Изложба на макети, истражувачки проекти и прототипови, звучна инсталација, театарска претстава, танц и музика, проекција на кратки филмови и диџеј сет, денеска со почеток од 16 часот во „Јавна соба“ во Скопје. Овој мултимедијален настан ќе обедини студенти од седум факултети на УКИМ.
„Настанот ја слави креативноста и мултидисциплинарната соработка, и е отворен за сите љубители на културата и иновациите“, се вели во соопштението.
Програмата ќе започне со изложба на макети, истражувачки проекти и прототипови, каде студентите од архитектура, пејзажна архитектура и инженерство ќе ги водат посетителите низ нивните креации.
„Овие дела се плод на долгогодишна работа и посветеност, а изложбата од Факултетот за ликовна уметност ќе биде збогатена со звучна инсталација која доаѓа од талентираните студенти на музичките уметности, создавајќи синергија помеѓу визуелното и аудитивното искуство“, истакнуваат организаторите на настанот.
Во текот на вечерта студентите на драмските уметности ќе одиграат театарска претстава, а ќе има и танцови и музички перформанси кои ќе завршат со џем сесија. Вечерта ќе заврши со проекција на кратки филмови и диџеј сет на DJ Denzell.
Настанот е организаран од Халкбанка која ќе го претстави пакетот „Халк ЕЗ“ (Halk Easy), „создаден за модерниот, дигитално ориентиран млад човек“.
„Овој настан посветен на иновациите, уметноста и технологијата е од отворен карактер, со слободен влез за сите љубопитни и креативни души“, велат оттаму.