Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) Скопје најави мирен протест на 30 јуни од 19 часот пред Владата, за да го изразат незадоволството од, како што велат „драматично влошената материјална состојба на вработените на Универзитетот“.
Оттаму велат дека платите на вработените на Универзитетот се исклучително ниски и неколкупати помали од платите на универзитетите во регионот.
„Платите на вработените на УКИМ се исклулчително ниски и се неколкупати помали од платите на универзитетите во регионот. Никогаш во својата историја вработените на УКИМ не биле во потешка материјална состојба од денес“, велат од синдикатот.
Истовремено, тие ги повикаа и граѓаните да им дадат поддршка за обезбедување подобри услови и квалитет во високото образование и враќање на угледот на УКИМ.
Претходно, на 2 јуни професори и членови на Сојузот на синдикати одржаа протест во дворот на УКИМ од каде побараа покачување на платите на научните работници и на ненаставниот кадар. Претседателот на Сојузот, професорот Ангел Ристов тогаш посочи дека не е прифатен предлогот за покачување на платите најавен за од септември.
„Автономија без достоинствени плати е илузија“ – протест на Сојуз на синдикати на УКИМ