Скопје денес петти во светот по загаден воздух

Според податоците на платформата за мерење на загаденост на воздухот „Ај-кју ер“, Скопје и денес е најзагаден град во Европа и петти во светот. Утрово околу 10 часот и 31 минута, главниот град се искачи веднаш по Лахор, Делхи, Ханои и Чонгкинг.

Со индекс од 165, воздухот во Скопје влезе во категоријата на „нездрав воздух“, означена со црвена боја.

Веднаш по него, на шестото место во светот е Приштина со индекс од 160.

Принтскрин од iqair.com на 6 јануари 2025 во 10:53

Главниот град и оваа зима редовно се наоѓа меѓу светските и европски шампиони по загаденост на воздухот, според „Ај-кју ер“.

На двата протести против аерозагадувањето кои се оддржаа во декември во Скопје, беше алармирано државата да почне да превзема мерки, а не да го оддолжува решавањето на овој акутен проблем.

Здружените еколошки иницијативи и организации побараа од Владата да ја задолжи Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) да започне со прогнозирање на температурни инверзии во котлините, како и јавно да се објави регистар со правни лица и нивните локации кои се должни да поседуваат Б-интегрирана дозвола за работа, но при контрола е утврдено дека ја немаат.

Фото: Радио МОФ

Исто така, тие бараат и целосна забрана за увоз на отпад во Македонија освен отпадно железо и челик, намалување на сообраќајната инфраструктура за автомобили, забрана на увоз на стари возила, итна набавка на нови автобуси за ЈСП Скопје, измени во законите за градење, за урбано зеленило и за енергетска ефикасност.