SIMPLE MINDS доаѓаат во Скопје

Легендарните Simple Minds, својата двегодишна светска турнеја, по настапите во O2 Арена – Лондон, Манчестер Ман Арена, Зенит- Париз, Хајнекен мјузик хол – Амстердам, ќе ја завршат во Македонија, на 5 март со концерт во комплетно реновираниот СРЦ Кале, најави вечерва Авалон продукција.

SIMPLE MINDS доаѓаат во Скопје

„Со големо задоволство сакаме да информираме дека по година и половина од големиот концерт на Duran Duran, Авалон Продукција ги враќа големите концерти во Македонија. Најуспешниот шкотски рок бенд на сите времиња Simple Minds, во Скопје доаѓаат во постава: JIM KERR – вокал, CHARLIE BURCHILL – гитара и клавијатури, MEL GAYNOR – тапани, ANDY GILLESPIE – клавијатури, GED GRIMES – бас гитара и SARAH BROWN – пратечки вокал“, велат од продукцијата.

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати во петок (5 ноември).

Според најавите, сет листата на оваа турнеја е составена од сите најдобри хитови на Simple Minds, како: ”Don’t You(forget about me)”, “Promised You A Miracle” , ”Waterfront”, ”Alive and Kicking”, “Glittering Prize”, “All The Things She Said”, “Sanctify Yourself”, “Someone Somewhere (In Summertime)”,”Ghost Dancing”, ”Kick It In” ,”She’s A River”, “Mandela Day”, “Beafast Child” и многу други.

Во својата долгогодишна кариера, Simple Minds имаат издадено 16 студиски албуми кои со својата продажба имаат достигнато мултиплатинест тираж.

Како специјални гости, вечерта со едночасовен настап ќе ја отворат Мизар, еден од најдобрите бендови од Македонија.

“Ми претставува огромно задоволство да свириме со Simple Minds, израснав со нивната музика, ги имав сите нивни албуми и учев од нив. Тој настан ќе биде и добар повод да го претставиме новиот албум на Мизар”, вели Горазд Чаповски од Мизар, соопштуваат од продукцијата.