По низата силните земјотреси синоќа до мавровскиот регион, водата за пиење е заматена и не се препорачува да се користи за пиење, соопштија утрово од Јавно претпријатие за комунални дејности Маврово.
Почитувани,
Поради силните земјотреси во Мавровскиот регион кои предизвикаа заматување на водата,препорачуваме водата да не се користи за пиење.
Со почит,
Posted by ЈПКД Маврово on Friday, March 12, 2021
Заматувањето на водата, поради која таа не се препорачува за пиење, е чест проблем во овој регион, посебно во перидот кога има посилни врнежи. Истото се случи и при ланските земјотреси чијшто епицентар беше во Леуново.
Два силни земјотреси со јачина од 4,7 и 4,4 степени по Рихтер синоќа го погодија овој регион, во 22 часот и 17 минути и 22 часот и 28 минути. Земјотресот беше почуствуван и во Скопје, Гостивар , Тетово, Дебар, Кичево, и Струга. Притоа, не беа забележани поголеми материјални штети.