Земјоделци и сопственици на дворови низ Швајцарија ќе закопаат 2.000 пара бела долна облека во склоп на научно истражување за квалитетот на почвата.
Државниот институт за земјоделски истражувања на доброволците кои учествуваат во ова истражување им испратило по два пара памучни гаќи, а нивната задача ќе биде да ги закопаат во земјата на својот имот.
После одредено време оваа облека ќе се ископа и ќе се истражува во каква состојба се наоѓаат, што ќе биде показател за тоа во која мера ситни организми го разградиле текстилот.
„Тоа ќе биде показател на квалитетот на почвата“, рекол авторот на истражувањето, екологот Марсел Ван Дер Хејден.
Според него, една од целите на студијата е да се увиди на кој начин на почвата влијае ерозијата, прекумерната употреба на ѓубриво и градбата.
Хејден за новинската агенција ДПА открил дека слични експерименти биле спроведени во Канада, но ова ќе биде прв таков проект во толку голем обем. Претходно, за проучување на квалитетот на почвата, во земјата вообичаено се закопувале кесички чај.
Волонтерите кои се јавиле на повикот на Институтот паралелно во земјата ќе закопаат и стандардизирани чајни кесички за да се направи споредба со новиот метод во кој се користат памучни гаќи.
Експертите од Институтот напоменуваат дека секоја година во светот во целост се уништува подрачје кое е два и пол пати поголемо од цела Швајцарија. Поради неплодноста на таа локација