„Скопје 2014“ и на ученичките месечни билети на ЈСП

Мостот на уметноста и зградата на Министерството за надворешни работи од проектот Скопје 2014, се најдоа на годинешните ученички и студентски слободни билети за превоз во автобусите на ЈСП Скопје, објави Плусинфо.

Скопје 2014 се најде на ученичките месечни билети за превоз со ЈСП

Според ЈСП,  на овој начин се рекламираат знаменитостите на главниот град. Нема информации дали се планира ваква реклама и на билетите за едно и за десет возења.

Интересно е, забележуваат од Плусинфо,  тоа што на сите билети откако е воведена оваа практика, пет објекти се од познатиот проект „Скопје 2014“.