Четворицата обвинети во случајот на силување и убиство на студентка во автобус во Индија минатиот декември, се прогласени за виновни. Се очекува дека казната ќе биде изречена во среда, а четворицата мажи, кои за време на процесот ги негираа обвиненијата, се соочуваат со смртна казна. Еден од обвинетите во март се замоуби во затворот.
Адвокатите најавиле дека ќе поднесат жалба на одлуката на судот. Родителите на жртвата, студентка на медицина силно заговараа смртна казна за обвинетите, доколку бидат прогласени за виновни за силувањето и убиството во Њу Делхи, кое предизвика низа масовни протести и нови, поостри казни за силувачите.
Нивната 23-годишна ќерка, чие име не се соопштува од правни причини, почина од повредите две недели по нападот, на 29 декември лани.
Извор: AlJazeera