Во меморандумот на компанијата има полиса за нула толеранција за појавување на работа невакциниран, истакнал директорот на „Си-Ен-Ен“, пренесува „Гардијан“.
Џеф Закер, претседателот на медиумската компанија, им кажал на вработените за отпуштањата преку меморандум кој исто така потсетувал дека вакцинацијата е задолжителна за сите вработени – и оние во зградата и оние кои работат на терен, но имаат контакти со други вработени.
„Да бидам јасен – има нула толеранција за невакцинирање“, напишал Закер.
Меморандумот бил објавен од страна на „Associated Press“ откако содржината најпрво се појавила на „Твитер“ кај новинарот од „Си-Ен-Ен“, Оливер Дарси. Од „Си-Ен-Ен“ не дале дополнителна изјава, ниту пак информирале каде точно работеле отпуштените новинари.
Поголемиот дел од канцелариите на „Си-Ен-Ен“ се отворени за оние кои сакаат да работат оттаму, а Зукер изјавил дека над една третина од медиумските работници се вратиле во канцелариите. Доказот за вакцинирање засега не се проверува и е на база на доверба, но тој додал дека ваквиот принцип наскоро можеби ќе биде сменет
Зукер истакнал дека маските се задолжителни во канцелариите во Атланта, Вашингтон и Лос Анџелес, освен за паузите за ручек или во затворените и приватни простори.
„Дури и во канцелариите, каде маските не се задолжителни, луѓето треба да се однесуваат како што мислат, без страв дека ќе бидат осудувани од колегите“, забележал тој.
Во меморандумот на „Си-Ен-Ен“ исто така стои дека планираното колективно враќање во канцелариите кое било планирано за 7 септември, се одложува за средината на октомври. Останатите медиумски компании исто така го одложија враќањето во канцелариите поради зголемениот број на нови случаи од Ковид-19.
Индустриите ширум САД воведуваат свои полиси за вакцинација, кои се докажуваат како неверојатно ефективни при превенција од сериозни заболувања. Силициумската долина, „Гугл“, „Фејсбук“, и „Убер“ неодамна информираа дека вакцинацијата е задолжителна за вработените вратени во канцелариите, додека Њујорк и Калифорнија воведоа задолжителна вакцинација за сите вработени во Владата. Оние кои нема да се вакцинираат ќе треба да се тестираат секојдневно.