Еден од најголемите светски фестивали „Сигет“ во Будимпешта, ќе се пренесува во живо на YouTube. Како што јавуваат организаторите на фестивалот, на овој начин, сите оние што нема да дојдат на „Островот на слободата“, ќе бидат во можност да го следат фестивалот, благодарение на унгарскиот Телеком.
Видео стримот ќе биде достапен на официјалната страница szigetfestival.com, односно на нивниот YouTube канал (youtube.com/szigetofficial). Притоа во живе ќе се врши видео пренос од четирите најголеми сцени: Главната сцена, A38 Сцена, Телеком Арена и МастерКард сцената за музика од светот. Стримот ќе трае во текот на сите фестивалски денови со почеток во 16 часот но ќе може да се гледаат и снимките од музичката програма во текот на претходниот ден.
Сигет 2015 ќе се одржи од 10-17 август. Роби Вилијамс (Robbie Williams), Авичи (Avicii), Флоренс Енд Д Машин (Florence and the machine), Касабиан, Лимп Бизкит (Limp Bizkit) се само дел од стотиците артисти кои годинава ќе настапат во унгарската престолнина.
Сигет ќе се оддржи по 22-ри пат, а исто како и претходните години се очекуваат околу 400.000 посетители од повеќе од 70 земји.