативна способност да се адаптираме кон новите промени. Затоа те охрабрувам да погледнеш во тоа каква “брана” постои во тебе? Што се останува задржано позади нејзе? Кои се тие емоции кои остануваат задржани? и на кој начин можеш малку по малку да пушташ од нив и на тој начин да почнеш да ја празниш таа брана?
Дел од тоа празнење можат да бидат сите експресивни техники кои ќе ти овозможат да бидеш во контакт со своите емоции, да дозволиш да струјат низ тебе и да излезат од тебе. Од она што ми го напиша ми оставаш впечаток на исклучително креативна личност. Искористи ги своите таленти и својата креативност за ова. Нацртај го својот страв, пишувај за својата фрустрација, пеј за својата тага, претвори ја својата лутина во танц… насочи ја својата енергија не на борба со емоциите, туку на канализирање на истите. Не се плаши од своите емоции и дозволи им да те водат во овој креативен процес на чистење и понирање во себе.
Се надевам дека овој одговор ќе ти даде малку јаснотија и насока за тоа во кој правец можеш да се движиш и ќе ја поддржи твојата креативност за справување со се на што животот ти носи. Ти посакувам многу креативни експресии и убави понирања во себе.
*Ивана Маринчек е лиценциран психолог и гешталт психотерапевт, член на EAGT и EAP, и лиценциран кариерен советник (GCDF). Својата психотераписка пракса ја спроведува во рамките на Здружението за психологија и психотерапија Психотерапика, а воедно е и психотерапевт-едукатор во рамките на групите за едукација и раст и развој при Гешталт Институт Скопје, како и национален психолог супервизор на МЕНСА Македонија. Позади себе има долгогодишно искуство во работа со млади кое го има стекнато низ својата работа како во формалното образование, така и во неформалното образование и НВО секторот. Таа е долгогодишен волонтер и активист на Црвениот крст, како и национален инструктор на програмата ЦКА-ПХВ, која е програма за едукација и личен развој на млади.
-
ÇfarëTëRëndon: Java e tretë në izolim, unë nuk kam dëshirë për asgjë
Rubrika #ÇfarëTëRëndon ekziston për të dhënë përgjigje në pyetje konkrete, të cilat i mundojnë të rinjtë. Një grup psikologë – psiko – terapeutikë do të japin mendim profesional dhe këshilla për pyetje të parashtruara nga lexuesit tanë, ndërsa pyetjet dhe përgjigjja e psikologut çdo të enjte do të publikohen në ueb faqen tonë, sigurisht në mënyrë anonime.
Si person introvert, mendova se izolimi nuk do të më pengojë kushedi sa. Thashë, super, tani do të kem kohë t’i kushtoj vetes, do të gatuaj, do të ushtroj, do të pikturoj dhe do të bëj disa aktivitete që më parë vetëm i shihja në Jutjub. Dhe kjo zgjati deri në javën e parë të izolimit. Java e tretë në izolim, unë nuk kam dëshirë për asgjë. E di se ka gjëra që mund të bëhen, por unë nuk kam vullnet të bëj asgjë nga këto. Dal të shëtis, të ajrosëm dhe kthehem pas disa rretheve, sepse nuk ka esencë nuk jam me njerëzit më të afërt (përpos në mënyrë virtuale). Megjithatë më mungon biseda sy më sy me njerëzit tim në shtëpi, sepse jetoj vetë. Shoqet dhe kolegët, gjithashtu më mungojnë. Në punë i kryej të gjitha detyrat në kohë, nga shtëpia, sepse nuk ka diçka që mund të më tërheqë vëmendjen, por prandaj për këtë pëson kreativiteti im. Thjesht, nuk kam ide për gjëra të reja. I feel like shit.
Si të inkurajoj veten ta ndryshoj këtë gjendje? Është më se e qartë, se kjo më së shumti varet nga unë, ndërsa unë nuk e di çfarë të bëj, që të mos ndihem si në vrimë dhe e padobishme.
Përgjigjet Ivana Marinçek
Pa marrë parasysh nëse veten e përjetojmë më tepër si ekstrovert ose introvert, të gjithë ne si qenie njerëzore jemi qenie sociale. Pikërisht prandaj, ndarja nga të tjerët dhe nga bota, të cilën na e ka imponuar vetë izolimi gjatë kësaj periudhe, paraqet sfidë për të gjithë ne. Gjërat komplikohen në mënyrë plotësuese kur do të shtojmë faktin se ky izolim është pasojë plotësuese e presionit të cenimit ekzistencial, pavarësisht nëse të njëjtën e shohim nga aspekti shëndetësor ose nga aspekti socio – ekonomik. Fakti se kjo nuk ndodh vetëm këtu tek ne, por kudo në botë gjithashtu është faktor që komplikon gjërat, si edhe ajo se po ndodh aq shpejtë që situata tekstualisht eskaloi brenda natës. Realiteti i përditshëm, ashtu siç e njohim tani më nuk ekziston, ndërsa për shkak se situata ndryshon nga dita në ditë, shikimi në të ardhmen me vete bart shumë pasiguri. Duke i marrë parasysh të gjitha këto gjëra, shumica nga ne ndihen si të mbërthyer ose të robëruar në gjendjen aktuale, sikur jemi “as në tokë, as në qiell”, plot me pasiguri deri kur do të zgjasë kjo, të supresuar dhe detyruar të përshtatemi ndaj realitetit të cilin në fakt, thellë në vete edhe nuk duam ta pranojmë. Të ballafaquar me gjithë këtë, vuan kreativiteti jonë, i cili në fakt është fuqia jonë kreative të përshtatemi në kushte të reja dhe në realitet të ri, me gjithë komleksitetin e saj social dhe emocional. “I feel like a shit” është diçka, që besoj se shumica mund ta thonë së bashku me ty këto ditë.
