13 факултети и академии, членови на синдикатот на Универзитетот во Сараево вчера стапија во штрајк. Поради штрајкот е прекинат целиот наставен процес, а студентите нема да можат да ги полагаат испитите, ниту да следат предавања.
Повод за штрајкот се нередовните плати, ограничувањето за примање на нов наставен кадар и малите вложувања во научните трудови.
Берко Зечевиќ, претседател на синдикатот вели дека штрајкот е борба на обесправените кои не можат на друг начин да ги решат проблемите.
„Ниe доволно време нудевме дијалог, а добивавме само закани. Неверојатно е колку е развиена „демократијата“ на Универзитетот и колку се распространети академските слободи’, вели Зечевиќ.
Тој додава дека колективниот договор треба да се усогласи со новиот закон за високо образование и материјалните можности на кантоните во Босна и Херцеговина.
За сериозноста на штрајкот говори и фактот што тој е поддржан од 13 факултети од вкупно 25 високообразовни установи на Универзитетот во Сараево. Не штрајкуваат само вработените на Факултетот за науки и Академијата за сценски уметности, бидејќи оценуваат дека во овој момент не можат да се решат наталожените проблеми.
Траењето на штрајкот не е одредено, а претседателот на синдикатот Берко Зечевиќ објаснува дека одлуката за престанување со работа ќе биде направена врз основа на дневна анализа на ефектот кој ќе се постигне со оваа мерка.
Извор: Nezavisne