Во саботата, среде бел ден скопјанец застрелал куче за кое се грижел неговиот сосед во Трубарево со образложение дека му ги бркало кокошките, информираат од Здружението за права на животните Анима Мунди.
„Погледнете го кучето – мало, сосем безопасно кутре кое одвај тежи 10 килограми, застрелано во глава и оставено да се влече и го испушти последниот здив. Неговата среќа во несреќа е што луѓето кои го вдомиле од улица и се грижат за него го слушнале истрелот, повикале полиција и веднаш излегле да го бараат, по што се обидуваат да го спасат. Снимката е вознемирувачка. Снимката е вознемирувачка, но неопходно е да се види со што се соочуваат животните секојдневно и во каква држава ние живееме, затоа што насилството врз нив не е исклучок, туку норма. Бараме најстрога кривична казна за сторителот на ова дело, затворска казна за него и секој друг кој ќе посегне со насилство врз животните. Очекуваме полицијата да постапи согласно пријавата од сопствениците и доказите кои ги затекнале на лице место, пушка која се користела и која освен по кучето е закана за безбедноста на секој поединец“, стои во реакцијата на „Анима Мунди“.
Застрелал куче среде бел ден – бараме најстрога казна и полиција за животни во Македонија!
Каубојски времиња на американскиот Див запад или Македонија во 21ви век?!Информираме дека во сабота , 08.12 среде бел ден Скопјанец застрелал куче за кое се грижел неговиот сосед во Трубарево со цел да го убие и образложение дека му ги бркало кокошките. Со пушка која, речиси сме сигурни дека не ја поседува легално, го застрлал и оставил кучето да умре. Погледнете го кучето – мало, сосем безопасно кутре кое одвај тежи 10 килограми, застрелано во глава и оставено да се влече и го испушти последниот здив. Неговата среќа во несреќа е што луѓето кои го вдомиле од улица и се грижат за него го слушнале истрелот, повикале полиција и веднаш излегле да го бараат, по што се обидуваат да го спасат. Снимката е вознемирувачка. Снимката е вознемирувачка но неопходно е да се види со што се соочуваат животните секојдневно и во каква држава ние живееме, затоа што насилството врз нив не е исклучок, туку норма. Бараме најстрога кривична казна за сторителот на ова дело, затворска казна за него и секој друг кој ќе посегне со насилство врз животните. Очекуваме полицијата да постапи согласно пријавата од сопствениците и доказите кои ги затекнале на лице место, пушка која се користела и која освен по кучето е закана за безбедноста на секој поединец.Згрозени сме што злоставувањето на животните во нашата држава е зад секој агол и на секој чекор, за насилството се молчи или како по правило се неутрализира по важност.Бараме итно Полиција за животни во Македонија или ополномоштена Служба за превенција/евиденција/санкција на насилството врз животните во Македонија составена од членови на здруженијата, љубители и активисти кои се единствени кои ваквите деликти ги истражуваат и пријавуваат, додека институциите постапуваат само реактивно, кога мораат – во спротивно одбираат да молчат. Тоа е концепт кој со години го предлагаме да влезе во Законот за заштита и благосостојба на животните, кој се игнорира а кој сега има вистинска можност да се дефинира во законот, бидејќи законот ќе претрпи ревизија и измени. Апелираме до граѓаните кои имаат сознанија за вакви или слични инциденти да пријавуваат во полиција или да не контактираат и ни го проследат секој можен доказ кој би помогнал да поднесеме тужби – на тој начин ќе придонесат ваквото грозоморие да запре. Следете го примерот на луѓето кои пријавија чија хуманост е спасот за ова куче.
Posted by Anima Mundi – здружение за заштита на животни on Monday, 10 December 2018
Бараат итно формирање на Полиција за животни или ополномоштена Служба за превенција/евиденција/санкција на насилството врз животните во Македонија составена од членови на здруженијата, љубители и активисти.
„Тоа е концепт кој со години го предлагаме да влезе во Законот за заштита и благосостојба на животните, кој се игнорира а кој сега има вистинска можност да се дефинира во законот, бидејќи законот ќе претрпи ревизија и измени. Апелираме до граѓаните кои имаат сознанија за вакви или слични инциденти да пријавуваат во полиција или да не контактираат и ни го проследат секој можен доказ кој би помогнал да поднесеме тужби – на тој начин ќе придонесат ваквото грозоморие да запре“, велат од „Анима Мунди“.