Duke e lexuar këtë letër, kisha përshtypjen se thelle në vete përpiqesh të luftosh me situatën jetësore të re të krijuar, në atë mënyrë që të njëjtën e minimizon, ndërsa pjesë të mirë të asaj që ajo e shkakton tek ti (mendime, ndjenja, nevoja…) i fsheh “nën rrogoz”. Sikur përpiqesh të ikësh nga ajo ndjenjë e pakëndshme në vete, t’i fshihesh që të mos të gjejë ose të shtiresh sikur nuk ekziston. Për fat të keq kjo paraqet mohim të realitetit i cili ekziston dhe jo vetëm që nuk do të ndihmojë, por përkundrazi mund të përforcojë frustrimin tënd dhe ndjenjat e pakëndshme të cilat i ndien. Në mënyrë plotësuese, në situatë kur nuk mund të ikim nga vetja dhe nga ndjenjat tona në obligimet dhe tempon e shpejtë të jetës së përditshme, fillojnë të na paraqiten edhe të gjitha këto gjëra të cilat paraprakisht nuk kemi dashur t’i shohim dhe fillojmë të ballafaqohemi me të gjitha çështjet nga të cilat deri atëherë jemi frikësuar t’i parashtrojmë.
Është krejtësisht normale nën kushtet të caktuara të ndihesh si “ i menderosur”. Por, në vend të ikësh nga ndenja në përpjekje të pa suksesshme, përpiqu të mbulosh atë me aktivitete të ndryshme praktike, të inkurajoj të ballafaqohesh me këtë dhe sinqerisht të shohësh pastaj se si ndihesh. Çfarë të bën të ndihesh në këtë mënyrë? Merr një fletë dhe shëno. Shënoi të gjitha gjërat që do të bien ndër mend. Mos u ndruaj, as mos e censuro veten. Qëndro në kontakt me atë se si ndihesh derisa e bën këtë. Cilat ndjenja të paraqiten? Qëndro në kontakt me ndjenjat dhe lëshoi të lundrojnë brenda teje. Jepi leje vetes të qash nëse të qahet, të bërtasësh nëse të bërtitet, të godasësh diçka të butë nëse je e hidhëruar… Është krejtësisht në rregull të jesh e frikësuar, e pikëlluar, e hidhëruar, e shqetësuar… Ndjenjat e bllokuara dhe të robëruara dinë të bëjnë “bllokim” edhe në nivel trupo, që manifestohet si ngurtësim më i madh trupor në pjesë të caktuara të trupit, ndjeshmëri të reduktuar, madje edhe dhimbje. Ato mund ta pengojnë të gjithë qarkullimin normal të energjisë sonë vitale dhe të na lënë në depresion, letargji, apati dhe pa vullnet për asgjë. E gjithë kjo sugjeron se tek ne ekziston “digë” e cila i mban të gjitha emocionet, por njëkohësisht e mban edhe të gjithë energjinë tonë jetësore dhe aftësinë për kreativitet të përshtatemi ndaj ndryshimeve të reja. Prandaj të inkurajoj të shohësh se çfarë “dige” ke tek ti? Çfarë mbetet mbrapa saj? Cilat janë ato emocione të cilat ngelin të ngecura dhe në cilën mënyrë pak nga pak mund të lëshosh disa prej tyre dhe në këtë mënyrë të fillosh të zbrazësh atë digë?
Një pjesë e kësaj zbrazje mund të jenë të gjitha teknikat ekspresive të cilat do të mundësojnë të jesh në kontakt me emocionet tënde, të lejosh të lundrojnë nëpër ty dhe të dalin nga ty. Nga kjo që ma ke shkruar, më lë përshtypjen se bëhet fjalë për një person jashtëzakonisht kreativ. Përdori të gjitha talentet tënde dhe kreativitetin tënd për këtë. Pikturo frikën tënde, shkruaj për frustrimet tënde, këndo për pikëllimin tënd, shndërro hidhërimin tënd në vallëzim… udhëzo energjinë tënde jo në luftë emocionesh, por në kanalizimin e të njëjtave. Mos u frikëso nga emocionet tënde dhe lejo ato të të çojnë drejt procesit kreativ të pastrimit tënd.
Shpresoj se kjo përgjigje do të japë pak qartësi dhe udhëzim për atë se në cilin drejtim mund të lëvizësh dhe do të mbështesë kreativitetin tënd për ballafaqim me gjithçka që të sjell jeta. Të uroj shumë ekspresione kreative dhe depërtim të bukur në vete.
*Ivana Marinçek është psikologe e licencuar dhe geshtalt psiko terapeut, anëtare e EAGT dhe EAP dhe këshilltare karriere e licencuar (GCDF). Praktikën e saj si psiko terapeutik e realizon në kuadër të Shoqatës për psikologji dhe psiko terapi Psikoterapikë, ndërsa njëkohësisht është edhe psioterapeut – edukator në kuadër të grupeve për edukim dhe rritje dhe zhvillim pranë Geshtalt Institutit Shkup, si dhe psikolog nacional mbikëqyrës i MENSA Maqedoni. Mbrapa vetes ka përvojë të gjatë në punën me të rinjtë të cilën e ka fituar nëpërmjet punës së saj si në arsimin formal, ashtu edhe në arsimin joformal edhe në OJQ sektorin. Ajo është vullnetare shumëvjeçare dhe aktiviste e Kryqit të kuq, si dhe instruktor nacional i programit CKA – PHV, program për edukim dhe zhvillim personal të të rinjve.