Откако вчера, српските организации за ЛГБТ+ права повикаа на мирен собир во Белград по убиството на транс девојка, непосредно по завршувањето на собирот, присутни објавија видео од скинати транс знамиња и шутирање на цвеќиња и свеќи.
Собирот кој започна во 21 часот на Плоштад Слобода, се случи откако на 6 јули бeше пронајдено телото на Ноа Миливојев во центарот на Белград.
Српските медиуми пренесуваат дека Миливојев исчезнала на 17 јуни во главниот град на Србија. По повеќе од три недели од нејзиното изчезнување, српската полиција вчера го пронајде телото на транс девојката во стан на улицата „Цар Лазар“ и информираше дека станува збор за свирепо убиство.
Од „Белград Прајд“ објавија сочувство кон фамилијата на Миливојев, како и благодарност до сите оние кои континуирано објавувале информации за исчезнатата девојка.
„Овој пат апелираме медиумите при известување за овој случај, да се држат до професионалните и етички стандарди на новинарскиот кодекс и да не ја искористуваат растечката нетрпеливост кон ЛГБТИ+ заедницата и сензационалистичкиот начин на пренесување на информации“, посочија оттаму.
Од„Белград Прајд“ и од организацијата за мониторирање на насилство и дискриминација мотивирани од хомофобија и трансфобија „Да се зна“ повикаа на мирен собир во центарот на Белград.
„Ве известуваме дека денес на шести јуни е пронајдено телото на Ноа Миливојев (18) девојка која се води како исчезната 20 дена. За да изразиме жал и сочувство кон нејзината фамилија и пријатели, вечерва во 21 часот на Плоштад Слобода ќе се собереме за да запалиме свеќи“, гласеше повикот.
Присутни на собирот објавија видеа на социјалните мрежи каде велат дека половина час по завршување на собирот, дошле лица кои ги скинале транс знамињата и ги шутирале свеќите и цвеќињата оставени во сеќавање на Миливојев.
Pola sata nakon što je skup završen, lik je došao, pobacao cveće i zastave. Ovo je toliko jezivo i bolesno, da nemam reči! Njemu su se prdružili drugi gadovi koji su potom šutirali sveće i cveće.
Da li neko možda prepoznaje momka sa snimka? pic.twitter.com/NtG8pCyKFA
— Alexis VanderCunt (@AlexisPlastic_) July 6, 2023
Миливојев (18) е родена во Ковиљ, а била позната преку нејзините објави на „ТикТок“ каде ја следеле поголем број на луѓе. Нејзиното семејство го пријавило исчезнувањето во полиција и објавило апел на социјалните мрежи и во медиумите билејќи подолго време не се јавувала на телефон. За убиството на Миливојев е осомничен О. Д. (33) кој бил нејзино момче.