Сингапур целосно вакцинираше 80 отсто од 5.7 милиони жители против Ковид-19, изјави вчера министерот за здравство, а со тоа станаа највакцинирана земја на светот, што им овозможува дополнително олеснување на мерките, пренесува „Н1“.
„Поминавме уште една пресвртница кога 80 отсто од нашето население целосно се вакцинира со две дози“, напиша министерот Онг Је Кунг на Фејсбук.
Властите претходно рекоа дека дополнително ќе ги ублажат ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на Ковид-19, откако целосно ќе се вакцинира 80 проценти од населението.
Досега во Сингапур од почетокот на епидемијата се забележани над 67.000 случаи на Ковид-19, а регистрирани се 55 смртни случаи.