Сигет фестивал ги објави првите 14 имиња за 2017 година

Еднонеделниот музички и уметнички фестивал Сигет, кој важи за еден од најголемите во Европа, ги објави првите 14 изведувачи за 25-то издание во 2017 година кое ќе се одржува од 9 до 16 август.

„Сигет фестивал се одржува на прекрасниот остров на сред Будимпешта, каде повеќе од 500 000 „жители“ се собираат од повеќе од 100 држави за да слават“, стои во соопштението на организаторите.

„Фестивалот е двапати добитник на признанието за најдобар голем европски фестивал, а минатата година беше награден и во категоријата за најдобра програма. Таа е распределена на 50 локации, каде што освен врвни изведувачи, може да доживеете уникатно искуство, со програма од 24/7“, велат организаторите.

Првите имиња според азбучен ред се: Bad Religion, Dimitri Vegas & Like Mike, DJ Shadow, GTA, GusGus, Kensington, Mac DeMarco, Major Lazer, Oh Wonder, Oliver Heldens, Tom Odell, Two Door Cinema Club, Vince Staples, and W&W.

Организаторите велат дека во наредните месеци ќе објават стотици изведувачи и програми, со најразлични и разнобојни жанрови. Dimitri Vegas & Like Mike ќе го затворат 25-то издание на главната сцена.

Во првите 25 часа од продажбата на билетите, организаторите велат дека ќе има попуст од 25 отсто. Попустот за билетите ќе важи до 31 декември.