Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк пред генералниот штрајк на приватниот и јавниот сектор планиран за утре, кој се очекува да го парализира јавниот транспорт и да ги наруши другите услуги, пренесува Н1.
Јавните и приватните медиумски куќи од целата земја – весници, ТВ-станици и онлајн платформи денеска престанаа со работа во знак на солидарност со општите барања за повисоки плати.
Синдикалните лидери ја критикуваат владата за зголемената инфлација и несоодветните политики за домување кои доведоа до пад на животниот стандард.
Синдикатите бараат од конзервативната влада целосно да ги врати правата на вработените на колективните договори од пред финансиската криза 2010-2018 година, кога странските кредитори ѝ помогнаа на Грција да се спаси од банкрот, но со тешки услови кои ги погодија и правата на вработените.