„Skills that pay the bills“ се десет аудио поткасти наменети за едукација на младите кои сакаат да бидат активни граѓани во оптеството, да отворат свој бизнис, да напишат проект, да почнат старт ап. Идејата на проектот е да ангажира млади лидери преку граѓанското учество и претприемнички активности. Исто така, да го зголеми информираниот јавен дискурс за клучните демократски и економски прашања со кои се соочува македонската младина.
Сите лекции може да се слушнат во продолжение:
1. Skills that pay the bills: Не ја слушаме содржината, луѓето ги гледаме површно и стереотипно
Зборуваат: Водителот и активист Огнен Јанески, Сашо Дуљанов, раководител за одделот за односи со јавност во агенцијата „Публицист“, Лазар Поп Иванов и Мартин Божиновски, тренери на обуките за млади на тема комуникациски вештини, аргументирано изразување и дебата.
2.Skills that pay the bills: Како да организирате добар настан
Зборуваат: Петар Антевски и Петар Лазаров, тренери на обуките за вештини за млади, Анастасија Петревска од Студентскиот пленум и Огнена Ристовска од агенцијата „Моментум“.
3. Skills that the pay bills: Главната улога на претприемачот е решавање на проблеми/Потребни се млади самокритични претприемачи спремни на промени
Зборуваат: Филип Арсов и Александар Радомировиќ се тренери на обуката за претприемништво, бизнис план, стартапи и иновативни бизнис технологии и Игор Маџов од „Стартап Македонија“.
Зборуваат: Филип Арсов и Александар Радомировиќ тренери на обуката за претприемништво, бизнис план, стартапи и иновативни бизнис технологии и Љубомир Стојчески, коосновач на првиот ресторан со социјален бизнис.
4. Skills that pay the bills: Тимска работа и лидерство за организирано секојдневие
Зборуваат: Мила Тасевска од иницијативата „Ретвитни оброк“, претседателот на Институот „Симбиотика“, Лазар Ѓуров и едукаторката Сања Стефановиќ.
5. Skills that pay the bills: Невладините организации прават промени во општеството/Граѓанските организации се двигатели на иницијативи и самосвесност
Зборуваат: Јасмин Реџепи од Легис, Марија Мирчевска и Мартин Алексоски, тренери од обуката за „Водење на НВО и развој на проекти“.
Зборуваат: Марија Мирчевска и Мартин Алексоски, тренери од обуката за „Водење на НВО и развој на проекти“ и Јован Сталевски, претседател на ЦЕФЕ Македонија.
6. Skills that pay the bills: Развивање и растење на бизнис
Зборуваат: Билјана Филиповска од првата кооператива на потрошувачи на органска храна „Наша Добра Земја“, Нино Карас, коосновач на компанијата „Колдвел“ и Игор Изотов од „Сивус Инкубатор“.
7. Skills that pay the bills: Истражувањата ги унапредуваат организаците и јавните политики/Нема успешни политики без релеватни и методолошки издржани истражувања
Зборуваат: Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика и Слободан Медаровски, менаџер во Агенција за истражување на јавно мислење, маркетинг и медиуми „Брима“.
Зборуваат: Слободан Медаровски од Агенцијата за истражување на јавното мислење, маркетинг и медиуми „Брима“ и Марија Башевска од Реактор – Истражување во акција.
8. Skills that pay the bills: Успешно менаџирани проекти за позитивни промени во општеството
Зборуваат: Даниела Стојанова, национален проектен координатор на програмата за развој на граѓанско општество „Цивика Мобилитас“, Тамара Тодоровска од консулнтантната фирма „Епицентар интернационал“ и Сања Божовиќ, тренер по обуката за „Менаџирање на проектен циклус“.
9. Skills that pay the bills: Со добар маркетинг до креативни идеи и пораки
Зборуваат: Надица Чесмаџиска, тренер по обуката за маркетинг, Ира Стефанов Бабиќ, ко-основач на агенцијата „Бренд Јунион“ и Славчо Димитров од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинаризираните заедници“.
10. Skills that pay the bills: Активизмот е нераскинлив дел од демократското владеење
Зборуваат: Душица Савовска од маркетинг агенцијата „Идеја плус“, студентот на Факултетот за драмски уметности и активист од Шарената револуција, Јаков Спасов и Алекандра Живковиќ, тренер на обуката „Младински активизам“.
Подкастот е реализиран во склоп на проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“ и е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).