Симона Угриновска, е назначена за в.д. директор на Македонскиот народен театар (МНТ), по оставката на Драган Спасов – Дац, соопшти денеска Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.
Угриновска досега работеше како организатор и продуцент во МНТ.
„Таа ќе ја извршува функцијата до распишување на конкурсот за нов директор. Како и во другите инститции, согласно со измените на законите за култура и за државна администрација, прво треба да се изврши промена на статутите, а потоа да се пристапи кон распишување на конкурсите. Процедурата може да потрае еден до два месеца“, рече Алаѓозовски на денешната пресконференција.
Драган Спасов – Дац поднесе оставка од функцијата откако на 30 јануари повредил пешак со автомобил додека се наоѓал во алкохолизирана состојба.