Средното угостителско училиште „Лазар Танев“ и здружението за социјални иновации „Арно“ распишуваат повик за натпревар за нов рецепт за ѓеврек „Сите сме во кругот“.
Според правилата на натпреварот, намирниците од кои ќе се прават ѓевреците се охрабрува да се од локално потекло. Победникот од финалето ќе има задолжение да ги научи младите ученици (готвачи и пекари) како се подготвува рецептот. Покрај тоа, натпреварот предвидува награда во вредност од 200 евра за пишаниот победнички рецепт, и надомест во вредност од 200 евра за одржаните обуки за учениците.
Право на учество имаат сите жители од Скопски плански регион, со наполнети 18 години. Граѓаните се повикани да пратат рецепт со кој ѓеврекот ќе го задржи својот кружен облик, но ќе понуди нови вкусови и текстури.
„Иако јас сум ученик и ќе бидам дипломиран готвач сакам да ги повикам сите да поиграат со тесто и да смислат нешто ново. Нашата земја има многу намирници. Може место сусам да се стави сончоглед, или намаз од сирење, или свеж зелечнук. Да се готви значи да се биде креативен“, изјави ученикот Никола Марковски на денешниот настан во „Лазар Танев“ на кој беше објавен натпреварот.
Натпреварот е отворен до 5 декември, а повикот за аплицирање е достапен на овој линк. Натпреварот се спроведува во рамки на проектот „Кулинари во акција – социјално претприемништво за импакт“ .