Неколку минути пред 5 часот утрово беше почувствуван силен земјотрес низ целата земја, кој според првичните информации објавени на веб-страницата на Геолошкиот топографски институт на САД бил со јачина од 5 степени по рихтер.
Според информациите, епицентарот на земјотресот бил во близина на Маврово и почуствуван и во Албанија, а потврда за информациите објавија и од Европскиот-медитерански сеизмолошки центар.
Seismically confimed. Around M5 felt in several countries #Albania & #North Macedonia https://t.co/eGhTE2ZUCi
— EMSC (@LastQuake) November 11, 2020
Засега не е познато дали се причинети материјални штети.
Дел од граѓаните преку социјалните мрежи коментираат дека не почувствувале ваков земјотрес во нивниот живот.