Мајкл Гандолфини (19) ќе се појави во улогата на Тони Сопрано во филмот „The Many Saints of Newark“, кој ќе ја раскажува приказната за почетоците на култниот мафијаш, соопшти режисерот на оригиналната серија, Дејвид Чејс.
Неговиот татко Џејмс Гандолфини, кој почина во 2013 година, го глумеше истиот лик во серијата. Таа доживеа вистински успех во сите 6 сезони, освојувајќи стотина врвни награди, меѓу кои и „Златен глобус“ и „Еми“.
„Голема чест ми е да го продолжам наследството на мојот татко и да се најдам во улогата на млад Тони Сопрано. Многу сум возбуден што ќе ја добијам шансата да работам со Дејвид Чејс и сите останати членови на екипата“, изјави Мајкл.
Приказната на филмот се одвива во 1967 година во Њуарк и преку ликот на младиот Тони Сопрано раскажува за борбите помеѓу Италијанците и Афроамериканците.
Проектот сѐ уште е во претпродуција, но досега потврдени актери се Алесандро Нивола, Вера Фармига, Џон Бернтал, Били Магнусен и Кори Стол. Режисер на филмот ќе ќе биде Алан Тејлор, кој работеше на неколку епизоди од оригиналната серија.