Скејтборд, бонго тапани, звучник – наместо да се купат, може да се изнајмат од библиотеката за предмети во Виена

Блутут звучник, скејтборд, штрафцигер… од неодамна може да се изнајмат од новата библиотека за предмети во Виена.

„Wien dings“ функционира како обична библиотека, но покрај книги, може да се изнајмат и предмети.

Ова е прва ваква билиотека во Австрија која има за цел да промовира одржливост и циркуларна економија. Таа се наоѓа во областа Швендермарт.

Првиот предмет кој бил позајмен се бонго тапани од член кој од секогаш сакал да научи како да свири на овој инструмент.

 

View this post on Instagram

 

Виена неодамна доби нова библиотека на предмети – #wiendings Функционира како обична библиотека, но освен книги, можат да се изнајмат и предмети. Па така, може да се позјамат блутут звучници, играчки за деца, друштвени игри, алати, музички инструменти, спортска опрема… Целта е да се промовира одржливост и да ги поттикне граѓаните да размислуваат за циркуларна економија. Чувањето, делењето и повторната употреба на предметите придонесува за зачувување на животната средина и го намалува консумеризмот. Истовремено се штедат пари и ресурси. Предметите можат бесплатно да се позајмат со валидна членска карта, а понудата редовно се проширува. 📸 Heute.at

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

Чувањето, делењето и повторната употреба на предметите придонесува за зачувување на животната средина и го намалува консумеризмот. Истовремено е поевтино и заштедува ресурси.

Предметите можат бесплатно да се позајмат со валидна членска карта. Покрај ова, Билиотеката има и детско катче каде децата може да ги развиваат своите креативни вештини.

Инаку, концептот „Библиотека на предмети” веќе се спроведува во англо-американските земји, а од неодамна и во Германија.

Извор: Heute