Денешните, парламентарни избори 2020 се десеттите парламентарни, а петти предвремени избори во земјава. За првпат се одржуваат во среда, место како вообичаено досега во недела, но и за првпат има гласање по посебен протокол за Ковид- 19.
Сепак, ова не се први „специфични“ избори во земјава. Во изминатите две децении партиски плурализам, имаше повеќе кризи, а главните „играчи“ си ги менуваа улогите.
Погледнете го времепловот на Радио МОФ, за парламентарните избори во Македонија, од осамостојувањето, до денес.